Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeБелези на минатото Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Белези на минатото

Go down 
АвторПорака
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeСре Окт 08, 2008 11:30 pm

Презентација на ликови

Кипријано Милано(Antonio Fagundes)



Кипријано е главата на семејството Милано во Рио де Жанеиро(фамилија која влече корени од Италија).Тој е успешен бизнисмен и лидер на интернационално познатата компанија за изработка на дијаманти DAF(Diamonds are forewer),чие главно седиште е засновано токму во Рио.Кипријано постојано е опкружен со љубовта на своите деца и постарата сестра Стаси,па дури и од не секогаш јавните емоции на својата убава сопруга Хелена.Сето тоа ќе се промени кога во нивната раскошна вила на Леблон ќе се појави дамката на минатото,јаболкото на раздорот,помладата сестра на Хелена,Анжелика...



Настасија "Стаси" Милано де Фонсека(Fernanda Montenegro)


Стаси Милано е дама од високата класа,отмена,образувана и елегантна.Оваа постара госпоѓа со сребрена коса и златно срце имала бурен и на моменти трагичен живот,секогаш прикриен зад балските фустани и доброто држење во општеството.Taa e омилената дама на таблоидите како и во резиденцијата на Леблон,единствена личност која не ја милува земјата по која таа чекори е нејзината золва Хелена,избраничката на нејзиниот брат Кипријано и мајката на нејзините драги внуци.Одеднаш,положбата во вилата и нејзиниот епитет “најсакан ” ќе се променат засекогаш,кога Стаси ќе реши да се повлече од компанијата и својот дел дарежливо да му го предаде на Марчело,саканиот внук,синот на покојниот брат Матео.


Хелена Милано(Vera Fisher)


Хелена е права тигрица,џетсетерка,убава,паметна и остроумна.Мажена за љубовта од средношколсите денови,Кипријано,таа е горда мајка на нивните три деца,Жулија,Фјама и Пауло.Хелена е жена која никогаш не заборава ниту простува,затоа отворено и објавува војна на Стаси обвинувајки ја дека ги лишала нејзините деца од наследството со тоа што својот дел му го препишала на Марчело,синот на средниот и покоен брат Милано.Несвесна дека Марчело и Стаси се најмали проблеми во нејзиниот живот,Хелена ќе доживее вистинска траума кога по повеќе од 20 години во нејзиниот живот ќе се врати нејзината сестра Анжелика,белегот на нејзиното минато...


Анжелика Лисабоа де Милано(Regina Duarte)


Aнжелика е се што нејзината сестра Хелена не е.Скромна,добра,попустлива,на моменти наивна...По многу години изминати во Европа,одлучува да се врати назад во Бразил,во домот на семејството на нејзиниот покоен сопруг,притоа со себе носејки го товарот и гревот на своето минато кој засекогаш ја има бележано нејзината страдална душа.Нејзиното враќање во вилата на Миланови засекогаш ќе ги промени животите на жителите во раскошната резиденција...


Мигел Кортез(Jose Mayer)


Тој е богат и немилосрден,човек без скрупули подготвен на се да ја достигне својата цел.Мигел ја поседува најпознатата компанија за изработка на бродови во Јужна Америка,а таквата моќ го има направено тотално фригиден и саркастичен.На неговата насмевка и длабок џеб паѓаат небројани жени,но тој со право го држи епитетот најпосакуван ерген веќе со години,се додека еден ден не ја запознае жената на својот најголем конкурент,а таа страст ќе го промени ритамот на неговиот живот засекогаш...


Џакомо Пучини(Raul Cortez)

Џакомо Пучини,италијански емигрант ,самотен волк кој живее на изолиран ранч на Баиа,негова единствена разонода се посетите на Стаси,неговата долгогодишна пријателка,која секој викенд го поминуваат заедно,далеку од градот и проблемите кои идат со истиот.Џакомо не само што е емотивен пријател на Стаси,тој е и нејзина најголема подршка,во конфликтот помеѓу неа и Хелена...


Марчело Милано(Reynaldo Gianecchini)


Maечело е млад и успешен економист,кој доаѓа во Рио во потрага по својата сопруга Малу,која е прогласена за исчезната.Тој дели посебна врска со својата тетка Стаси,која пак на Марчело му ја подарува својата половина од компанијата.Новата позиција во компанијата ќе го соочи со својот чичко и ривал Кипријано,а доаѓањето на Марчело во фирмата ќе направи голем пресврт во животот на фамилијата Милано.Од тој ден двајца големи непријатели ќе се обидат да му го загорчат животот,Хелана,која не може да го прифати Марчело како најголем акционер во компанијата и Пауло,со кој ја дели љубовта кон иста жена...


Малу Ферас де Милано(Maria Fernanda Candidio)


Taa e девојка со дупка во минатото.Од кога мистериозно ќе исчезне од венчавката со Марчело и по доживувањето на сообраќајната несреќа,Малу го губи своето сеќавање,а во помош ќе и пријде Пауло,во кого ќе најде потпора,грижа и љубов.Но кога Марчело ќе се појави во Рио,се ќе се промени засекогаш.Она што Марчело не го знае е фактот дека Малу има амнезија и дека има ново име,Руди...


Пауло Милано(Thiago Lacerda)


Висок,синоок и атлетски граден,Пауло одсекогаш бил магнет за жените кои го опкружувале.Неговата опсесија во животот,освен убавите жени се и расните коњи како и брзите автомобили.Како единствен син на Кипријано и Хелена,тој е размазен,плејбој,човек кој добивал се на златен послужавник во животот,но сето тоа ќе се промени кога неочекувано ќе ја запознае убавата Руди,девојка без минато која ќе го освои неговото срце,а таа љубов како ривал ќе го соочи со неговиот братучед,Марчело.


