|
| | TITANIC | 1997 | |
|
+13LucasScott AnaKarenina Игор Blair Waldroft cece dijan4e dijanape Rebellious angel Posh Girl solange Chris Bobi Beauty 17 posters | |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:14 am | |
| ’’’Титаник’’’ е американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и рекордот во најголема заработка на кино благајните во светот. Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо Ди Каприо како сиромашниот човек по име Џек Давсон кој еден ден на игра со карти ќе добие карта за трета класа за патување на бродот Титаник. И Кејт Винслет како младата девојка Роуз ДеВит Букатер која е свршена со богат маж. Набргу по запознавањето, овие двајца ќе се вљубат, но подоцна потонувањето на бродот ќе ги раздели за секогаш. Продукцијата на овој филм започна дури во 1995 година, кога Камерон успеал да ги сними оригиналните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил љубовната приказна и започнал со снимањето. Камерон изгради реконструкција на бродот за публиката да може потполно да го доживее патувањето, а за потонувањето искористи макети на бродот и компјутерски ефекти. Во тоа време, Титаник стана најскапиот снимен филм, а големата сума од приближно 200 милиони американски долари беше финансирана од продуценските куќи Paramount Pictures и 20th Century Fox. Садржај:1996, ловецот на богатства, Брок Ловет и неговиот тим ги истражуваат остатоците на потонатиот брод Титаник, и се во потрага за дијамантната орглица “Срцето на океанот”. Но во текот на првата експедиција, не успеваат да го пронајдат дијамантот туку една папка со рачно цртани портрети во која се наоѓа цртеж на млада, гола жена која ја носи споменатата огрлица, насликан точно на денот кога е потонат Титаник. Веста за пронаоѓањето на цртежот наското доаѓа и до медиумите и привлекува внимание на Роуз Калверт, 100 годишна жена, која трврди дека таа е девојката од цртежот. Таа и нејзината внука Лизи доаѓаат во посета на Брок на бродот и Роуз почнува да се присетува на патувањето кое и го променило животот. 1912, Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон “Кал” Хоклеј, заминуваат на Титаник како припадници на првата класа. Исфрустрирана поради свршувачката со Кал и неговата опсесија за непрекинато контролирање на нејзиниот живот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како вистинска љубовна, и страствена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и и забранува да се гледа со него. Напоредно, Џек и Роуз се наоѓаат, и тој и вели дека чуствува нешто кон неа, на што таа се преплашува, бидејќи е свршена за друг човек, и го одбива Џек. Но сепак, Роуз подоцна му го понудува своето срце на Џек, отварајќи пат на забранета романса. Џек ја замолува Роуз да ја наслика на двосед, носејќи го на себе само скапоцената огрлица “Срцето на океанот”. Слугата на Кал, Спајсер Ловеј започнува да ги брка Џек и Роуз, но тие успеваат да избегаат и се упатуваат кон паркингот за автомобили на бродот, каде во еден автомобил водат љубов. Роуз одлучува дека после што бродот ќе исплива во пристаништето во Њујорк, ќе побегне со него. Но набргу потоа, бродот се судира со голема санта мраз. Кал во меѓувреме го открива цртежот на Роуз, и се заколнува дека ќе му се одмазди на Џек, така што го остава накитот во капутот на Џек, додека овој не обрнува внимание. Џек ќе биде однесен во кабината во која бродскиот полицаец го носи во ќелија, и го остава со Спајсер. Неодлучната Роуз најпосле го напушта Кал, и одбива да влезе во чамецот за спасување со Рут, и заминува да го спаси Џек. Роуз успева да го пронајде Џек, и го спасува од ќелијата, и тие двајца заминуваат на палубата на бродот. Но, октриваат дека екипата на бродот не пушта луѓе од третата класа на палубата се додека прво не ги спасат луѓето од првата и втората класа. Џек во бес ја крши вратата, и така тој, Роуз и уште неколку луѓе успеваат да побегнат. Кал и Џек успеваат да ја довлечат Роуз во чамецот за спасување, но бидејќи сфаќа дека може да го изгуби Џек, таа излегува од чамецот и го сретнува Џек покрај скалите за првата класа. Бесен, Кал го зема пиштолот на Ловеј и ги грабнува Џек и Роуз во просториите во бродот. После што му исчезнува муниција, Кал им поскаува смрт на Џек и Роуз, и набргу сфаќа дека го оставил накитот во својот капут, кој го носи Роуз. Кал оди на палубата и дознава дека има само уште два чамци за спасување, и зема едно расплакано дете кое го пронашол на палубата, и влегува во еден од чамците. Роуз и Џек сфаќаат дека чамците за спасување веќе ги нема, и одлучуваат да останат во бродот се додека не потони. Напоредно, бродот се препловува на половина, и почнува последната битка, во која бродот и сите останати на него, потонуваат во ледено ладната вода на океанот. Џек и Роуз се разделуваат во моментот на потонувањето на другата половина на бродот, но успеваат да се сретнаат. Околу нив, илјадници луѓе замрзнати умираат од мраз...Дали Роуз и Џек ќе преживеат?
