Луда куќа (англиски: Absolutely Fabulous) е британска серија напишана од Џенифер Сондерс, која и ја глуми главната улога, заедно со Џоена Ламли, Џулија Савала и Џун Витфилд. Емитувана е на BBC од 2 Ноември 1992 до 11 Март 2005. Популарен краток назив за серијата е AbFab. Во 2004, дојде на 17-то место на анкетата Најдобриот британски ситком.
Луда куќа никна од џинглот во Френч и Сондерс наречен Модерна Мајка и Ќерка, а во него глумела Џенифер Сондерс како мајката и Дон Френч како ќерката. Насловната песна се вика
This Wheel’s on Fire, напишана од Боб Дилан и Рик Данко, а интерпретирана од повеќе артисти.
Додатно, и Pet Shop Boys снимија песна за Comic Relief во 1994, користејќи извадоци од дијалозите во серијата.
И покрај тоа што главните ликови конзумираат алкохол и дрога, се неодговорни и често прават нелегални работи, серијата стекна голема популарност и верна публика, но и лоша прифатеност од некои групи. Серијата беше популарна во Британија, а и во други земји.
Хумористичната серија
Сибил е американска верзија на
Луда куќа, иако ги нема истите карактеристики.
Луда куќа има 14 номинации, но 7 награди.
Ние имавме прилика да ја гледаме на Сител телевизија.
ЛУДА КУЌА - ABSOLUTELY FABULOUSБрој на епизоди: 371. сезона - 6 епизоди
2. сезона - 6 епизоди
3. сезона - 8 епизоди
4. сезона - 7 епизоди
5. сезона - 10 епизоди
Едина Монсун и Петси Стоун се две незрели пријателки, кои се опседнати со мода, дебелина, алкохол и дрога. Сафрон, ќерката на Едина, тотално се разликува од неа. Едина и Сафи живеат во куќа во Холанд Парк, а Петси најголемиот дел од нејзиното време го поминува таму.
Серијата се врти околу упорноста на Еди да стане славна и успешна и покрај неодобрувањата на ќерка и и константното присуство на нејзината сé посенилна мајка. Однесувањето на Петси често ја вовлекува во конфликти. Голем дел од комедијата во серијата е физичка, обично кога Еди и Петси се пијани или издрогирани. Исто така, конфликтите меѓу Петси и Сафи кога станува збор за Еди се чести.
Улоги: Џенифер Сондерс, Џоена Ламли, Џулија Савала, Џун Витфилд, Џејн Хорокс