Џулија Милано(Ana Paula Arosio)


Taa e дива амазонка која својата убава главо цврсто ја држи на своите раменици.Жулија Милано е најстарата ќерка на Хелена и Кипријано,но желна да просперира самата во она што го сака,Жулија во животот има постигнато се поради својот мозок и труд,наместо високата позиција која ја имаат нејзините родители во општеството.Многу е постабилна и поразумна од својот брат Пауло,но како и повеќето Миланови,ни таа нема среќа во љубовта...


Фјама Милано(Carolina Dieckman)


Најмладата од децата на Миланови,таа го живее животот на размазена наследничка,чија единствена цел во животот е добрата забава,коктелите,убавата гардероба и момците со кои сака да си поигрува,се додека не се заљуби во еден од своите додворувачи,Фред,внукот на моќниот Мигел Котрез,човекот кој ќе се обиде да ја уништи нивната чиста љубов...

Наскоро само на овој форум,сагата за едно навидум обично семејство,нивните забранети страсти,интриги и искушенија во кои ќе западнат...
Б Е Л Е З И Н А М И Н А Т О Т О


Последната промена е направена од lucascot на Саб Окт 11, 2008 4:25 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeЧет Окт 09, 2008 1:47 am

Сагата за Миланови...


Миланови,најмоќното
семејство во Бразил,живеат живот како во Американски сон,сите тие се
богати,убави,моќни и вечни,како и логото на нивната мултимилионерска фирма
ДАФ,со застапништва во најголемите трговски центри во светот.Приказната
започнува кога Анастасија Милано,најстариот член во кланот Миланови,одлучува
великодушно да му ги предаде своите
акции на внукот Марчело,кој пак живее и работи во Сао Паоло,но ваквата
великодушна награда на својата тетка ќе го доведе во градот на Боговите каде што
ќе мора да се соочи еднакво со секој член на “саканото” семејство.Најголема пречка во резиденцијата на Миланови е токму Хелена
Милано,сопругата на неговиот чичко Кипријано и сестрата на неговата мајка
Анжелика.Но,великодушниот подарок на тетка Стаси не е единствената опција поради
која Марчело го напуштил животот во Сао Паоло,најголемата причина за преселбата
во Рио е желбата да ја пронајде својата сопруга,која на денот на нивната
венчавка мистериозно исчезнала под необјасниви услови.Дека не е се бајковито во
светот на богатите е здравствената состојба на Кипријано,кој веќе неколку
месеци живее со помислата дека има рак,и дака набрзо ќе мора да ја напушти
сопругата и трите деца.Единствена која знае за неговата здравствена состојба е
неговата сестра Стаси.Познавајки го брата си како и сопствениот џеб,Стаси
донесува уште една одлука и и јавува на Анжелика,дамнешната голема љубов на
Кипријано и мајката на Марчело,која веќе долги години живее и работи на другата
страна од “барата”.Анжелика со тешко срце решава да го
остави животот во Лисабон и да се врати назад во Рио.Недалеку од домот на
Миланови,нивниот единствен син,Паоло,познат
спортист,донесува одлука да се ожени со непознатата убавица која ја
сретнал неодамна.Руди е млада и мистериозна девојка со амнезија,но всушност
нејзиниот вистински идентитет е Малу,одамна загубената сопруга на
Марчрло.Ваквиот триаголник ќе предизвика раздор помеѓу големото семејство,а од епизода во епизода полеке ќе се откриваат
мрачните тајни,поединечно на секој член ,отварајки ги белезите на нивните
мината...
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeЧет Окт 09, 2008 2:50 am

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeСаб Окт 11, 2008 4:33 am

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeСаб Окт 11, 2008 10:15 pm

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeПон Окт 13, 2008 6:06 pm

1-ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ




Приватниот џет на
Миланови полека слетуваше на аеродромот во Рио.Долу,на неописливо врелиот
асвалт,под жешкото октоммвриско сонце,дваесетина телевизиски
репортери,папараци,камермани и новинари од дневниот и жолтиот печат,желно го
очекуваа враќањето на Кипријано Милано и неговата фамилија,по поминатиот викенд
во Сао Паоло,каде што свечено се круниса соработката помеѓу двете најголеми
компании за обработка и извоз на дијаманти во републиката,ДАФ и Ферас дајмондс.


Од авионот прва
излезе Настасија Милано,дама во поодминати години,која сеуште беше привлечна и
елегантна.Зад неа веднаш излезе сопругата на Кипријано,Хелена Милано,облечена
во Макс Мара креација со сандали на Стјуарт Вајцман.Иако Хелена уживаше да
позира пред фотоапаратите,овој пат излезе без насмевка на лицето,оптегнато од
последниот ботокс,со крената глава и грациозен од како секогаш.По неа од џетот
слезе Џулија Милано,најстарата ќерка на Хелена и Кипријано,успешна менаџерка,убава
на својата мајка и остроумна на татка си.На крајот од леталото излезе Кипријано
Милано,висок,шармантен маж во есента на својот живот,самоуверен и ноншалантен.


Блицевите почнаа
многу почесто да светкаат кога Кипријано пријде до микрофонот,подготвен да
одговори на сите прашања кои новинарите ги имаа за него,неговата
компанија,поморската флота,ергелата со коњи...


-Кој добива
повеќе од оваа соработка?Вашата компанија или онаа од Сао Паоло?-беше првото
прашање од една остроумна новинарка во црно.


-ДАФ,секако,-одлучно
и без двоумица одговори Кипријано.


-Што е со вашиот
син,Паоло?-праша друга млада и шармантна новинарка.


-Се плашам дека
не го разбирам прашањето,госпоѓице...


-Дали тој ќе биде
дел од новиот тим со кои соработувате?Сакам да прашам,дали ќе започне да работи
во семјниот бизнис,или ќе продолжи само да игра поло?


