Суперхикс е македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Формирана е во 1993 година од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов - Кечо и Борис Минов. На почетокот Суперхикс свират мелодичен панк/хардкор. Денес во бендот е вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна и моќен перкусионистички сет воден од Гоце Наумов - Индијанецот.
Во текот на оваа деценија Суперхикс ја делат сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.
Името на групата доаѓа од Суперхик, лик од стипот Алан Форд. Суперхик е лик кој краде од сиромашните и дава на богатите, а сето тоа го постигнува со својот смрдлив здив. Суперхик е тотален антихерој во стрипот Алан Форд.
Студиски албуми
* 2001: Чекај бе викам, каде бе малку... (Литиум рекордс)
* 2003: Трумано (Литиум рекордс)
* 2008: И сега што? (Литиум рекордс)
Албуми во живо
* 2006: Саботна фиеста, неделна сиеста (снимен на големиот концерт по повод десеттиот роденден на Суперхикс на 06.11.2004 на Скопскиот саем (хала 5); Литиум рекордс)
Значајни настапи
* Hodokvas (Словачка) 2004
* Таксират 5, 2003
* EXIT 2003(Нови Сад)
* Pepsi Sziget (Будимпешта) 2002, 2003
* Rock Otocec (Ново Место, Словенија) 2002
* Аларм фестивал (Љубаништа), 2002
* Zagreb Open Air
* Nisomnia Fest (Ниш), Десет години Суперхикс (Скопски саем), 2004
На Суперхикс секогаш сум си поминувал феноменално на концерт. jump jump JUMP JUMP