|
| | DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 | |
| | Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Aвг 11, 2008 8:22 pm | |
| Duas Caras - Двојно лице Земја на потекло: Бразил Година: 2007 Епизоди: 150
Адалберто Рангел се родил наречен Жувеналдо во една покраина во близина на Пернамбуко. Потребата да прехрани големо семејство, го натерало неговиот татко уште како мал да го продаде на Херможенес. Тој го прекрстил во Адалберто и го научил како да ги измамува луѓето. По много години, Адалберто, веќе маж, е присутен на една ужасна несреќа. Откако ќе види еден мртов брачен пар, наоѓа многу долари до нив, документи и слика од една девојка, Марија Паула, веројатно ќерка на парот, наследничка на големо богатство. Во тој момент, Адалберто се решава да го направи неговиот најголем потег. Во малиот град Пасаредо, Марија Паула ја прима веста за смртта на нејзините родители од страна на Адалберто. Очајна од тага, таа единствено наоѓа утеха во заводникот Адалберто. Наивна и изгубена, Марија Паула ја прифаќа грижата на овој човек, и покрај тоа што сите се сомневаат во него. За кратко време, таа му се предава, и на крај се венчаваат. Мислејќи дека ќе формира семејство, Марија Паула горчливо се изненадува: Адалберто и го украл целото богатство. Таа сака да го најде и да му се одмазди, заедно со нејзиниот син, кој Адалберто не ни стигна да го запознае. Тогаш, Марија Паула оди во Сао Пауло, каде што почнува една нова етапа; таа се претвора во силна и борбена жена. Адалберто, сега милионер, оди во Рио де Жанеиро каде што купува фабрика и се претвора во почитуван граѓанин. За тоа, тој го остава зад себе своето минато и повторно го менува своето име, а овој пат, и неговото лице – не може да ризикува некој да го препознае. По неколку хируршки зафати, со комплетно променето лице, се појавува новиот идентитет: Маркони Ферасо.
Последната промена е направена од Bobi на Сре Фед 04, 2009 8:14 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Сре Aвг 13, 2008 12:34 pm | |
| Е ова многу сакам да го гледам... Камо некоја телевизија да ја купи. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Саб Aвг 16, 2008 4:23 pm | |
| промото го гледав , ми се допаѓе, али во споредба со останатите прома на други нови серии од БРАЗИЛ, оваа и не ми е некако фаворит!!! најмногу што ме нервира во бразислките серии е што некогаш се запоставуваат главните ликови , и има многу споредни ликови чии приказни и не се ни поврзани со главната приказна!!!! | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Вто Окт 14, 2008 12:52 am | |
| Ја гледав првата епизода, ама некако не ја разбрав, ептен тешко се разбираше, можда не сум следал болје сепак и португалски е ова, но едноставно немам некое привлекување од страна на серијава, но сепак нека дојде кај нас па ќе има турбо гледање | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Вто Окт 14, 2008 2:16 am | |
| Не знам зошто ама оваа серија најмалку ме привлекува од сите Глобови | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Чет Окт 16, 2008 10:49 pm | |
| | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Јан 05, 2009 1:57 pm | |
| | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Мај 10, 2010 6:39 pm | |
| Како и што ветив, по Фаворита, почнав со Две Лица. Ги изгледав првите две епизоди, и за сега ми е малку еднолична серијава, нема некоја акција, како во претходната, но да не судам од почетокот. Малку приказната околку Марија Паула и Адалберто, нивната средба и запознавање ми беше пренаивно и пребрзо. Она девојка со високи принципи, наивна и невина (потенцирам), во рок од само два дена се заљуби, спиеше со странец и побегна од дома со истиот. Мислам, патетика како што нема но во Телевиса. Приказната околу Жувенал исто за сега ми е здодевна и малку обработена. За сега единствена одлична како и секогаш, маестралната Сузана Виера. Секогоаш милувам да ја гледам, особено како неагтивка! Во глобала, многу слаб почеток (што не мора да значи дека и понатаму ќе останам на истото мислење). | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Мај 10, 2010 9:06 pm | |
| Јовица продолжи серијата, имам слушнато доста позитивни коментари сигурно станува закон | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Мај 10, 2010 9:57 pm | |
| Хахаха, која контрадикторност од мојот прв пост пред неколку часа Изгледав уште три епизоди и веќе полека се навлекувам на серијата. Се исподесија мал милион дешавки, Адалберто ја напушти Марија Паула и замина на клиника да си го промени ликот (и идентитетот). Сцената кога Марија П. се буди во кревет а Ферас не е до неа, беше прежална. Потоа кога виде дека и ги нема парите и накитот од мајка и, па кога и на крај дојде новата сопственичка на куќата, беше крај . Жувенал малку ме иритира како лик, премногу копија на Мартир Лутер Кинг и Мојсеј, во едно. Како и да е, од епизода во епизода е се подобра. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Сре Мај 12, 2010 9:46 pm | |
| Изгледана десета епизода ...и полека се заљубувам во серијава. Одлична, мистериозна, напната...Чиста десетка за сега, а кога ќе се сетам колку не ми се допаднаа првите две епизоди , остатокот е полн погодок. Дејствието се движи доста брзо, веќе на крајот на осмата епизода поминува оној тек од 10 години и започнува т.н втора фаза, каде што (како и што очекував) сме бонбардирани од милион ликови (особено жителите на Порталиња). Засега немам некој омилен лик, горе-долу сеуште и ги запознавам, но подеднакво уживам во истите. Нема некои напорни ликови, дури и оние од фавелата ми се интересни. Марија Паула некако и да ја нема во последниве епизоди, за неа знаеме само дека се пресели во Сао Паоло, роди син и работи во маркет. Од сцената кога за малку ќе се сретнеше со Ферасо (Адалберто) речиси и не е застапена. За Ферасо знаеме многу малку одкако минаа годините, ОК, видовме како се збогати, но како му се мултиплирало богатството сеуште е Х прашање. Убава беше првата средба на Еливасио и Жулија, (патем Дебора Фалабела има слична улога како во Клон). Она доаѓа во Порталиња, ќе и се расипе автомобилот и ете го Еливасио, таков црн и страшен, пустата помисли дека ќе ја силува , а он секако само и ја поправи колата и ја остави шокирана. Жувенал прилично ми е иритантен изигрувајки Бог на фавелата. ОК, тој ја создаде, народот му е благодарен, но клањање како пред Ала, c'mon, па уште и во 21 век. Дефинитивно незаборавна и најдобра сцена до сега, убиството на Жука! Јас бев шокиран, посебно што очекував да умре Селија Мара. Ситуацијата; двајцата се во циркус, кога некој деликвенти, пијани и надрогирани, од врвот на соседната зграда несакајки ќе истрелаат рафали кон циркусот и еден куршум ќе заврши во телото на Жука. Генијална сцена! Тотално реална ситуација, без грам драматизирање. Duas Caras Продолжувам да гледам, веднаш! | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Нед Јун 27, 2010 8:52 pm | |
| Оддамна немам фрлено пост во темава, но тоа не значи дека престанав да ја гледам. Малку поретко ја гледам, за разлика од Фаворита која ми беше фул интересна и одвај чекав нова епизода. Во последниве 20 -тина епизоди дејствието буквално стои во место. Ова е серија во која тврдам дека главната актерка е најспореден лик во истата. Навистина. Дури и некои небитни жители на Порталиња имаа повеќе реплики од Марија Паула. Хероина која во триесет епизоди имаше одвај дузина битна дешавки. Најчесто ја покажуваат како работи во супермаркетот. Досаааадно ... Жулија и Евиласио од кога се запознаа