Последната промена е направена од Beauty на Нед Фед 08, 2009 2:28 am. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:24 am | |
| Дани, си можела да најдеш постер од филмов, има на сите Википедии, а не вакви дебилни слики, и насловот на филмот на темата нека биде со Прва голема натака мали букви Инаку легендарно преубав филм, еден од најубавите на сите времиња | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:31 am | |
| Е што беше толку лоша и дебилна претходната слика, мене ми беше интересна, али еве ја сменив, оваа каква е? Сите слики што ги најдов ми се глупи, само со двајцава беа повеќето За мене ова ќе остане најубавиот филм на сите времиња, и јас бев една од милионите во светов кои плачеа на филмов, никогаш нема да ја преболам смртта на Џек, не ни мислев дека ќе умре во филмот Според мене, треба серија за овој филм! Малце е приказната за Титаник да се претстваи на филмското платно, има многу стории на бродот, не смао Роуз и Џек | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:34 am | |
| Леле најубав филм кој ги задоволува сите вкусови, едноставно ми трепереше душава додека го гледав затоа што знаев дека е вистинска приказна, серија за него не треба! | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:36 am | |
| - Beauty напиша:
- Е што беше толку лоша и дебилна претходната слика, мене ми беше интересна, али еве ја сменив, оваа каква е? Сите слики што ги најдов ми се глупи, само со двајцава беа повеќето
За мене ова ќе остане најубавиот филм на сите времиња, и јас бев една од милионите во светов кои плачеа на филмов, никогаш нема да ја преболам смртта на Џек, не ни мислев дека ќе умре во филмот Според мене, треба серија за овој филм! Малце е приказната за Титаник да се претстваи на филмското платно, има многу стории на бродот, не смао Роуз и Џек Ќе ја сменам повторно, потенцирам, кога ставаме теми за филмови, ќе ставаш само филмски постери, затоа сега не чепкај ќе ја сменам сликата. И според мене предебилно е тоа да има серија, ќе го рушат делото на Џејмс Камерон, како на пример Карла што сакаше да прави лани или преклани, подебилно од тоа немав слушнато | |
| | | solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 3:03 am | |
| Eden od najdobrite filmovi | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 2:00 pm | |
| Најубав филм со најубава приказна!
П.С. Мислам дека не е во ред да викате дека сликите на Дани се дебилни! Барем се потрудило девојчето да најде, а ако не треба такви да бидат, вие можете со убаво да ја предупредите... |
| | | Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Фед 08, 2009 8:24 pm | |
| Da, nemojte da i vikate taka na Dani!!! Samoto toa sto filmcevo dobi tolku oskari kazuva se. Leoanrdo Di Caprio i Kate Winslet . | |
| | | Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| | | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Вто Мар 10, 2009 3:31 am | |
| - Chris напиша:
- Леле најубав филм кој ги задоволува сите вкусови, едноставно ми трепереше душава додека го гледав затоа што знаев дека е вистинска приказна, серија за него не треба!
| |
| | | dijan4e Член
Број на мислења : 249 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Нед Мар 15, 2009 2:17 am | |
| - stefan2 напиша:
- Eden od najdobrite filmovi
секогаш кога го гледам плачам | |
| | | cece Нов Член
Број на мислења : 4 Registration date : 2009-01-23
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Пон Мар 16, 2009 6:17 pm | |
| Извинете ај ако сакате да ставете линк за симнување на филмот титаник | |
| | | dijan4e Член
Број на мислења : 249 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Пон Мар 16, 2009 6:42 pm | |
| | |
| | | dijan4e Член
Број на мислења : 249 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Пон Мар 16, 2009 7:03 pm | |
| - cece напиша:
- FALA DIJAN4E
np | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Пет Окт 16, 2009 9:24 pm | |
| е како да инсталирам превод да има на филмот :) | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 12:46 am | |
| Совршениот филм и најубавата приказна било кога раскажана. Невидени емоции како на ниеден друг филм додека го гледаш, приказна од која ти запира здивот и потресни трагедии со кои сочувствуваш. Сега го гледав цел на А1, го имам многу пати гледано, за мене ова е најдобриот филм. Леонардо Ди Каприо, Кети Бејтс, ве обожавам. Нема зборови, по филмот емоцијата е таа која кажува СЕ' | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| | | | Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 12:53 am | |
| Јас всушност сфатив дека од пола натаму сум го гледал шарлатански... Секоја сцена ми беше позната. =)) Но првиот дел не, првпат го гледав.
