Под псевдонимот Мијата се крие Наташа Мијатовиќ од Велес. Една од пејачките која во последно време ја нема али има страшно добри песни и моќен глас. Таа за својот прeкар го вели ова:
"MIYATTA е повеќе мој музички идентитет одошто наменско естрадно име. Има повеќе причини зошто токму Miyatta. Една од нив е татко ми кој се викаше Мијат Мијатовиќ. И Miyatta значи за мене и ќерката на Мијат. Од друга страна е интернационално име за претставување на мојата музика која не се задржува само на македонски јазик. Но, сакав токму на македонската публика да и ги подарам своите први студиски снимки".
Мијата за прв пат ја видов на Музичкиот идол ( кога беше македонско- српски) и тогаш влезе меѓу првите десет.
Мијата за Идолот:" Иако не сум имала никогаш сомнежи околу квалитетот што можам да го понудам на музички план "Идол" ми беше повеќе од потребен за да се здобијам со масовен пласман меѓу публиката. И ден-денес луѓето ги паметат тие мои настапи и трансформации што таквата манифестација ми остави целосна слобода да ги остварам."
Нема да помине (е автобиографската посветена на нејзиниот починат татко), Душа како твојата, Постојам ( посветена на децата бегалци од Егејска Македонија), Волшепства, Д'AМОжам , Bed Flower и секако најдобрата барем за мене Верувам во себе се дел од нејзините песни. Верувам во себе е песна која сигурно влегува во топ 10 -те песни на сите времиња во Македонија.
Оваа песна прво ја има испеано Биба Додева. Еве што вели Мијата за тоа: "Со Биба се сретнавме првпат на Скопски фестивал 2004 кога и ја отпеа песната тогаш со наслов "Стој". И самата Биба знаеше дека првенствена моја желба беше јас да си ја пеам песната токму поради силната автобиографска порака (што сега ми е драго дека многу луѓе се препознаваат во нејзиниот текст), меѓутоа од фестивалот не ми дозволија тоа да се случи под оправдание дека ревијалноста на фестивалот не остава простор за дебитантски настапи. Беше само прашање на време кога ќе ја препработам и препеам својата песна."
Што мислите за оваа пејачка......?