|
| | Калиопи | |
|
+12Pitt viktorija expert iva_macedonia dijanape Losteech Burrows Bobi *JaNa* Chris Beauty solange 16 posters | |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: Калиопи Саб Окт 30, 2010 6:07 pm | |
| Интервју со Калиопи од вчера. Денес е концертот и кажува за концертот Гостин во вестите на А1 Телевизија е Калиопи која по балканската турнеја, утре се спрема за спектакуларен концерт на Плоштадот во Скопје. Малку турбо овој период? - Па можам да кажам навистина е напорен периодов, но исполнителен и дефинитивно го работам она што најмногу го сакам, така да не смеам да се жалам. Дали си подготвена да се соочиш со македонската публика? - Пелтечам во моментов, затоа што сум страшно возбудена и додека доаѓав наваму си велам, зарем е возможно дури по триесет години искуство да ја почувствува човек токму таа стара трема, вистинска возбуда, но мислам дека утре е голем ден и големо случување и со нетрпение очекувам. Промоција на најновиот албум, тоа е веќе кажувано по медиумите, по емисиите. Македонската нација важи за најмузикална, тоа секогаш го кажуваме и другите го кажуваат тоа за нас, но некако меѓународните признанија и награди на нашите музичари изостануваат. Што треба да се смени на македонската сцена? - Мислам дека треба повеќе да се фокусираме на она што во суштина ние сме и ни е предодредено од бога да бидеме. Ние сме како што кажавме талентирана нација, тоа го гледам и со музичкиот Идол. Тоа е посебен момент да се види колку има млади луѓе талентирани, но она што е најбитната работа е самопочитта. Ние се уште недоволно си ги почитуваме своите вредности и тука единствена сила е народот, кој што го има првиот збор и токму заради нив ја посветувам оваа промоција, затоа што нема званични покани, нема ВИП ложи, кој сака, секој е добредојден. Ги повикувам сите мои колеги, луѓе од бизнис светот, од политичкиот свет, дојдете мешајте се во народот и уживајте утре. Бесплатниот концерт на Плоштадот е по углед на најголемите звезди, дали сметаш дека денес во ова партизирано општество, пејачите успеваат да се издигнат над политичарите. - Јас имам едно златно правило, за кое што секогаш велам музиката треба да им се остави на музичарите, политиката на политичарите, не сметам дека е убаво кога се вмешуваат во сферите што не им се дадено и токму поради тоа мислам дека опстанав триесет години на оваа сцена и еве нови генерации доаѓаат, и тие се мои фанови, што е најголемото признание. | |
| | | Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: Калиопи Саб Окт 30, 2010 6:19 pm | |
| Калиопи гледам станала заштитно лице на А1... Тоа значи дека гледачите на А1 во наредниов период нема да можат да здивнат од неа... | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: Калиопи Саб Окт 30, 2010 6:41 pm | |
| Цело време има реклами за концертот, во Ексклузив за неа се зборува. Истото и за Елена го правеше А1. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Калиопи Саб Окт 30, 2010 8:35 pm | |
| | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: Калиопи Саб Окт 30, 2010 10:13 pm | |
| На концертот на Калиопи во 20 часот имаше околу стотина луѓе од тоа што го видов на Телекабел каналот (таму даваат во живо од Плоштад). Можеби се наполнило, не знам. | |
| | | igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
| Предмет: Re: Калиопи Нед Окт 31, 2010 9:00 pm | |
| Како си поминаа тие шо беа на концерт? Дајте луѓе малку импресиии... А инаку за соработката со А1 имајќи предвид кои пејачи соработуваат со таа телевизија, она е најфраерка и ќе биде главна секако | |
| | | igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
| Предмет: Re: Калиопи Вто Ное 02, 2010 12:07 am | |
| Се изначитав и изнаслушав само убави импресии од концертот на Калиопи на плоштад, криво ми е што не бев | |
| | | emu6 Член
Zodiac : Број на мислења : 287 Birthday : 1996-04-15 Age : 28 Location : Битола Registration date : 2010-02-03
| Предмет: Re: Калиопи Пет Ное 05, 2010 1:46 pm | |
| ја не бев | |
| | | Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
| Предмет: Re: Калиопи Пет Ное 05, 2010 4:45 pm | |
| ПОП-ЅВЕЗДАТА КАЛИОПИ ДЕМАНТИРА ДЕКА НЕ Е СО ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ
Не се разведувам
Нашиот заеднички живот со Васил се темели на љубов и почит, посакуваме и дете, сè уште...
