Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: COMECAR DE NOVO, Rede Globo|2004/5 Саб Ное 29, 2008 3:11 pm | |
| Почнувајќи од ново е бразилска новела продуцирана од Реде Глобо, и напишана според сценариото на Антонио Калмон (Три сестри). Серијата во Бразил беше прикажувана во терминот од 19 часот и имаше прилично солидна гледаност за тој термин. Серијата се прикажуваше од 30 август 2004 до 16 април 2005 година со вкупно 196 емитувани епизоди. Всушност ова беше и замена на популарната новела "Бојата на гревот". Começar de Novo - Почнувајќи од новоБрој на епизоди: 196 Година на потекло: 2004/5 Земја на потекло: Бразил Синопсис:Дејството на оваа новела е сместено во ново време, и се врти околу љубовта на Мигел Аркања и Летисија, од времето кога тие биле деца па се до времето на адолесценцијата, кога нивната љубов расти од ден на ден. Родителите на Летисија, првенствено нејзината мајка Лукресија Боргес, се против таа врска. Мигел и Летисија решаваат да ја сочуват својата љубов и договараат таинствено бегство, кое оди по крива насока бидејќи Мигел добива куршум во главата и неговиот живот висе на конец. Момчето е пред смрт, но впрочем тој го преживува тоа и се лекува, но останува без памтење. Како би го заштитил, Иван Мишкин, пријател на родителите на Мигел, го носат во Москва, главниот град на Русија. Времето поминува, а Мигел, со ново име, Андреи Иванович, се трансформира во познат и успешен бизнисмен. 30 години пдооцна, Мигел потполно се излекува, и му се враќа помнењето и одлучува да се врати во Бразил со својот пријател, професорот, Димитри Николаиевич, како би ја решил мистеријата во својот живот и повторно да се сретне со големата љубов, Летисија. Но после долго време, уверена дека Мигел е мртво, Летисија се венчала за Анселмо, нејзиниот и пријател на Мигел од младоста. Мигел пак се среќава со младата Жулија. Освен тоа, неговите непијатели, Лукресија Боргес и Адемар, корумпиран човек, не знаат дека Мигел е младиот човек кој “загинал” пред 30 години, по нивна наредба. Ист така, не ни помислуваат дека Мигел спрема вистинска одмазда за нив двајцата. Главни улоги:Маркос Пауло, Наталија до Вале, Ева Вилма, Марилија Пера, Луис Густаво, Каролина Фераз | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: COMECAR DE NOVO, Rede Globo|2004/5 Саб Ное 29, 2008 3:22 pm | |
| Oва ми личи на тешка драма, и тоа бразилска драма, кои јас и не ги сакам многу многу, ачли сепак секоја бразилска серија има различна содржина, значи целосна спротивност од ТЕЛЕВИСА за мене Бојата на гревот беше одлична, али оваа, не знам | |
|