Ќе се вратат штрковите (
српски: Вратиће се роде) е српска телевизиска серија во копродукција со „Кобрафилм“, „Адреналин“ и телевизија „Б92“.
Серијата се состои од 25 епизоди, секоја со времетраење по 45 минути. Во споредба со други српски серии, се разликува по обемот, бројот на глумци и техниката на снимање. Режијата е на Горан Гајиќ, а сценарист Никола Пејаковиќ. Автор на музиката е Саша Лошиќ (некогашниот пејач на Плави оркестар), а во серијата за првпат се направи и преседан, кога во една сцена има и хомосексуален бакнеж на актерите Влада Алексиќ и Игор Филиповиќ. Во епизодна улога ќе се појави и Мира Фурлан. Серијата е снимана на локации во Белград и селото Баранда.
Во Србија, серијата се емитуваше на телевизијата Б92 секој петок во 21:00, во Црна Гора на Тв Ин, во Хрватска се емитуваше на Нова тв, во БиХ на РТРС и ФТВ, а во Македонија на А1 телевизија, секој понеделник во 20:30.
ЌЕ СЕ ВРАТАТ ШТРКОВИТЕ - VRATICE SE RODEЗемја на потекло: СрбијаГодина на прикажување: 2007 - 2008Серијата го следи патешествието на двајцата другари Ексер и Шваба. Тие се типичен пример на пропадната генерација која излезот од сиромаштијата го гледа во нелегалниот бизнис. Во ерата на транзициона Србија, двајцата стануваат шверцери на сомнителни парфеми и очекуваат да се случи некое чудо.
Шваба има 33 години и за себе вели дека е лузер по професија. Тој живее со родителите и секој ден го мачи проблемот со големиот долг што го има кон локалниот криминалец Дуле Пацов. Единствен излез, гледа во продажбата на куќата, што неговата мајка Радмила ја наследила од некојси Тоза во селото Баранда. Заканите на Дуле ги сфаќа премногу сериозно, бидејќи тој криминалец веќе се имал пресметано со неколку должници, па Ексер не сака да си помине каков нив. Него го игра Никола Ѓуричко.
Ексер има 44 години и ја продава шверцуваната стока од Дуле Пацов. Должи пари за кирија и тој се надева дека нешто ќе му се посреќи во животот. Иако работи за Дуле, кој му се заканува на Шваба, Ексер е подготвен секогаш да го одбрани. Ексер го игра Драган Бјелогрлиќ, кој е и продуцент на серијата.
Дуле Пацов е главниот меѓу криминалците, краде стока и ја препродава по високи цени. Има листа на должници со кои сурово се пресметува доколку не му го вратат долгот со камата. Во Баранда, сака да го прошири бизнисот и да отвори луксузна кафена.
Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Никола Ѓуричко, Срѓан Тодоровиќ, Љубомир Бандовиќ, Горан Радаковиќ, Новак Библија, Сања Радишиќ