Како и да е, одличен филм. Прекрасна љубовна приказна така направена да го допре и оној што тешко се растажува. Музиката е, се разбира, без коментар. Феноменална. Глумата и ефектите исто така. Застрашувачки реално, самиот да го почувствуваш тој страв, студ, беспомош...
Неверојатно добро. Чиста 10. | |
| | | AnaKarenina Нов Член
Број на мислења : 38 Registration date : 2009-08-03
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 12:53 am | |
| Многу беше убава последната сцена- Роуз сонуваше и сите беа живи. Секогаш плачам на оваа сцена. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 12:56 am | |
| Тука секако. 3 ипол саати не мрднав од пред телевизор, ме изнервираа малце рекламите на А1 кои одеа на пола саат точно, али нема врска. Филмот е тој што беше во преден план. Ептен бев мала кога одеше филмот во кината во Скопје, па тогаш и воопшто не го доживував потресно. Денес во целост го изгледав за прв пат, првата половина изгледа никогаш и да не сум ја гледала. Бесмртна класика и најпотресната приказна, страшно феноменално. Јас не познавам друг филм кој може секого да го освои како што тоа го прави овој филм, таква возбуда додека бегаа, додека се спасуваа, таква трагедија, неверојатно | |
| | | Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 1:03 am | |
| Најтажен момент ми беше на крајот кога Роуз кажа дека од Џек нема никаква слика, никаков спомен... Од него нема ништо на светов, останува само во нејзините спомени...
Секогаш ме растажуваат и замислуваат такви искази. :( Добра мотивација да оставиш некоја трага дека некогаш си постоел, зашто во спротивно, откако ќе умреш, ќе биде исто како никогаш да не си се родил. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 1:07 am | |
| Да, многу беше жална вистинската Роуз, ептен остарена | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 1:08 am | |
| Комбинација на љубовна приказна, со доза на морбидност и застрашувачка реалност. Чинам дека нема личност која не покажала емоции на филмов или не почуствувала страв и да се запраша што би било кога мене би ми се случило ова(зборувам за ситуацијата кога тоне бродот). Секогаш кога го гледам филмов ми се вртат илјадници прашања во глава, што би било полошо да си на самиот брод кој те носи во смртта или да си во спасувачките чамци и одблиску да го гледаш сиот тој терор, до тебе да допираат сите тие крици на беспомошност, а истовремено некоја твоја драга личност да е меѓу толпата. Морбидно. Филмов е класика која вечно ќе живее. Генијално дело! | |
| | | Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 1:11 am | |
| Кажавте се што сакав да кажам, одличен филм, го вбројувам меѓу петте најдобри американски досега снимени... И да, дефинитивно последната сцена беше најемотивна, барем за мене... | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 Саб Окт 17, 2009 1:15 am | |
| Милионите прашања си ги поставував и кога потона нашиот Титаник во Охридско, исто и додека го гледав филмов. Преморбидно и застрашувачки. Не постои непотонлив брод, според мене најболната смрт е оваа, најјезиви ми се водните несреќи кога ќе помислам на смртта. Не ми се веруваше кога кја видов омилената Кети Бејтс меѓу ликовите, одличен лик. Малку се зборови за ова бесмртно дело, емоциите се најбитни, кај сите ги има, сите го доживуваат филмов како совршенство. А за најемотивна сцена, која многу ме болеше беше кога првиот пат Роуз ја пикнаа во чамците, чамецот се спушташе а она и Џек се гледаа. На крјаот на филмот, песната на Дион во одјавната шпица Бидејќи првиот дел од филмов прв пат и го гледам, верувале или не, многу ме потсети на Тера Ностра, и јас сметам дека треба да се направи една совршена серија за Титаник, не гледма ништо страшно во тоа, туку гледам многу интересна ствар со повеќе приказни, со потемелни работи итн. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: TITANIC | 1997 | |
| |
| | | | TITANIC | 1997 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|