Slumdog Millionaire - Милионер од гетото Режисер: Дени Бојл Главни улоги: Дев Пател, Мадур Митал, Фрида Пинто, Анил Капор Премиера: 26 декември 2008 Буџет: $15 million Бруто добивка: $87,136,112 Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=AIzbwV7on6Q
Синопсис:
Во центарот на приказната е осумнаесетгодишниот Џамал Малик, сираче од улиците на Мумбаи, кој се пријавува на квизот "Кој сака да биде милионер" само за да и ја докаже својата љубов на девојката која ја љуби, а со тоа ќе го доживее и најголемиот успех во својот живот. Во мигот кога целата нација го гледа, тој е на прашањето чиј точен одговор може да му донесе награда од 20 милиони рупии во индиското издание на квизот "Кој сака да биде милионер". Но откако ќе се изгаснат камерите, полицијата го апси и го обвинува дека мамел. Едноставно никој не верува како може дете од улицата да има толкаво знаење. Решен да докаже дека не е виновен, Џамал ја раскажува својата животна приказна. Тој раскажува како со брат му се снаоѓале на улица, се бореле со локални банди и зборува за девојката што ја сакал, но ја загубил. А секое поглавје од неговата животна приказна е одговор на прашање во квизот. По ова, му останува да се врати и да одговори и на последното прашање.
Последната промена е направена од Bobi на Пон Јун 15, 2009 11:57 am. Мислењето е променето 1 пати
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Wow доста ме заинтересира филмов , го гледал некој од тука? баш ме интересира што ке направи со последното прашање
Како прво она што морам да ти го кажам за филмот е да тркниш и да го земиш или симниш од интернет. Веќе е на листата на ТОП 30 најдобри спрема ИМДБ на сите времиња, што е навистина нешто. 11 номинации за Оскар исто така нешто зборуваат, сепак за мене овој и Бенџамин Батон се главните фаворити за овогодинешните Оскари.
Предобро ремек дело, со одлична глума и фантастична музика... не можам повеќе да зборувам, откако ќе го изгледаш филмот едноставно секој се става под размислување, нешто неверојатно. А за последното прашање (не е финтата на филмот баш во тоа, финтата е како сите прашања на Милионер имале врска во неговото минато). Едноставно неверојатно.
А за музиката, дефинитивно добива Оскар, патем еве ја песната што ја пуштаат на крајот од филмот, номинирана е за Оскар, а се надевам дека на сцената во Кодак Театарот тоа ќе биде легендарно направено:
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Си го гледал а, нема да одам до дивидитека да купам филм едноставно немам таква навика, а за download тоа сигурно, ептен ме заинтересира... леле не знам што попрво да симнам дали некоја епизода или ова
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Си го гледал а, нема да одам до дивидитека да купам филм едноставно немам таква навика, а за download тоа сигурно, ептен ме заинтересира... леле не знам што попрво да симнам дали некоја епизода или ова
Јас ти предлагам ова, епизодите не ти бегат, а добро е да имаш изгледано некој филм кои се номинирани за Оскар и да го гледаш со задоволство. Јас пола и повеќе ги изгледав, и сега ми е многу убави, си имам свои фаворити
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Штета што немам таква навика пред Оскарите да ги изгледам номинираните, знам дека така би ми било поинтересно ама ете послабо седнувам на компјутер игран филм да гледам
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21