-Се разбира дека
мојот син ќе биде еден од водечките лица во оваа работа,-мирно и ноншалантно
одговори Кипријано.Со години пловеше во ваквите води и беше совршено подготвен
да врати на секаков вид провокација.


-А што а ви
одговорама за другио дел од прашањето,госпоѓице,како што сите добро
знаете,мојот син постојано освојува трофеи во доменот на тој спорт,со тоа би
требало се да ви биде јасно.А,мојата фамилија и мојата компанија сакаат
победници во тимот.


-Дали Марчело
Милано ќе го заземе своето место во ДАФ?-праша трет новинар,добро познат за
очите на господинот Милано.


-Да,тоа е веќе
договорено,господине Брага,-му одговори Кипријано.


-Дали вашиот син
Паоло и господинот Марчело Милано ќе бидат рамноправни партнери во компанијата?,-беше
следното прашање од зајадливиот новинар.


-Да,-кратко и
јасно одговори Кипријано.


-Зарем не мислите
дека ова е совршена можност,г-дине Милано,да го препуштите кормилото на
помладите?


-Бродот може да
има само еден капетан,-низ насмевка и без нимала реакција на
провокацијата,одговори Кипријано,додавајки:


-Мојот внук е
добредојден во компанијата,но ДАФ и понатака ќе биде воден од само еден
капетан,а во него сите вие гледате.


Гледајки во
својот помал брат како со леснотија одговара на прашањата,Анастасија почуствува
длабока болка.Таа беше единствената која знаеше за неговата болест,со таа
помисла живееше секоја секунда,секоја минута во денот,секој ден...


Кога пресот заврши,Миланови
влегоа во црната лимузина до која чекореа по црвен килим.Зад црните,непрозирни
стакла на автомобилот и далеку од блицовите на фотоапаратите,можеа да бидат она
што се,вистинските тие.Миланови.





Во своето лутање
низ Баија,младиот згоден спортист Паоло и неговата нова девојка,со длабок и
мистичен поглед,Руди,преноќија во еден скрпмен мотел покрај автопатот.Додека
Паоло се тушираше во бањата,слушна вресок од спалната соба и истрча веднаш со
пешкир околу половината.Руди немирно спиеше на креветот,сонувајки
кошмари.Повторно.


-Не!Не ми
приоѓај!Не ми приоѓај , те молам.Помош!-врескаше младата жњна на сиот
глас,додека телото и трепереше,а со рацете правеше покрети како некој да брка
од себе.


-Руди!Руди,разбуди
се!-рече Паоло,земајки ја во прегратка.-Разбуди се,тоа е само сон.


Кога Руди ги
отвори очите,со боја на длабокиот океан,сеуште преплашено трепереше.


-О,Паоло,-крикна
со олеснување кога се најде во неговата прегратка.


-Смири се,тоа
беше само лош сон...


-Беше
страшно,ужасно...-,девојката одвај можеше да дојде до здив.


-Што и да си
сонувала,тоа било само сон,сега се е готово,-ја тешеше тој,силно држејки ја во
својата прегратка,како да сакаше да ја заштити од кошмарот.


-Беше
страшно,Паоло,ужасно...


-Кажи ми што
сонуваше?


-Не знам...Беше
некој човек.Јас како да бев заробена во една соба,без излез...Имав претчуство
дека ќе се случи нешто лошо.Во главата слушнав некој чуден звук...Одеднаш,некој
влезе низ вратата и почна да ми се приближува...О,Паоло,беше толку
страшно,-зборуваше таа,задишано со широко отворени очи,повторно обземена од
стравот,но она што најмногу ја плашеше беше фактот дека тоа не беше само лош
сон,имаше чуство дека полека и се враќа минатото...


-Во ред,сега јас
сум тука-,шепотеше Паоло,сеуште држејки ја во цврста прегратка.-Дали го препозна човекот од
сонот?-ја праша.-Можеби ова е само чекор пред да ти се врати сеќавањето.


-Не знам,можеби
Паоло...Повеќе не знам ништо.


-Ако се случи
тоа,ако се сетиш на своето минато,дали сеуште ќе ти бидам потребен Руди?


-Паоло...Не биди
блесав.Ти ме извлече од бездната кога најмногу ми требаша некој да ми подаде
рака.Како мислиш дека ќе и завртам грб на личноста која ме спаси од мракот?


Тој ја гледаше со
своите светли очи полни со љубов,со поглед каков што не гледал ниедна друга
ќена претходно,а само тој знае дека бил се многу жени во животот.


-Таа
соба...-,одеднаш се сети Руди.-Собата од сонот...Се прашувам дали некогаш сум
била таму?!Мебелот,распоредот,мирисот...мислам дека тоа била мојата соба
,Паоло.


-Во овој
момент,најдобро е да заборавиш на лошиот сон,мила моја.Сега јас сум покрај тебе
и ништо друго не е важно.Јас ќе те бранам од лошите сни како и од твоето
минато,-додаде Паоло,спуштајки ги своите усни врз нејзините,цврсто решен
никогаш да не ја изгуби...





Во големото
предворје во резиденцијата на Миланови,изградена на брдото со поглед на
небесниот океан,во кое доминираше голем,кристален лустер и уметнички слики од
современи и светски познати автори,кои беа омиленото хоби на Хелена,низ широко
отворената двокрилна врата,ги дочека стариот батлер...


-Добредојдовте
дома,госпоѓо Хелена,-прво ја поздрави домаќинката.-Се надевам дека добро
патувавте.


-За среќа , беше
толку кратко,што не стигнав ни да соберам импресии,Жозе,-одговори Хелана,за
која патувањето во провинција,ма макар и во Сао Паоло,го сметаше за под ниво.


-Убаво е да се
биде дома,-рече Кипријано.-Дали е се подготвено за вечерашниот прием,Жозе?


