Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНекои други приказни | 2010 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Некои други приказни | 2010

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Некои други приказни | 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Некои други приказни | 2010   Некои други приказни | 2010 I_icon_minitimeЧет Окт 21, 2010 10:15 pm


Некои други приказни | 2010 41594_133528233347436_2962_n

Режисер на македонскиот дел: Марија Џиџева

Некои други приказни | 2010 62AF741C469E5A45B4CF9A58B1C83F33
Филмот ја имаше македонската премиера на 'Браќа Манаки'.

Регионалната копродукција меѓу Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Македонија се покажа како најуспешна филмска соработка на овие простори во последниве дваесетина години. Филмот се снимаше минатата пролет и е прв заеднички проект, кој по 18 години е финансиран од сите поранешни југословенски републики. Проектот, според неговите автори, настана од потребата за културна реанимација на територијата на поранешната држава, а значајна поддршка доби од „Еуримаж“. Идејата за омнибусот е на белградскиот критичар и продуцент Ненад Дукиќ, според кого целиот филм бил поставен на начин со кој авторите и продуцентите рамноправно биле вклучени во сите фази на подготовка и реализација и претставува прва вистинска креативна и продукциска соработка на кинематографиите од поранешна Југославија. Македонскиот дел го потпиша режисерката Марија Џиџева, а автори на останатите делови се Ана Марија Роси од Србија, Хана Слак од Словенија, Ивона Јука од Хрватска и Инес Тановиќ од Босна и Херцеговина. „Некои други приказни“ опфаќа пет драматични дваесетминутни приказни за бременоста и за мајчинството, сместени во земјата што повеќе ја нема, а се опфатени сегменти и од политичките, општествените и културните промени во петте држави. Судбината на младите мајки е прикажана низ различни перспективи, на кои заедничко им е прашањето што значи да се даде живот по толку смрт? Петте филмски парчиња кои го сочинуваат заедничкиот филм го поставуваат и прашањето како Балканот да се направи подобро место за живеење, место со повеќе љубов. Режисерката Џиџева, за која омнибусот е прво искуство со долгометражен игран филм, учествува со делот „Македонска приказна“, чиешто дејство се фокусира на замена на новороденчиња во едно породилиште. Сценариото го напиша Ѓорче Ставрески, а продуцент е Томи Салковски. Проектот го реализира „Скопско филмско студио“, во соработка со „СЕЕ Филм про“ од Белград, „Студио мај“ од Љубљана, „Документ“ од Сараево, „4 филм“ од Загреб, а финансиски го поддржа и Филмскиот фонд на Македонија. Главните улоги во приказните им се доверени на Сергеј Трифуновиќ, Светлана Бојковиќ, Луција Шербеџија, Горан Богдан, Нина Виолиќ, Федја Штукан, Ива Зенделска и други. Марија Џиџева досега има снимено два документарни филма: „Списокот на Тони Манџа“ и „Погледни го животот низ моите очи“, социјални приказни инспирирани од мачното транзициско секојдневие. Учеството во омнибусот „Некои други приказни“ е прво нејзино искуство на игран филм. Вкупниот буџет на филмот е 1,3 милион евра, а македонскиот Филмски фонд за него одвои шест милиони денари.

Трејлер:

Вратете се на почетокот Go down
 
Некои други приказни | 2010
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» BETTER WITH YOU, 2010-
» LEGION | 2010

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Филм :: Македонски Филмови-
Отиди до: