Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Вто Сеп 30, 2008 11:36 pm | |
| Ураганот Хилда – Hilda Furacao Земја на потекло: Бразил Година: 1998 Епизоди: 25 Ураганот Хилда е бразилска мини серија, снимена од најпознатата бразилска продукција Глобо, а кај нас се прикажуваше своевремено на Канал 5 телевизија. Малтуш, Арамел и Роберто се тројца млади момчиња кои целото детство го поминале заедно во местото Santana dos ferros, па затоа и ги нарекуваат Тројцата мускетари. По завршувањето на гимназијата, заминуваат со своите куфери кон градот Бело Хоризонте. Малтуш сака да стане свештеник и ќе се зареди во редовите на Доминиканците во манастирот. Арамел сака да стане глумец во холивудските филмови, а Роберто сонува да биде предводник на револуцијата која ќе го промени светот. На другиот крај на градот, се запознаваме со младата и убава Хилда Милер, која треба да се мажи, но пред самото венчање, се предомислува. Го напушта родителскиот дом и оди во зоната Бохемија во Бело Хоризонте. Во бела венчаница, влегува во борделот во кој живеат проститутки, трансвестити, луѓе од најдолните слоеви, и така влегува во соба 304 која станува нејзина соба. Набрзо се впушта во тој опасен свет, станува најпознатата проститутка во градот – фатална жена, без срам и достоинство, но со стил, па така нејзиниот пријател Цинтура Фина ја нарекува Ураганот Хилда. Но, Хилда постојано ќе се сеќава на нејзината посета кај гатачката мадам Жанет, која и ја открила иднината, дека ќе се заљуби во човекот кој ќе ја најде нејзината изгубена кондура. Мисијата на фрај Малтуш ќе биде да ги протера злите сили од фаталната Хилда. Но, работите додатно ќе се комплицираат кога Хилда сред една ноќ ќе ја изгуби својата кондура, а кондурата ќе ја пронајде ....Малтуш. Хилда постојано ќе мисли на Малтуш, за кој љубовта е забранета и грешна мисла. Вистинските заплети и пресврти настапуваат откако општествените институции на гратчето Зона Бохемија, претставени преку Лоло Вентура ќе сакаат со закон да го забранат и укинат борделот како вид на забава и ширење на неморал, а против таквата одлука остро ќе застанат луѓето од борделот на чело со Цинтура Фина и Мариа Томба-Хомем. Улоги: Ана Паула Аросио, Родриго Санторо, Дантон Мело, Ева Тодор, Рохерио Кардоса, Пауло Аутран, Тијаго Ласерда, Дебора Дуарте | |
|
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Вто Сеп 30, 2008 11:40 pm | |
| Најубавата бразилска мини серијаааа!! Ја обожавам. | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Вто Сеп 30, 2008 11:50 pm | |
| Не сум ја гледал серијата, а баш ми изгледа привлечна. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Вто Сеп 30, 2008 11:54 pm | |
| Интересна МИНИ серија, имам гледано можеби ПОЛА од епизодите, не целата али секогаш му будеше некои морничави впечатоци, некако чудно се осеќав додека ја гледав серијава и сега кога ќе се присетам на некои сцени знам дека на крај Хилда и тој калуѓерот пак се сречаваат во војната, така завршува серијава | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Нед Јан 18, 2009 6:01 am | |
| | |
|
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 Пон Сеп 06, 2010 1:02 am | |
| Изгледана прва епизода. Класика!!! Иако делови ми беа останати во сеќавање, сепак ми беше интересна за гледање, а на понатамошното дејствие и да не се сеќавам. Ана Паула преубава!<3 Гледаше некој друг? | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: HILDA FURACAO, Rede Globo|1998 | |
| |
|