-Секако
господине.Доставувачите ќе бидат тука во пет,послугата е на број,а шампањот кој
го нарачавте,веќе е во замрзнивачите.


-Ти
благодарам,Жозе,-рече Кипријано и се упати кон својата соба,по мермерните
скалила кои водеа на катот.Уште по скалите ја извади вратоврската и ја раскопча
кошулата,бидејки чуствуваше како да се гуши.


Долу во
претсобјето,Хелена веќе ја презема улогата на организатор.


-Те молам,повикај
ја Марија.Треба да се договориме за предјадењето,-му рече на батлерот.-Дотогаш
морам да одлучам каде да го сместиме оркестарот.Најдобро ќе биде овој пат да
бидат на терасата,но претходно морам да завршам една работа,-додаде таа и се
упати кон спалната соба,мораше да расчисти некои работи со Кипријано...





Сао Паоло


Марчело Милано
беше млад и привлечен мажж.Црн,висок и атлетски граден,беше сон за секоја
жена,но неговото срце чукаше само за една...


Седеше на
креветот во својата соба и го разгледуаше семејниот фото-албум.Секој дел од
неговото битие веруваше дека неговата жена Малу е жива,иако сите околу него го
убедуваа во спротивното.Гледаше во фотографијата на Малу,истата девојка која ја
делеше постелата во Баија со Паоло Милано,и се пашуваше дали ќе ја пронајде.Дали
најпосле ќе живее мирно со мајката на
неговиот син?


Тоа беа прашањата
кои Марчело не можеше да ги извади од глава.Гледајки ја нивната заедничка
фотографија,потиштено се запраша:


-Дали ќе ја
пронајдам?Дали ќе ми се врати?





Рио де Жанеиро


Лежејки на својот
кревет,Кипријано Милано изгледаше десет
години постаро од претходно,за време на конференцијата.Неговата ладнокрвност
пред камерите и шармот со кој освојуваше,беа маски под кои ја криеше болката и
заморот.Додека лежеше помисли на својот син.


“Каков наследник
ќе биде тој?Само кога би сакал барем малку да се потруди...”


Кипријано ја
подаде раката на масичката и го повлече телефонот.


-Како не знаете
каде е?-нешто подоцна,бесно викаше во слушалката.-Ако е потребно организирајте
потеа,уапсете го!Ја знаете регистрацијата на неговиот автомобил.Нема белки
милион црвени ферари по патиштата.Проверете ја неговата Дајнерс
картичка!Сигурно нема две исти златни картички со дијамантски чип!Пронајдете
го!-нареди бесно и ја спушти слушалката.Кога Хелена влезе во собата,тој
огорчено изјави:


-Едноставно не
моќам да сфатам зошто не се појави во Сао Паоло,на галата?И каде е сега?!


Хелена веднаш
знаеше за кого зборува.


-Не грижи
се,шери,-му рече таа мазно.-Паоло ми вети и мене и на Џулија дека ќе дојде.


-За прв пат во
животот,тоа момче ми е потребно и никаде го нема.Мобилниот му е исклучен со
денови,не одговара на меилот...На што ли го губи времето?-беснееше
Кипријано,раскопчувајки ја кошулата за да дојде до здив.


-Најверојатно
некаде игра поло,-го бранеше Хелена.-Најискрено,Кипријано,во овој момент повеќе
ме загрижува твојот внук,а не нашиот син.Мислам дека и ти треба да бидеш
засегнат во ова,колку што сум јас,Кипријано.


-Не мешај се во
тоа,Хелена.


-Како да не се
мешам,кога твојата сестра е неразумна?!


-Настасија?-праша
Кипријано.


-Имаш само една
сестра колку што знам.Од кога се вративме,се затвори во својата соба,бидејки
знае што ја очекува.


-Можеби и е
непријатно поради прашањата за Марчело.Искрно,ни мене не ми се допаднаа.


-И треба да и е
непријатно.Му даде половина од твојата империја!Но ова нема да остане
вака,Кипријано.Зарем нашите деца да останат без тој дел од наследството?Мора да
најдеме начин и да излеземе на крај со ова.


Хелена која
нависина и беше лута на Настасија,но,сега се трудеше повеќе да ја игра улогата
на загрижена мајка,отколку да го искажува бесот кон золва си.Кипријано сериозно
ја погледна и рече:


-Хелена,едно нека
ти биде јасно.Ни мене ни на моите деца не ни се потребни акциите на мојата
сестра.


-Од каде знаеш?Си
зборувал со децата?Дали знаеш како се чуствува твојот син,што ќе мора да ја
дели компанијата со странец?Си ја прашал ли Џулија како се чуствува?Или
Фјама?Знаеш ли како се чуствувам јас,која од страна гледам како неправедно им
го земаат она што им припаѓа на моите деца?!На нашите деца,Кипријано!


-Не се работи за
тоа,Хелена.Она што мојата сестра го прави со своите пари е нејзина лична
работа.Настасија е своја личност,како што сум и јас.


-Браво.И
завидувам на твојата великодушност!-извика Хелена,подготвена на
расправија.-Одсекогаш си бил на нејзина страна и секогаш ќе бидеш!


-Не сум на
страната на Стаси...


-Секако дека си
на нејзина страна,Кипријано!Погледни се,им го вртиш грбот на родените деца,само
за да ја заштитиш својата сестра.


-Добро знаеш дека
јас немам контрола за она што го прави Стаси.


Хелена сомнително
ја заврте главата.


-Кипријано Милано
не држи се пд своја контрола?!Неговата сестра подарува половина од неговата
империја,а Кипријано вели дека тоа е надвор од негова контрола!?Не мислиш дека
тука нешто смрди,Кипријано?


-Имам свои лични
причини и не би сакал да се мешаш во тоа ,Хелена.


-Кои се тие
причини?-инсистираше Хелена,но Кипријана беше одлучен да не и кажува ништо.Барм
сеуште не.