"Не се разведувам. Слушнав муабети дека не сме повеќе со Васил. Но за голема среќа нашата работа и преокупираност со вистинските животни вредности не ни дозволува да бидеме жртви на малограѓанштината. Имав многу обврски околу концертот во Скопје, а сега и со концертот во Торонто, Канада, а исто и Васил е посветен на своите професионални обврски, па така немаме време да се оптоваруваме со празни муабети, ни изјави поп-ѕвездата пред заминувањето во Канада и настапот во театарот Роуз, како прв солистички концерт за нашата дијаспора. Калиопи е шест години во брак со актерот Васил Зафирчев и често пати биле мета на озборувања, најмногу поради разликата од тринаесет години. Но, Калиопи вели дека и по сите овие години поминати заедно, речиси ништо не е променето. "Само ќе порачам дека нашиот живот е само наш, дури и тогаш кога постојат несогласувањата! Бидејќи ниту една врска во животот не се состои само од мед и млеко... Веројатно и да се случи да се разделиме, ние и понатаму многу би се сакале. Но сега засега на повидок нема ништо од такво нешто. Нашиот заеднички живот се темели на љубов и почит, посакуваме и дете, сè уште. Но не по цена таа желба да ни стане оптоварување, па што ќе ни донесе утрешниот ден, тоа ќе биде, вели поп-пејачката. За својот син Пако кој што остана да живее во Швајцарија заедно со својот татко, првиот сопруг на Калиопи, музичарот Ромео, вели дека е мирна, бидејќи знае дека нејзиното дете е во сигурни раце. "Го живеам животот и се справувам со него, бидејќи знам дека секогаш постојат судбини потешки и од мојата. Но мирна сум затоа што знам дека Пако е во сигурни раце и покрај неговиот татко кој што многу го сака и му овозможува добар живот. Тој е веќе возрасен човек и го има правото да говори за себе пред јавноста, доколку го сака тоа. Не би зборувала за тоа зошто и колку време не сум се видела со него, бидејќи за мене времето е непостоечка категорија. И додека моето дете е далеку од мене, јас ја имам привилегијата илјадници туѓи деца да ми го греат срцето. Кога ги видов мајките и татковците со своите деца на неодамнешниот концерт на плоштадот Македонија во Скопје како стојат на студот и ми ја пејат 'Месечина' во еден глас, беспрекорно и емотивно, сфатив дека тоа се моменти кога човек треба да се радува, а не да тагува! Истите оние душебрижници кои што ме разведоа, таа моја емотивност ми ја толкуваа како патетика, поради неможноста да разберат, но ќе кажам дека моите солзи на концертот беа солзи радосници, ни изјави Калиопи. Во својата 25 годишна кариера, Калиопи има снимено 11 албуми. Најновиот албум "Порака", кој го промовиораше на бесплатен концерт во Скопје е петто по ред студиско цеде албум и има 11 песни. ИЗВОР:ВЕСТ
| |
| | | Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
| Предмет: Re: Калиопи Саб Ное 06, 2010 7:36 am | |
| Секоја чест на Калиопи за ваков концерт. Каков вокал,каква интересна конверзација со публиката. Тука она не беше ѕвезда,туку беше како дома. Срдечно делеше прегратки и бакнежи на сите кои и се доближија. Искрено поделени комплименти од нејзина страна кон нас публиката. Прекрасно помината вечер. Неописливо е чуството кога ке се слушне нешто свое во туѓина | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: Калиопи Саб Ное 06, 2010 4:25 pm | |
| Дали на концертот доаѓаат и луѓе кои не се Македонци, чисто ме интересира? Како ги примија новите нејзини песни во Канада или се прима било што, само да е македонско? | |
| | | igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
| Предмет: Re: Калиопи Саб Ное 06, 2010 4:31 pm | |
| Јас мислам дека повеќето што идат на такви забави ако не и сите се Македонци | |
| | | Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
| Предмет: Re: Калиопи Саб Ное 06, 2010 7:07 pm | |
| - Beauty напиша:
- Дали на концертот доаѓаат и луѓе кои не се Македонци, чисто ме интересира?
Како ги примија новите нејзини песни во Канада или се прима било што, само да е македонско? Имаше и канагани и баш за нив ја испеа Hallelujah Одлично публиката ги прими новите песни,и некои млади што се ги знаеа више и ги пееа со неа,и навистина беше прекрасна атмосфера низ цел настан. А за тоа било што само македонско да е,не пали више во Торонто затоа што име многу македонски активности и настани што допринесуваат да се ублажи носталгијата за Македонија. | |
| | | igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
| Предмет: Re: Калиопи Нед Ное 07, 2010 4:56 am | |
| Еве сега и официјално тоа што ви го зборев дека ќе пее на ревијалниот дел на МАРС фестивалот
Калиопи ќе пее на МАРС
По концертот кој со својот бенд го одржа во Rose Theatre Brampton, Торонто, Канада (на 5-ти ноември), поп-дивата Калиопи најавува серија настапи на престижните манифестации во регионот, на кои ќе ги промовира песните од актуелниот албум Порака.
Еве за што станува збор...
На 11-ти и на 19-ти ноември Калиопи ќе пее во Сараево/ Босна и Херцеговина, и тоа на БХ музички Оскар во Скендерија и на БХ Радиски фестивал.
На 25-ти ноември е пред домашната публика, бидејќи ја очекува настап на Македонски Радиски Фестивал - МАРС, во Универзална сала во Скопје. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Калиопи | |
| |
| | | | Калиопи | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|