|
| | Евровизија 2009: Москва, Русија | |
|
+11Losteech *JaNa* Trajkova gaby Burrows LucasScott iva_macedonia dijanape solange Beauty Bobi 15 posters | |
Автор | Порака |
---|
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 3:32 am | |
| Меѓусебното гласање помеѓу соседите е сосема нормална појава.Тргнувам од самиот себе,и јас би гласал за некоја држава со сличен менталитет како и нашата отколу за некоја по далечна.Но факт е дека таквото гласање и не резултира,бидејќи секоја година победува најдобриот по мислењето на целокупната европска публика. | |
| | | iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 3:34 am | |
| - Pitt напиша:
- Не би се согласил дека Евровизија е политика,бидејќи доколку е така,сигурно победата немаше да ја однесат држави кои воопшто не се фактори во европската заедница,додека па оние кои се,претежно завршуваат во долниот дел на табелата.Што се однесува до нашите овогодишни претставници,сметам дека не претставија во најдобро можно светло.Кога сме кај самиот настан (темата),имав можност да се запознаам со повеќе евровизиски изведувачи,меѓу кои и нашите претставници!Дечките се навистина пријатни!
Факторите на европската унија веќе не се заинтересирани за Евровизија и праќаат преглупи песни(добро со исклучок на оваа година) и затоа се наоѓаат на дното на табелата | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 3:39 am | |
| Не би рекол дека е така.Доколку не би биле заинтересирани,не би го практикувале веќе однапред загарантираното место во финалето. | |
| | | Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 4:02 am | |
| - Pitt напиша:
- Не би рекол дека е така.Доколку не би биле заинтересирани,не би го практикувале веќе однапред загарантираното место во финалето.
Загарантирано им е местото бидејќи тие ја создале (односно, оформиле) Евровизијата пред некои педесетина-шеесет години, а не бидејќи покажуваат некаков преголем интерес за фестивалот... Што се однесува до тоа што го кажа за блискоста на менталитетот, кај мене тоа речиси и да не пали, секогаш повеќе го преферирам квалитетот, пред се останато. Лани уште откако ја слушнав Норвешката песна на интернет знаев дека ќе победи, па дури и го фрлив гласот на неа кога беше финалето, а тоа беше првиот мој глас за песна на Евровизија по неколку години... Во секој случај се согласувам дека најчесто најдобрите песни победуваат, а не оние кои добиваат т.н. „политички“ поени. | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 4:08 am | |
| Запознаен сум со причините,благодарение на кои фамозната четвор има директен влез во финалето,но сепак доколку не е заинтересирана нема потреба да се придржува кон тоа правила.Искрено сметам дека останатите држави ги деградираат државите од оваа четворка,токму поради директниот влез на истите. | |
| | | Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 4:23 am | |
| - Pitt напиша:
- Запознаен сум со причините,благодарение на кои фамозната четвор има директен влез во финалето,но сепак доколку не е заинтересирана нема потреба да се придржува кон тоа правила.Искрено сметам дека останатите држави ги деградираат државите од оваа четворка,токму поради директниот влез на истите.
Абе дека постои некаква заинтересираност, сигурно е дека постои, ама не верувам дека е голема како и кај нас. Обично од големата четворка праќаат пејачи кои се се’ уште непознати за тамошната публика, со цел да ги пробијат на пазарот, а Евровизија за таквите анонимуси е вистински рај. Од друга страна, на Балканот, бидејќи има доста мали државички интересот е многу поголем, од едноставна причина што се работи за реномиран фестивал преку кој ако победиш ќе имаш со што да се гордееш како нација и затоа во глобала се праќаат реномирани домашни музички имиња кои веќе се пробиле и на балканската сцена, или пак евентуално само на домашната... И не е само ова проблемот. Очигледно е дека на Балканов се обрнува многу внимание за изработување на песни (композиции) за Евровизија, а потврда за тоа се и резултатите кои во последниве неколку години ги постигнуваат Србија, Турција, Босна, Грција, па и Хрватска...единствени други кои покрај нас (Балканците) се заинтересирани за фестивалот се северно Европјаните (Скандинавците и Русите) кои исто така во последниве неколку години имаа забележителни успеси (Финска прва во 2006та со Лорди, Русија во 2008ма, Норвешка во 2009та). За разлика од овие примери, очигледно е дека „елитните“ Европски композитори не се замараат премногу, а доказ за ова се и ужасните песни кои ги испраќаа... Деградирање кон големата четворка не постои, доказ за ова беше и пласманот на Британија на овогодинешниот фестивал кој беше доста солиден (4-5 место мислам освои??). Ова е според мене доволен фактор за да сфатиме дека не бил проблемот „љубомората“, туку нивната незаинтересираност... | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 4:27 am | |
| Се согласувам дека на нас би ни значела многу повеќе победата на овој,или натпреварувањата од сличен тип,за разлика од веќе развиените држави. Пред се со победа на овој фестивал,ќе постигнеме многу околу презентацијата на нашата држава и името. | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија Пон Aвг 24, 2009 4:30 am | |
| Хаха, јас мислам дека е време да ја заклучиме оваа тема, патем да направам нова за 2010, веќе имам неколку информации за почеток | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Евровизија 2009: Москва, Русија | |
| |
| | | | Евровизија 2009: Москва, Русија | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|