-Подобро да имав
свекрва,-со горчина додаде Хелена.-Твојата сестра те врти околу малиот прст,те
прави глупав пред очите на твојата жена и твоите деца.


-Смири се
,Хелана,еден ден ќе сфатиш дека се има смисла,-смирено додаде Кипријано,пријде
до неа и ја прегна.


-Настасија ти е
поблиска и од мене.Зошто не сфатиш дека ти си мојот свет,шери?Без тебе и
децата,јас немам ништо.


-Ти ме имаш
повеќе од било кој друг,Хелена.Барем она што остана од мене.


Држејки ја во
прегратка,Кипријано се загледа во часовникот на ѕидот,казалките како да го
одбројуваа неговото време,неговото постоње,неговото бите на овој свет...








Од мигот кога
одлучи своите акции да му ги преаде на својот внук,Настасија Милано добро
знаеше какви реакции ќе предизвика кај останатите чќенови на фамилијата.Седеше
пред лаптопто во својата соба и пишуваше меил...


“Драга
Анжелика...”-почна,но
неодлучно застана.Не можеше а да не се запраша дали го прави она вистинското?Во
мислите ја прекина кога нејзиниот брат влезе во собата.


-Пречам ли?-ја
праша Кипријано,а таа набрзина го исклучи компјутерот.


-Секако дека
не,-одговори таа,стана од масата и пријде до брата си.


-Слушнав дека
повторно ќе патуваш надвор од Рио,-рече тој седнувајки на троседот.


-Ако сум ти
потребна можам да останам и да го одложам патувањето за следниот викенд.


-Не сакам да ги
менуваш своите планови за мене,-одговори Кипријано,спуштајки ја својата рака
врз нејзината.


-Дали се
консултираше со др. Бенисио?-Загрижено го праша Стаси.


-Сеуште не сум се
видел со него.


-Кажи ми како се
чуствуваш?Патувањето во Сао Паоло не беше пренапорно за тебе?!


-Се чуствувам
одлично,-одговори самоуверено и низ насмевка.


-Никогаш не си
бил добар лажго,Кипријано.Зарем не мислиш дека е време да и кажеш на Хелена?Таа
е твоја жена и ќе дознае порано или подоцна.


-Хелена сеуште не
е подготвена да слушне таква вест.Не би можела да го поднесе тоа.Верувај ми,јас
кој најдобро ја познавам Хелена од сите,знам дека не е така цврста како што
изгледа.


-Но,ти умираш,-со
грутка во срцето и растреперен глас,рече Стаси.


-Секако дека ќе и
кажам еден ден.Дозволи ми самиот да изберам кога тој ден ќебиде.


Кипријано стана
од троседот и ги рашири рацете за да ја прегрне саканата сестра.Стаси
почуствува како срцето и се стега,а очите и се полнеа со солзи.Нејзиниот силен
брат,столбот на семејството,беше на прагот на смртта.


Кога Кипријано
излезе од собата,а Стаси остана сама,се сети колку беше болна смртта на
нејзиниот брат Матео,таткото на Марчело.Се плашеше дека нема да ја издржи
болката кога и Кипријано ќе замине.Овој
пат беше одлучна.Пријде до телефонот и заврте еден број.


Додека чекаше
врската да се воспостави,Стаси гледаше во закачената слика на ѕидот која и беше
подарок од Кипријано.





Лисабон,Португалија


Блескавите,шарени
рекламни билборди,закачени на зградите во Лисабон,го осветлуваа небото над
метрополата.На дрвената масичка заѕвоне телефонот,покрај кој стоеше урамена
фотографија од Марчело.Средовечна жена,во елегантен вечерен фустан,полека се
ослободи од прегратката на човекот кој ја милуваше.


-Извини ме
,драги,-му рече,ослободувајки ги неговите раце од нејзинта половина.


-Остави нека
ѕвони,-рече човекот,со желба никогаш да не ја испушти од себе.Таа му возврати
со блага насмевка и пријде до телефонот.


-Чекај,јас си
одам,-рече мажот.-Ќе се видиме утре.Само сакам да знаеш дека нема да ја
променам својата одлука и утре чекам одговор.


-Каков одговор?


-Одговор на
мојата брачна понуда,доколку заборави за што разговаравме три часа
вечерва,-рече тој,бакнувајки ја.Кога излезе од станот,жаната ја подигна
телефонската слушалка.


-Ало?!


-Би сакала да
разговарам со Анжелика Лисбоа де Милано,-слушна женски глас од другата страна
на линијата,глас кој не го препозна.


-Да,повелете,Анжелика
зборува.


-Анжелика
,драга.Не те препознав.Не е ни чудно.Поминаа повеќе од 20 години.


-Кој е
таму?-скептично праша Анжелика.


-Овде Настасија
Милано.





П Р О Д О Л Ж У В А...
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitimeПон Окт 13, 2008 6:10 pm

2-РО ПРОДОЛЖЕНИЕ







-Настасија!-радосно
крикна Анжелика.-Со години не сме се слушнале.Како си , драга?



-Многу
добро,Анжелика.



-Би сакала да те
видам,да видам како се држиш.Секогаш беше убава и префинета,-искрено рече
Анжелика.



-Не сум
променета.Барем не многу,-одговори Стаси.



-Како е
Кипријано?



-Кипријано се
држи...Ти се јавувам бидејки претпоставувам дека слушна за Марчело...



-Што за
Марчело?Нешто му се случило на син ми?!



-Марчело е
добар,не грижи се.Ти се јавувам бидејки сакам да дојдеш во Рио.



По кратка пауза
Анжелика одговори:



-Знаеш дека сакам,но
не можам...



-Пред неколку
дена му ги предадов на Марчело моите акции од ДАФ.Верувам во неговите
способности и знам дека достојно ќе ме замени кога мене ќе ме нема.Денеска
очекувам да дојде во Рио.Затоа сакам и ти да се вратиш,Анжелика.Мислам дека на
Марчело ќе му биде потребна родената мајка.



-Што мисли тој за
тоа?



-Марчело ништо не
знае за ова јавување.Но мислам дека е време да го видиш својот
син,драга.Животот е премногу краток,-додаде Стаси,повторно погледнувајки во
сликата која и ја подари Кипријано.-Те молам врати се ,Анжелика.За доброто на
Марчело.



-Знаеш дека се би
сторила за Марчело,но не можам да се вратам во Рио...



-Дај ми една
добра причина зошто не можеш да се вратиш?



-Не сакам да
зборувам за тоа.



-Но,зошто?Те
спречува ли некој?



-Едноставно не
можам да дојдам,жалам Стаси,-рече Анжелика и полека ја спушти слушалката.Со
солзи во очите,ја отвори книгата која стоеше пред рамката со фотографијата на
Марчело,извади еден сув цвет и го принесе на градите.



Паоло го сопре
ферарито на една бензиска пумпа на автопатот.Носеше сандали,шорцеви и хавајка,а
до него во автомобилот седеше младата Руди,жената за која беше подготвен да го
обиколи светот.Тие денови,животот беше убав за Паоло Милано.Колку беше убаво
чуството да седи покрај убавица како
неа,да ја гледа,да ја милува и љуби таа мистериозна и незаштитена девојка.Руди
во него будеше чуства кој тој претходно ги немаше искусено.



-Руди,-постојано
го повторуваше нејзиното име кое беше права мистерија. Таа беше убава,вистинска
амазонка,течно зборуваше француски,беше учена,отмена и таинствена.



Додека
автомобилот го полнеше со гориво,Паоло забележа како Руди го набљудува.Клекна
покрај автомобилот,го отвори прозорецот и се загледа во нејзиното лице.



-Како се
чуствуваш?-ја праша внимателно.



-Се чуствувам
подобро.Добро е чуството кога знам дека те имам крај себе,Паоло,кога знам дека
не сум сама,-нежно му одговори таа,милувајки му ги рацете,додека пеперутки ја
лазеа по целото тело.



-Ти си жената
која ја барав цел живот,-рече тој и не обрнувајки внимание на луѓето околу,ја
вовлече главата низ прозорецот на автомобилот и страсно ја бакна.



-Паоло,не сме
сами...



-Јас не се срмам
да покажам колку те љубам.За мене не постои никој друг на светот освен ти
,Руди.Имам нов план.Зошто да одиме во Рио кога на овој свет постои Палма де
Мајорка?Да одиме таму.Ќе лежиме на плажа,ќе се сончаме,ќе пливаме голи и ќе
водиме љубов...Што велиш за мојот план?



-Не знам дали тоа
е добра идеја,Паоло.Јас немам обврски,никој не чека да му се јавам...Но ти имаш
семесјтво,сигурно се загрижени за тебе.Веќе еднаш ги разочара поради мене,кога
не отиде во Сао Паоло.



-Не грижи се за
моето семејство.Тие имаат свој живот и без мене.Освен тоа,моите знаат дека
никогаш не сум ги ценел тие приеми и балови...



-А твојата
работа?



-Сигурен сум дека
ќе опстане компанијата и без моето присуство таму.Биди сигурна дека Кипријано
Милано не очекува ни помош,ни совет од својот млад син.



-Не знам...Мислам
дека не е во ред да исчезнеш туку-така.Најдобро е прво да одиме во Рио,и ако
навистина не си потребен во компанијата како што велиш,ќе продолжиме по твојот
план...



-Јас веќе одлучив
што ќе правиме Руди.Утре одиме за Палма де Мајорка.Нема зошто да се брзаме и да
се вратиме во Рио,верувај ми.Моето семејство нема да оди никаде,исто и
компанијата.До сега преживеаа без мене,ќе преживеат уште малку...-рече низ
широка насмевка и повторно ги спушти усните врз нејзините.







Настасија беше
комотно облечена,подготвена за своето патување.Ја подигна патната торба и ја
отвори вратата од собата кога се судри со Хелена.



-Стаси,шери.Можам
ли да поразговарам со тебе за момент?-праша и веќе удобно се смести на
фотељата.



-Се плашам дека
немам време,Хелена.Не може ли разговорот да почека за кога ќе се вратам?



-Се работи за
твојот дарежлив подарок.Сакам да разговараме за тоа.Децата се страшно погодени
од твојата одлука,-додаде Хелена,повторно користејки ги децата како изговор.



-Децата или ти
,драга?



-Со иронија нема
да успееш да ја промениш темата ,драга.



-Moите причини
зошто одлучив да му ги предадам МОИТЕ акции на Марчело се МОЈА работа.



-Не се само твоја
работа,ако истити влијаат врз твојата фамилија.Зарем не мислиш дека со таа
одлука ги изневери луѓето кои те сакаат?Луѓето од твоето семејство?!



-Некој мора да
управува со мојот дел од компанијата,бидејки јас одлучив да се повлечам.



-А што мислиш
дека прави Кипријано сите овие години?Колку што знам,тој и само тој го донесе
ДАФ на ова ниво.Неговиот труд и плодовите на тој труд имаат голем удел и во
акциите кои ти великодушно ги подари.



-Кипријано нема
вечно да може да управува со ДАФ,-рече Стаси,користејки го најмоќното оружје-вистината.-Сите ние сме смртници,Хелена.



-Точно дека сите
ние сме смртници,но кога ќе дојде денот Кипријано да се повлече од ДАФ,има
потомок кој ќе го наследи.Кипријано има син,на кој мислам дека
забораваш,шери.Кипријано не е стебло без гранки...како некој друг,-дрско додаде
Хелена удирајки на тоа дека Стаси никогаш не била мажена и нема деца.



