igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
| Предмет: ФОЛТИН Саб Ное 06, 2010 1:01 am | |
| ПСЕВДО-ЕМИГРАНТСКО КАБАРЕ Музика за суви и нервозни прсти Фолтин во кратки црти е необичен состав, чија музика е тешко да се дефинира и секој обид да се вметне во некоја музичка категорија ќе биде осуден на неуспех (етно-панк, диско, клецмер итн.). Музиката на Фолтин е надреална, старастна и жива, окарактеризирана е со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритами. Иако користат стандардни музички елементи, нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив, и пред се оригинален. Во нивниот музички идентитет, агло-македонски хибрид, постои колизија помеѓу истокот и западот. Нивниот јазик е имагинарен микс или фонетска имитација на јазици како што се: Шпански, Француски, Португалски, Романски итн. таканаречен “Спонтан Есперанто”. Фолтин себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Но тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека работеле на музика за театарски претстави во кои ги користат “ready-made” инструментите или го креираат амбиентот со објекти од немузичка примарна функција, различни звучни конструкции, склуптури и инсталации. Фолтин постои од 1995 и досега имаат издадено 4 албуми. Имаат учествувано во многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и неколку пати се наградени за нивната работа. Слушнете ги само колку се добри https://www.youtube.com/watch?v=SReE5CxXzDAhttps://www.youtube.com/watch?v=O8MW8PYXdv8&feature=related | |
|