Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: O CRAVO E A ROSA, Rede Globo|2000/1 Нед Ное 23, 2008 10:38 pm | |
| Каранфил и ружа е бразилска новела продуцирана од Глобо, а прикажувана во 2000 и 2001 година. Новелата е напишана од Валсир Караско (Сродна душа, Земја на надеж, Седум гревови). Во главните улоги се појавија Едуардо Московис, Адриана Естевес и Дрика Мораес. Серијата имаше 221 епизода за бразилското население, додека за интернационалното имапе 140 епизоди. Оваа новела е во жанрот костимирана драма и беше прикажувана во терминот од 6 часот во Бразил. O Cravo e a Rosa - Каранфил и ружаБрој на епизоди: 140 Година на прикажување: 2000/1 Земја на потекло: Бразил Синопсис:Катарина Батиста е модерна жена, која живее во времето на 20 век, во кој жената е пониско позиционирана од мажот. Жулио Петручио е маж чија жена веројатно треба да биде во својата куќа. Овие двајца личности, толку различни, ќе доживеат контрадикторна романса. Позната како “ѕвер”, бидејќи ги брка сите свои удварачи, Каталина ќе ја допре циничната страна на Петручио, кој помислува да ја освои и ожени, како би ја спасил хациендата од пропаст. Тие се заљубуваат, што води до комични и романтични ситуации. Тој пред неа глуми тимиден човек, а таа полудува секој пат кога го гледа. Но, постои нешто што се раѓа од таа љубов. Нов почеток за фамилијата на Катарина. Нисанор Батиста, таткото на Катерина, сака да ја виде својата ќерка во брак, да биде ослободен од протестите на својата ќерка, и конечно да го предаде своето место во фирмата во која ради, на сопствената ќерка. Бјанка, сестрата на Катарина, е чиста спротивност од Катарина, таа сака да пронајде момче, да се ожени со него, но таа дури ќе почне да излегува кога нејзината постара сестра ќе добие удварачи. Многу ликови ја осудуваат врската на Катарина и Петручио, тие веруваат дека крајот на врската ќе дојде набргу, една од тие е Лурдиња, горда слугинка на имотот на Петручио, заљубена во него, и верува дека во тоа ќе и помогне и Жануарио. Исто така, против оваа врска е и Серафим, удварач кој мисли да ја освои Катарина и на кратот Жоаким, негативец, мистериозен човек, кој единствена цел му е да го уништи животот на Петручио мисејќи дека тој е единствениот кривец за заминувањето на својата сакана ќерка Марсела. Работите се променуваат кога Марсела се враќа од Париз, како би го вратила Петручио, борејќи се со “ѕверот” Катарина. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O CRAVO E A ROSA, Rede Globo|2000/1 Нед Ное 23, 2008 10:58 pm | |
| Имам читано и многу попривлечни бразилски синопсиси за серии, така да оваа искрено не ме привлече мислам дека оваа серија не се ни има давано на Балканот, ако не се лажам, аи глумците не ми се познати | |
|