Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: O PROFETA, Rede Globo|2006/7 Пон Јан 05, 2009 10:38 pm | |
| Пророк е романтична историска бразилска теленовела, сместена во 1970те години. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2006 година, со 178 епизоди . Првата епизода имала гледаност од 36%, а последната од 48%. Серијата е создадена од Валсир Караско (Сродна душа, Бибер и чоколадо). O Profeta - ПророкБрој на епизоди: 178 Земја на потекло: Бразил Година на прикажување: 2006/7 Синопсис:Маркос пораснал со мистерозен дар – може да ја предвиди иднината и може да гледа во минатото. Тој ја напуштил куќата на своите родители, Ана и Жакоа, после што ја предвидил смртта на својот брат Лукас, и бидејќи не успеал, заминал да живее во Сао Паоло со сестрата Естера и внуката Бејби. После што ја запознава Соња, предвидува како таа е жената од неговиот живот. Соња е единствена ќерка на Пирагибе, кој во минатото имал романса со Хилда, во школото во која Естер работи и никогаш не престанал да мисли на неа. Но, Хилда морала да се бори за неговата љубов со Теодора, гувернертка во куќата на Естер, која исто така била заљубена во Пирагибе. Пирагибе е газда на пансион во кои живеа тимидните Арналдо и Тереса, која сонува за венчавка со Енрике, бившиот маж на Естер. Освен тоа, Маркос не знае дека Соња е девојка на неговиот братучед Камило, амбициозно момче, кое работи во фабриката за кристали Ауреа, која је во сопствеништво на Кловис, водев кој одржава тајна врска со Рут. Таа е ќерка на амбициозната Лиа, газдарица на салон за убавина. Рут живее карајќи се со нејзиниот брат бунтовник Тони, и сестрата Карола, професорка со добар карактер и добро срце. Карола на прв поглед се заљубува во Маркос, и бидејќи не знаела како да постапи, побарала помош од гатачката Мадам Руби, која ги лаже своите клиенти заедно со нејзината ќерка Жизел, само како би ја издржувале својата фамилија. Руби е пријателка на рибарот Таиње, кој е заљубен во нејзината ќерќа. Наскоро, пред Маркос ќе се постави мисла ... дали со својот дар ќе им помогне на луѓето во потрага на својата иднина или ќе се приклони на страната на која Маркос сака да нарпави профитабилност само за материјалните работи? | |
|