Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: A ESCRAVA ISAURA, Rede Record|2004/5 Пон Дек 29, 2008 1:08 am | |
| A Escrava Isaura - Робинката Исаура Број на епизоди: 167 Земја на потекло: Бразил Година на прикажување: 2004/5
Синопсис:Оваа мелодрама се фокусира на конфликтите на преубавата робинка со светла кожа, Исаура и нејзиниот злобен господар Леонсио, во Бразил, 1875 год. Хероината е 20 годишна ќерка од татко белец и мајка мулатка. Родена е и пораснала на плантажите за кафе на капетанот Алмеида во селото Гоитакацес. Кога Жулијана, мајката на Исаура, умира набргу после нејзиното раѓање, Гертрудес, жената на капетанот го одгледува детето како вистинска ќерка, и дава образование и фини манири. Исаура исто така е побожна, често се моли, и често носи истакнат крст околу вратот. Нејзиниот татко, слободен работник, непрекинато моли за слобода на девојчето и праќа понуда за понуда да ја откупу од капетанот. И покрај ветувањата дека еден ден ќе биде слободна, секоја понуда е одбиена. Исаура станува робинка поради тоа што е ќерка на робинка, и слободата и се чини секогаш како невозможна. Кога капетанот ја сфаќа својата грешка, прекасно е. Во 1854 година, додека Исаура била девојче, лицемерниот син на капетанот, Леонсио се враќа на плантажата после што направил огромни долгови. Се жени со Малвина, ќерката на пуковникот Себастијао. И покрај тоа што во бракот со друга жена, чувствува желба за Исаура и одлучува таа да му стане љубовница. Капетанот и Гертруда ја штитат Исаура од Леонсио некое време, но и двајцата се се разболуваат и умираат пред да ја ослободат. Слатката девојка завршува во милост на опсесивниот, злобен маж, борејќи се да го задржи достоинството и чесноста. Додека Исаура очајнички се бори да ги одржи соновите живи, за прв пат ја открива и вистинската љубов. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: A ESCRAVA ISAURA, Rede Record|2004/5 Пон Дек 29, 2008 8:44 pm | |
| Оваа серија А1 рекоа дека ќе ја даваат во тогашно списание едно ЛА НОВА мислам се викаше, маја Крстиќ имаше напишано дека серијава наскоро ќе оди на А1 телевизија јас видов нешто во Охрид се даваше, али не обрнав многу внимание, немаше ниеден познат лик | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: A ESCRAVA ISAURA, Rede Record|2004/5 Пон Дек 29, 2008 9:03 pm | |
| Како може во Охрид да се давала, а никаде на друга локална?! Оригиналната верзија одеше на МТВ1 во 89' / 90' всушност тоа е и првата верзија на оваа новела и првата новела кај нас емитувана од Глобо, а ова е римејкот на Реде Рекорд. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: A ESCRAVA ISAURA, Rede Record|2004/5 Пон Дек 29, 2008 9:09 pm | |
| Оваа верзија одеше, али на албанска охридска телевизија, така нешто, или струшка локална | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: A ESCRAVA ISAURA, Rede Record|2004/5 | |
| |
|