Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: OPEN ALL HOURS, BBC|1976-1985 Пет Фед 13, 2009 10:57 pm | |
| „Отворено нон-стоп“ е една од класиците на Би-Би-Си, ситком напишан од Рој Кларк, а реализиран во 4 сезони со вкупно 26 епизоди во периодот од 1973 до 1985 година. Во 1973 епизода беше пуштена пилот епизодата. Оваа серија во 2004 година беше рангирана на 8 место во најдобрите британски ситкоми. Алфа Телевизија ја прикажува серијата во рамките на нашата земја. ОТВОРЕНО НОН СТОП - OPEN ALL HOURSЗемја на потекло: Велика Британија Сезони: 4 Епизоди: 26
Дејствието е сместено во една продавница (мини-маркет) во Балби, предградие на Дончестер во Јужен Јокршир. Сопственикот на мини-маркетот е Аркрајт (Рони Баркер), еден средовечен беќар кој не е способен да продаде било што. Неговиот внук Гренвил (Дејвид Џејсон) постојано се жали дека неговиот живот го уништил неговиот вујко кој го присилува да станува рано за да ја отвори и да си легнува доцна за да ја затвори продавницата. За секоја грешка што Аркрајт ќе ја направи сам, тој му се дере на внукот Гренвил. Аркрајт не сака со ништо да ја модернизира продавницата и животот таму како да е застанат во некое дамнешно време… Преку пат на продавницата живее медицинската сестра Гледис (Линда Бајрон), повеќегодишната свршеница на Аркрајт. За цело време на серијата, една од главните линии е како конечно Гледис да се увери дека треба да се омажи за Аркрајт, или барем една ноќ да спие со него… Останатите редовни ликови се млекарката по која е попален Гренвил, Младата мома Мавис која никогаш незнае што да купи, госпоѓа Блуит која постојано некого озборува и госпоѓа Федрстон, вдовица која му се „фрла“ на Аркрајт зашто имале слична судбина... Улоги: Рони Беркер, Дејвид Џејсон, Линда Бајрон, Барбара Флин, Стефани Кол, Кети Штаф Официјален веб сајт. | |
|
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: OPEN ALL HOURS, BBC|1976-1985 Саб Фед 14, 2009 2:21 pm | |
| Epten e stara serijava, ama toa ne znaci deka ne e kvalitetna.Ako imam vreme bas ke poglednam. | |
|