-Токму поради тоа
што немам деца,мојот дел од компанијата ќе го наследи Марчело,како што Паоло ќе
го наследи Кипријано.Мислам дека се е расчистено,зар не , шери?-и врати со
истата иронија.



-Ништо не е
расчистено,Настасија!Како можеш странец да го споредуваш со Паоло?



-Странец?-шокирана
беше Стаси.-Марчело не е никаков странец.Марчело е Милано исто колку што се
Паоло,Џулија и Фјама.Ако неговиот татко не починеше толку млад...толку проклето
млад,Марчело одамна ќе ги имаше тие акции.



Хелена со поглед
ја стрелаше својата золва,која додаде:



-Тоа момче одамна
го исфрливме од семејството и ова е начин да му надокнадиме за сите години кои
ги помина без фамилија,далеку од Рио,растејки со странци...



-Те слушам и не
можам а верувам...Големата Настасија Милано чуствува сожалување за едно сираче
од провинција.Те молам,не ме засмевај.Што направил Марчело за компанијата?



-Матео,неговиот
татко направи доволно,за Марчело да ги збира неговите плодови.Го сакам тоа
момче и нема да дозволам никој да му застане на патот...



-Тоа е
проблемот,драга моја,ти го сакаш само него.



-Добро знаеш дека
не е вистина тоа што го зборуваш,Хелена.На Кипријано ќе му биде добредојдена
десна рака во компанијата,особено сега кога склучивме договор со “Ферас дајмондс”,а не заборавај дека тоа момче доаѓа од “Ферас дајмондс”.



-Добро знам јас
од каде доаѓа тој мангуп.И зошто мислиш дека на Кипријано му треба помош.До
бога жено,сите овие години сам ја водеше компанијата,што се смени сега?!



Стаси беше на
работ да и соопшти дека Кипријано умира,но тоа не беше нејзина работа.Прброја
до три во себе и рече:



-Извини ме ,но
морам да одам.Ме чека авионот.



-Повторно некоја
од твоите добротворни акции,шери?!Можеби треба да ја известам Анџелина Џоли
дека треба да се плаши од конкуренција.Одсекогаш се прашував,што правиш со тие
пари кои ги собираш?



Стоејки на
вратата,благо насмеана,Стаси и одговори:



-Ако ветиш дека
нема никому да кажеш...Се обложувам на коњи,-додаде и намигна.







Во меѓувреме пред
големата резиденција застана црна лимузина од која излезе Марчело
Милано.Погледна околу себе,куќата изгледаше поголема од што ја паметеше.Се сети
дека како дете замислуваше дека е замок,а тој малиот витез кој трчаше низ
лавиринтот барајки ја својата принцеза.Сега,години подоцна,повторно беше пред
големата дрвена врата,барајки ја својата принцеза,како некогаш.



Во холотвлезе со
букет бели кринови во рацете,омиленото цвеќе на неговата тетка,која во истиот
миг со торбица слегуваше по скалите.Широко се насмевна кога го здогледа и му
втрча во прегратка.



-Марчело,толку се
радувам што те гледам.Мислев дека нема да те видам кога ќе дојдеш.И,дали си
подготвен да се соочиш со она што те чека?



-Секогаш сум
подготвен за нови предизвици,-полн со себе,одговори тој.-Но,најпрвин би сакал
да разговарам со Паоло.Каде е тој?



-Не сум го видела
ни чула цела недела.Почекај Жозе да ги одведе твоите работи во собата.



-Жпзе?!



-Жозе е
батлерот.Твојата соба е на вториот кат,третата десно,со поглед кон
градината.Жалам што нема да можам да останам да помуабетиме,но авионот ме чека.



-Заминуваш од
градот?-ја праша Марчело.



-Ќе бидам отсутна само до утре.О,Марчело,најпосле ќе
свиеме заедничко гнездо,ние орлите,-додаде Стаси и двајцата се сетија.Тоа беше
песна која му ја рецитираше пред многу години,кога живееа заедно.



-Се гледаме утре
вечер,-рече Марчело и ја бакна тетка си пред таа да излезе.



-Да ви ја покажам
собата?-љубезноо го праша Жозе.



-Не сега.Прво
сакам да завршам нешто многу важно,-одговори Марчело и излезе низ главната
врата.







Позлатената
плочка во подножјето на високата стокатница,го обележуваше главното седиште на
мултинационалната компанија “Дајмондс ар форевер(ДАФ)”.Во големите и темни стакла на зградата се огледуваше панорамата на Рио де
Жанеиро.Долгите песочни плажи,вечното лето,музичарите на секој агол,самба
танчерките со бронзени тела,спојот на раскошот и бедата,сето тоа го правеше
овој град еден од најубавите на светот.



На педесетиот
кат,се наоѓаше канцеларијата на Кипријано Милано,кој внесен во документите,не
ни слушна дека некој влезе во просторијата.



-Кипријано!



Го подигна
погледот.Тоа беше Џого Гарсиа,неговиот долгогодишен пријател и соработник.



-Предмалку
телефонски се слушнав со Фишер,нашиот претставник од ХонгКонг.Изгледа дека
имаме проблеми со кинезите,-Џого го извести големиот дон.-Одеднаш се загрижени
за превозот на дијамантите со нашите танкери.Мислат дека ги немаме доволно.



-Бесмислица,-бурно
извика Кипријано.-Ние имаме повеќе танкери од државната флота.



-Се плашам дека
некој убаво не мести,Кипријано.



-Како стоиш ти со
кинескиот?



-Не баш
најдобро,-се насмевна Џого.-А ти?



Се
погледнаа.Проблемите секогаш ги решаваа лежерно,без притисок,се познаваа со
години и практично си ги читаа мислите.



-Тогаш ќе мора да
се потпреме на Фишер.Кажи му дека сакам да знам кој стои зад сето ова.