тапкаат во место. Се сакаат не се сакаат, им оди не им оди... Силвија најпосле се врати во Рио Нејзината појава ветува подигнување на напнатост, мада да признам некако и не ја гледам како некоја негативка како што читав дека ќе биде. Силвија и Бранка мислам дека се единствените активни ликови поради кои вреди серијава, се друго некако ми е пасивно. И ве молам нека ги тргне некој Соланж и Жувенал од екран. Мислам камон. Тоа негово изигравање бог на фавелата и нејзиното лигавење, вона би принцес однесување ми е преку тоа. Верувам дека во скоро време ќе продолжам со репризата на Селебридаде, бидејки ова ми е пренапорно за преку лето. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пет Jул 16, 2010 2:41 pm | |
| Изгледана 80 та епизода. И најпосле се сретнаа Ферасо и Марија Паула. Сцената беше доста интересна. Таа разнесува цвеќе за неговата вереница не знаејки дека тој р Адалберто, човекот кој ја напушти и и зема се што имаше. Доста монотона и развлечена серија до сега. Барем оваа прва третина не се покажа како сјајна, далеку послаба серија од A Favorita. Не ме изненадува што оваа новела имала најслаб рејтинг од сите новели на Глобо прикажани во 8 часот. Можеби понатаму ќе се подобри, но не знам дали ќе имам уште нерви да продолжам да ја гледам.
Последната промена е направена од LucasScott на Нед Jул 25, 2010 7:52 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Нед Jул 25, 2010 7:52 pm | |
| Дојдов и до 122 епизода, со тешки маки морам да признам. Од сега никогаш повеќе нема да следам што мислат другите за некоја серија, бидејки се изначитав еден куп пофални зборови за серијава, иако бев скептичен сепак ја симнав и решив да ја гледам. Почетокот беше катастрофален, па стана интересно некаде до кај 15-20 епизода и пак катастрофа. Ова е најлошата новела на Глобо која некогаш сум ја гледал, тука некаде со Америка се борат за место на дното. И после толку епизоди не ми се верува колку малку ја прикажуваат Марија Паула (демек протагонистката- yea right ). Жувенал Антена и неговата компанија од фавелата не можам органски да ги сварам. Ретко премотувам сцени додека гледам серии или новели, но овдека беше неоспорно да го направам тоа. Маркони Ферасо ми е еден од најантипатичните ликови било кога сездадени. Плус тоа уште и поантипатичната фаца на Далтон Виг. Единствено што вреди ќе се повторам е Сузана Виера како Бранка Песоа Мораес. Едноставно жената има харизма и и лежи секоја улога. Без сомнеж и оправдано ја нарекуваат бразилската Мерил Стрип. Се друго е досадно, досадно и досадноооо... 85 % од дејствието е сместено во фавелата на Жувенал. Тоа објаснува колку не вреди серијава. | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 Пон Aвг 09, 2010 1:06 pm | |
| И дојде крај. Сега кога ја завршив, тврдам дека е ова бразилска теленовела која ми оставила најгорчлив вкус од сите Глобови. Многу слаба новела. Крајот беше типичен за теленовела, ништо иновативно и неочекувано не се случи. Ептен беше глупаво кога Ферасо ја побара Марија Паула за жена, таа го одби, а подоцна му се јави и му вели: "Само сакав да знаеш како е кога некој ќе те измами. Јас те сакам и ќе се омажам за тебе. Те одбив да видиш како ми беше мене пред десет години"! Hallo! Жено, јас НЕМА да заборавам што ти направи ѓубрето, не па ти! Те заведе, ти го зема богатството, те напушти, те остави на улица, подоцна ти го зема и синот и се бореше за старателство! Многу разочарувачка серија. Се покајав што ја гледам. Следно: продолжувам онаму каде што застанав со Chocolate com Pimenta и Belissima! Најпосле успеав да ги комплетирам двете серии! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 | |
| |
| | | | DUAS CARAS, Rede Globo|2007/8 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|