|
| | Лето 2010! | |
| | Автор | Порака |
---|
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Лето 2010! Саб Сеп 18, 2010 6:50 pm | |
| Летото веќе заврши. И ова лето имаше неколку добри нови летни серии, како и нови сезони од старите. Најголем дел од нив завршија, некои ќе продолжат од јануари, некои завршуваат за некоја недела. Кои нови серии ви оставија впечаток и каков, и дали погледнавте некои од старите серии. Во листата на кратко можете да ги вклучите и сериите кои за првпат сте ги гледале летово, иако не се летни серии. | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: Лето 2010! Саб Сеп 18, 2010 7:39 pm | |
| Еве листа на што гледав/догледував и како ми се допадна:
*Pushing Daisies (втора сезона) -ја догледав комплетно серијава. Иако многу ја пофалија, мене почетокот на првата сезона ми беше доста ветувачки за подоцна да стане малце клише и премногу фантазија. Да знам, нормално е фантазија овде, но да биде до некое ниво. Сепак втората сезона беше малце подобра, но не премногу, што мислам дека ABC донеле добра одлука што ја откажале серијава.
*Dexter (прва-втора сезона) и моментално трета сезона. Фасцинантна серија, што треба повеќе да се додаде? Одлична актерска екипа, непредвидливи ситуации и одличен саундтрак. Морам да признаам дека во првата сезона приказната беше незаменлива, во втората исто така, а трета сега засега малце отстапува но сепак уште предобро се држи серијата, и според планираното зимскиот распуст ќе и се фрлам на најмногу очекуваната четврта сезона.
*House M.D (прва-втора сезона) и исто така сега трета. Одлична серија на која претходно не и обраќав големо внимание. Хаус е незаменлив, а исто така и екипата околу него. Првата сезона ми беше најдобра, втората просечна, третата подобра. Се надевам на добро и понатаму.
*True Blood (втора сезона) Одлична сезона, со одличен крај и неверојатни нови ликови. Суки и компанијата не не‘ измамија повторно, и како што е за Декстер, и Вистинска Крв планирам да ја догледам во теконивот зимски период.
*Hidden Palms (комплетна серија) просечна серија. Очекував малце повеќе ради тоа што сепак се работи за тин мистерија, убиства и слично, но сепак не бев премногу разочаран за да ја мразам серијава. Ветувачки пилот, но слаби тековни настани. Актерската екипа не беше нешто посебно, и да, непредвидлив крај, но покрај тоа што ми го открија претходно, чувството сепак не беше исто па серијата за мене доби поинакво мислење.
*Veronica Mars (прва сезона) уште една добра сезона, за зимото да ја гледам втора сезона. Вероника Марс, училишниот детектив имаше одлична приказна во првата сезона, барајќи го убиецот на својата скоропочината најдобра другарка и сестра на нејзиното бившо момче. Морам да напоменам дека и овде исто така не беше предивдлив крајот, па серијата за мене доби плус поени за да ја гледам понатаму. Одлична актерска екипа морам да напоменам, фалат вакви серии во CW од типот на "Life UnExpected", "Gilmore Girls".
*Huge (половина сезона) и остана уште недовршената серија, која планирам да ја догледам во друг период. Одлична приказна, неверојатна млада талентирана актерска екипа, која дефинитивно ќе ви влезе во око. Сакам вакви реални серии посебно што во себе носат емотивни ситуации од секојдневниот живот. | |
| | | Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: Re: Лето 2010! Саб Сеп 18, 2010 8:15 pm | |
| Оваа летна сезона имаше подобри нови серии од лани. Ама, сепак, освен 100 Questions, Pretty Little Liars и Hot In Cleveland (кои ми беа најинтересни), друга ниедна не изгледав до крај, затоа што ми стигна одморот и веднаш потоа испитите. Ама, добро, има време до следното лето за оние кои добија нови сезони, ако има такви, не сум проверила. Меѓу недогледаните ми се Scoundrels, The Gates, Huge и Persons Unknown, која можеби нема ни да ја догледам. Rookie Blue ја гледам на Universal Channel (баш интересна серија), а таму ја чекам и Haven, иако веќе ја почнав. Од оние кои почнаа малку подоцна, ја гледам само Melissa & Joey, забавна серија. А, ја симнав и Rubicon, ама никако да почнам да ја гледам.
Од старите серии, стандардно Eureka (летово четврта сезона) и El Internado (седма и последна сезона), две предобри серии. Eureka имала и подобри сезони, ама последнава сезона на EI е предобра и превозбудлива.
Од други серии, летово си ги изгледав втората и третата сезона на Gilmore Girls, кои ми се одамна симнати и конечно решив да ги изгледам и не зажалив, преубави епизоди, ја обожавам серијата. Исто ја гледав и Sabrina, The Teenage Witch, супер, релаксирачка комедија.
Од реалните шоуа, ги гледав/м последните сезони на Top Chef и Project Runway.
И секако, гледав и разни други серии на ТВ, ама тие нема да ги коментирам. | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: Лето 2010! Нед Сеп 19, 2010 2:42 pm | |
| Летово имаше добри работи, еве што гледав. Ги изгледав пилотите од The Gates и Pretty Little Liars, кои не беа катастрофални, но воопшто не ме заинтересираа. Од Persons Unknown изгледав само пилотот и ништо повеќе, за разлика од претходните две, кои случајно можев да проверам до кај се-што се. Единствена летна серија што ја почнав и се уште ја гледам е трилерот Rubicon. Ја обожавам, и Rebellious angel штом си ја симнала обавезно да ја гледаш. Дејството е преспоро, но сметам дека по првите 4 епизоди, АКО и дадеш шанса серијата ќе ја засакаш. Мистериозната музика, неверојатното глумење од страна на Миранда Ричардсон (барем Еми номинација ќе има), и најдобрите ситуации од тимот на Вил, особено малата Тања кој е преслатка и пресмешна се само дел од целосно прекрасно склопената серија. Тоа е од летните. Летово почнав да гледам Хаус (прва, втора, трета сезона). И серијата е на високо продукциско ниво, не на највисоко, има мали маани, но сепак е одлична, и ја гледам поради тоа, иако не ме фасцинира како повеќето гледачи. Поради Хаус се навлеков на The Mentalist, која е речиси иста како Хаус, само со детективи. Почнав и со Fringe, иако преспоро ја гледам и... Мислам дека тоа е тоа... Планирав уште многу да гледам, ама за жал, Хаус на ТВ, а другиве две-три уште ги гледам, никако да ги изгледам. Следното лето подобро... Еве поради Боби планирам Huge да ја видам, се гледа дека е покреативна и интересна од некои други... Ама има време до 2011... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Лето 2010! | |
| |
| | | | Лето 2010! | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|