-Ќе го средам
тоа,-рече Џоги,иако веќе се подразбираше.



-Слушнав дека
Марчело доаѓа денес.Што ќе правиш со него?



-Мојот драг
внук...,-длабоко воздивна Кипријано.-Овде има доста работа,ќе биде доста зафатен
разнесувајки документи во архива,-со потсмев за способностите на
Марчело,одговори Кипријано.



Џого благо се
насмевна и рече,



-Момлето мора да
е многу способно штом Сержио Фарис го постави за свој заменик во Ферас Оил.Плус
Стаси не би го дала својот дел а да не знае што да прави.



Кога Џого излезе
од канцеларијата,Кипријано за момент се замисли...







Марчело најпосел
влезе во зградата на ДАФ.Влезе во лифтот и го притисна копчето на 50-от
кат.Додека лифтот се движеше,Марчело размислуваше за Паоло.Тој беше
единствениот кој знаше да му каже каде е неговата Малу,жената која ја бараше
цела година и сега само неколку ката го делеа од вистината.Кога излезе од
лифтот,се упати кон пастелно тапицираниот ходник.Зад белиот шанк љубезно и со
доза на кокетност му се обрати секретарката.



-Повелете.



-Дали Паоло
Милано е овде?-праша нервозно.



-Не,не е тука.



-Каде би можел да
го најдам?



-Не би можела да
ви кажам точно.Најдобро да го побарате на мобилен.



-Го барам веќе
два дена,недостапен е.Не ми одговара ни на меилови.



-Г-дин Милано не
поминува многу време во канцеларијата.Можеби ќе го најдете на терените за
поло,најчесто е таму,-одговори секретарката,не криејки ги своите симпатии кон
младиот плејбој.



Паоло беше
ведар,шармантен и отворен,а и добро играше поло.Дали е во Рио,Бразилија или Сао
Паоло,тоа беше неговата окупација.Канцеларијата го чекаше во случај спортот да
му здодее,како и секретарката.



Во мигот додека
секретарката од глава до петици го меркаше Марчело,од својата канцеларија
излезе Кипријано.



-Марчело,-го
поздрави формално,притиснувајки му ја раката.-Ти си човекот кој го
чекав,-додаде и го повлечекон својата канцеларија.Марчело за момент остана
збунет.Не очекуваше таква срдечност,особено кога Кипријано пријде до мини
барот,вграден во неговата канцеларија,и му сипа виски во чашата со мраз.



-Имам само еден
збор за тебе,Марчело.Хонгконг.Мојата секретарка ти резервира лет за рано
наутро.



-Слободно кажи и
да ја откаже резервацијата бидејки јас не одам никаде,-дрско и самоуверено му
одговори Марчело.



-Јас ти ја
искажувам сета моја доверба со ова бизнис патување,а ти си даваш желба да ме
одбиеш?!Синко,време е да сфатиш...



-Не,-го прекина
Марчело.-Време е ти да сфатиш дека јас не сум ти син,како што не сум ни твој
личен потрчко.Јас сум твој партнер,твој рамноправен партнер.Ако ти треба
потрчко,сигурен сум дека имаш цела листа со такви луѓе кои само го чекаат
твојот знак...



-Така?!



-Токму така.



-Слушај ме младо
момче.Ти можеби овде имаш свој акции,но едно нека ти биде јасно,јас и ти сме
далеку од рамноправни партнери.Мислам дека уште не ти се јасни правилата на
игра.Ова не е бакалница на аголот од улицата,ова не е “Ферас дајмондс”,на кој си навикнат.Ова е ДАФ,најголемата компанија
која се занимава со обработка на скапоцености во цела Јужна Америка,-додаде
Кипријано приоѓајки до големата,современо дизајнирана електронска мапа,на која светкаа
точки низ целиот глобус,кои всушност ги претставуваа сите седишта на ДАФ низ
светот.



-Ова е нашата
империја.



-Дозволи ми,-го
прекина Марчело,пријде до мапата и почна да зборува.



-Кипријано
Милано,личен имот 5 милијарди долари,сопственик на ДАФ со седишта во Рио де
Жанеиро,Њујорк,Јоханезбург и Дубаи.Годишниот бруто приход изнесува нешто повеќе
од 70 милијарди долари.Во компанијата се вклушени и неколку помали фирми во
Порто Алегре,Бразилија и Сао Паоло.Индустриската работилница во Лима изнесува
590 милиони долари,Лабороторијата за современи медицински препарати во Буенос
Аирес-три милијарди долари,Фабриките за обработка на дијамнати во
Мајами,Мексико Сити,Јоханезбург и Каиро-23 милијарди долари,и на крај,но никако
и најмалку важно,поморскиот транспорт со конвојни танкери во капацитет од
милион и шестотини бруто,регистрирани тони.



Кипријано немо
гледаше во својот внук.Марчело му одржа лекција дека добро знае каде дошол и
што го чека овдека.



-Заорави една
работа,-рече магнатот кога дојде при себе.-Фабриката за преработка на кафе во
Баија.Само минатата година нејзиниот профит изнесуваше 22 илјади долари.Таа
фабрика е првото нешто што го отворил татко ми,твојот дедо,кога од Италија се
доселил во Бразил.



-Ќе го запомнам
тоа.А,сега ако заврши приемниот испит,би сакал да ја видам мојата канцеларија.



Кипријано ја
подигна телефонската слушалка и и нареди на секретарката:



-Покажете му ја
канцеларијата на мојот внук.



Кога Марчело
излезе од канцеларијата,Кипријано се насмевна.



-Тој е вистински
Милано,-помисли гласно и продолжи да работи...



ПРОДОЛЖУВА
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Белези на минатото Empty
ПишувањеПредмет: Re: Белези на минатото   Белези на минатото I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Белези на минатото
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: