Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeUM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001 Empty
ПишувањеПредмет: UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001   UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001 I_icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 2:05 am

UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001 Anjo
Um Anjo Caiu do Ceu - Ангел паднат од небото
Број на епизоди: 185
Година на прикажување: 2001
Земја на потекло: Бразил


Синопсис:
“Um anjo caiu do céu” е романтична современа комедија, која ја раскажува приказната за познатиот фотограф Медеирос Жоао, кој за време на своите години го обиколувал светот, оддаден на хуманитарни цели. Во Прага, Чешка, тој има своја изложба. За тоа време, Ерик Брунер со малку среќа успева да го сними лидерот на уметноста. Заради таа причина, тој е следен и убиен, но пред тоа тој успева да ги предаде сликите. Животот на Жоао е спасен од ангелот Рафаел, кој е испратен од небото. Дадена му е втора шанса, за да го примат таму и тој треба да го продолжи својот живот како фотограф уште шест месеци, за да може тој да ги разреши сите проблеми со семејството, кое го оставил заради професијата. Откако се враќа во Рио де Жанеиро, Жоао се соочува со трачовите и несреќите на неговите роднини. Тој открива колку се потешки секојдневните борби во неговото семејство, отколку на бојното поле, со кој тој се соочил. Тој ја прифаќа помошта од Рафаел, кој го поставува како негов асистент, откако го спаси од смртта. За време на приказната, Рафаел се вљубува во Кука, која е вљубена во Брено. Така тој ги губи своите права и треба да реши дали ќе се врати како ангел на Небото или ќе остане како човек на Земјата. Дел од проблемите со кој Жоао се соочува откако се враќа во Рио се: неговата бивша сопруга Нана, која сега е мажена за Тарсо; несреќата на својата ќерка Виржинија, која го обвинува својот татко заради траумата, која ја преживувала како девојка, кога сакала да стане балерина; маките на ќерка си Дуда, која се претворила во очајна жена после исчезнувањето на својот син Жоакин, и се пријавила како активист на ОНГ-организацијата за потрага по исчезнати деца. Жоакин е син на Дуда и Маурисио. Тој бил киднапиран кога имал три години од Артемис, непредвидливиот син на Карлао и Лауринда. Тој бил чуван заедно со уште двете деца на Артемис. Жоакин е препознат од страна на неговиот дедо Жоао, но тој поминува по тешкотија во социјалната интеграција кога ќе се пресели да живее кај своите родители и браќата – Липе и Гуга. Фотографот се соочува и со откривањето дека има трето дете – Кука, која е плод на љубовната врска со Лајла. Кука отсекогаш го сметала за татко Алсеу и животот наполно и се променува после ова откритие. Таткото за кој таа го мислеше ја брка од дома кога ја дознава вистината. Всушност, Алсеу е и главниот негативец во приказната. Новелата го открива и светот на модата. Освен тоа, сестрите Нана и Лејла припаѓаат на традиционално семејство, кое е специјализирано во дизајнирањето на женски алишта. Има големо ривалство помеѓу нив двете, особено на страната на Лајла, која никогаш не го одобрувала бракот помеѓу сестра и и Жоао, во кого отсекогаш била вљубена, поради што и се обидува да го укради сопругот на Нана. И точно од оваа врска се родила Кука. Лајла е бивш модел. Таа сеуште не може да го прифати успехот на Нана како дизајнер – професија во кого се пробала и таа, но ги немала истите успеси како неа. Освен проблемите со своето семејство, Жоао треба да се погрижи и за својот сопствен живот – нацистот Ерик се уште сака да го убие. Шпион на нацистот, Лења е испратен да го набљудува фотографот и да ги укради сликите. Против нацистите дејствуваат и еврејски агенти Дави и Емануел Стреинберг. За време на приказната се појавуваат и други ликови, кои ги имаат истите цели и се против нацистичките лидери – Адолфињо и Сид Валенте. Тоа се анти-нацистичките агенди Дебора и Џошуа. За време на приказната, се случува вистинска војна помеѓу двете групи, при која умираат Бруне, Адолфињо, Сид и Емануел. Лења и Џошуа се вљубуваат, исто како и Дави и Дебора, и тие четворица започнуваат да работат заедно, помагајќи и на полицијата во откривањето на организацијата. Други ликови во приказната се оние кои се околу светот на модата. Тоа се Селмо де Виндзор, Паулињо и Лулу. Селмо е бразилски шивач, кој постигнал голем успех во странство и живее во стар имот во Лондон. Помошникот на Селмо, Паулињо се враќа во Рио после смртта на својот шеф, и се преправа дека е геј, за да може да работи како шивач. Но се вљубува во Виржинија, ќерката на Жоао и Нана, која во исто време започнува врска со Паулао. Лулу Машадо му помага за се на Селмо во имотот. Го открива планот на Паулињо и му ја вади маската – дека тој не е заинтересиран за мажи. Тајно таа е љубовница на Паулињо. Се ќе се промени, откако Селмо повторно се појавува во приказната и се обидува да му се одмазди на Паулињо. Шивачот всушност не умрел, туку имал криза од каталепсија. Вистинското име му е Телмо Мартинш и се враќа со уметничко име Зека де Санта Тереза. Нов лик се појавува кон крајот на новелата. Тоа е шминкерката Шерли, која е мајка на Родриго, синот на Жоао, со кој имала врска во минатото. Жоао започнува врска и со неа, и на крајот на приказната дознава, дека и таа е всушност ангел, испратен од Небото. Нана успева со магазин за трудници, а Лајла дознава, дека била посвоена како мала. Таа се смирува со Нана и посвојува бебе. Таа исто така ја испраќа Кука во училиште за мода, додека пак таа на крајот останува со Бренто. А Рафаел се претвора повторно во ангел откако се исправува пред ангелскиот суд и е отстранет поради некои правила.
Вратете се на почетокот Go down
 
UM ANJO CAIU DO CEU, Rede Globo|2001
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» O CLONE, Rede Globo|2001/2
» PRESENCA DE ANITA, Rede Globo|2001
» PORTO DOS MILAGRES, Rede Globo|2001
» A LUA ME DISSE, Rede Globo|2005
» MAYSA, Rede Globo|2009

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Бразил-
Отиди до: