Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 ALLO, ALLO, BBC|1982-1992

Go down 
4 posters
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Empty
ПишувањеПредмет: ALLO, ALLO, BBC|1982-1992   ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 I_icon_minitimeСаб Мај 02, 2009 12:38 am

ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 68375382


Ало, Ало! (англиски: 'Allo 'Allo!) е британски ситком емитуван на BBC1 од 1982 до 1992, со вкупно 85 епизоди. Создаден е од Дејвид Крофт, кој исто така ја напишал главната музичка тема, и Џереми Лојд. Во 2004, на анкетата за најдобар британски ситком, е изгласан како 13ти. На 28 април 2007, на BBC2, беше прикажана специјална епизода со нов материјал, поради која се собраа поголем дел од се уште живите глумци, а исто така имаше и клипови од серијата и интервјуа. Кај нас, серијата беше емитувана на Сител телевизија.
Целта на серијата не беше да се исмева војната, туку филмовите и сериите кои што се направени во врска со војна, во овој случај драмата на BBC „Secret Army“ за движењата на Отпорот, која одеше од 1977 до 1979 и се базираше на активностите на отпорот во едно кафуле во Брисел, но и била извлечена инспирација од патриотските црно-бели Британски мелодрами од 1940-тите. Улогата на Рене меѓу Германците и Отпорот е пародија на Рик од Казабланка.
Претходната комедија базирана на војна на BBC беше „Dad’s Army“.
Во 2008, германската телевизија ПроЗибн ги откупи правата за емитување на Ало, Ало!, која за прв пат ќе биде емитувана во Германијa.


AЛО, АЛО - ALLO, ALLO
Број на епизоди: 85
1. сезона - 7 епизоди
2. сезона - 7 епизоди
3. сезона - 6 епизоди
4. сезона - 6 епизоди
5. сезона - 26 епизоди
6. сезона - 8 епизоди
7. сезона - 10 епизоди
8. сезона - 7 епизоди
9. сезона - 6 епизоди


Сместена за време на Втората светска војна, Ало, Ало ни ја раскажува приказната за Рене Артоа, Французин, кој има кафуле во селото Нувион. (Сцените во центарот на селото се снимани во Линфорд Хол, Норфолк). Германците го окупирале селото и украле сé што е вредно, меѓу што и сликата „Паднатата Мадона“ (оние кои ја гледале серијата, ја знаат како „Паднатата Мадона со големите цицки од Ван Кломп“). Командантот на градот решава да ја зачува сликата за него за да ја продаде по војната, и го тера Рене да ја крие во неговото кафé. И Хитлер ја сака сликата за него, па го праќа Хер Ото Флик од Гестапо во градот за да ја најде, но Флик се труди да ја зачува за себе.
Во исто време, кафéто се користи како скривалиште за двајца храбри, но збунети Британски авијатичари. Рене е натеран да работи за Отпорот, кои би го стрелале затоа што ги служи Германците во кафéто. Безбројните планови на Отпорот да ги врати авијатичарите во Англија, кои секогаш се неуспешни, се една од главните приказни во серијата. Како дел од плановите, Отпорот вградува радио во спалната на тештата на Рене. Оваа тајна направа за комуникација меѓу Лондон и Отпорот (под кодираното име „Ноќен сокол“ (Night Hawk)), е скриена под креветот, и како сигнал кога Лондон се јавува се поставени сијалици во рачките на креветот. Насловот на серијата е инспириран од поздравите на Рене кога е на радиото/телефонот. („allô“)
Рене исто така се обидува да ги скрие неговите афери со слугинките од неговата жена. И Комунистичкиот Отпор составен само од жени прави планови против Рене поради тоа што им служи на Германците и затоа што работи со Галскиот Отпор. Единствена причина за да не го убијат е таа што нивниот главен лидер е вљубен во Рене, а тој тоа мора да го крие од неговата жена и слугинките. Но, и поручникот Грубер, кој е геј, константно флертува со Рене.
Во една од пораните епизоди беше изглумена смртта на Рене, па затоа, во најголемиот дел од серијата, тој треба да се преправа како неговиот брат близнак, и да ја убеди жена му повторно да се венча со него за да си го поврати кафéто. Во меѓувреме, жена му на Рене, Едит, е барана од г-дин Алфонс, кој што има своја погребална и е растргнат помеѓу љубовта кон Едит и восхитеноста кон Рене кого смета за вистински херој на Франција.
Овие неколку приказни се главните за време на целото времетраење на серијата, низ кои се испреплетени многу замки, физички комедии и визуелни мамки, смешни акценти, многу сексуални инсинуации и др. Секоја епизода се базира на претходната, поради што мора да се види секоја епизода за да се разбере дејствието. На почетокот на секоја епизода, Рене раскажува во кратки црти што се случило претходно, често почнувајќи со „Како што се сеќавате...“.


Улоги: Горден Кеј, Кармен Силвера, Вики Мишел, Кирстен Кук, Ричард Гибсон, Џек Хег, Ким Хартман,
Сем Кели, Ричард Марнер, Гај Синер, Роуз Хил, Кенет Конор, Хилари Минстер
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Empty
ПишувањеПредмет: Re: ALLO, ALLO, BBC|1982-1992   ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 I_icon_minitimeСаб Мај 02, 2009 12:42 am

Ја гледав на Сител, па ја гледав на двд многу, многу пати, потоа ја гледав на К-15, и сега пак (кога ќе ја фатам) ја гледам на Фокс Лајф. Никогаш не ми е досаден овој британски класик.
One of a kind.
Вратете се на почетокот Go down
dijanape
Топ постер
Топ постер
dijanape


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1184
Registration date : 2008-12-21

ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Empty
ПишувањеПредмет: Re: ALLO, ALLO, BBC|1982-1992   ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 I_icon_minitimeСаб Мај 02, 2009 12:54 am

Ja гледав на Сител и незна уште колку пати да ги гледам нема да ми се досадни, премногу ми се интересни.
Вратете се на почетокот Go down
Rebellious angel
Топ постер
Топ постер
Rebellious angel


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1799
Birthday : 1989-08-22
Age : 34
Registration date : 2008-09-23

ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Empty
ПишувањеПредмет: Re: ALLO, ALLO, BBC|1982-1992   ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 I_icon_minitimeСаб Мај 02, 2009 4:36 pm

igorpp напиша:
Ја гледав на Сител, па ја гледав на двд многу, многу пати, потоа ја гледав на К-15, и сега пак (кога ќе ја фатам) ја гледам на Фокс Лајф. Никогаш не ми е досаден овој британски класик.
One of a kind.
ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 996773
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/anapetrovik89
Sponsored content





ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 Empty
ПишувањеПредмет: Re: ALLO, ALLO, BBC|1982-1992   ALLO, ALLO, BBC|1982-1992 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
ALLO, ALLO, BBC|1982-1992
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» VANESSA, Televisa|1982
» CHISPITA, Televisa|1982
» ABSOLUTELY FABULOUS, BBC|1992-2005
» MAD ABOUT YOU|1992-1999
» TOM AND JERRY: The Movie | 1992

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Прајмтајм серии :: Прајмтајм серии од други мрежи-
Отиди до: