Мислам дека е интересна анкета. Баш ме интересира кого го сметате за нејекцентричен. Има многу серии кои имаат вакви ликови.
Прво д-р Грегори Хаус, саркастичниот дијагностичар од House M.D., потоа дет. Адријан Монк, урнебесниот детектив со безброј фобии од Monk, следува д-р Волтер Бишоп, модерниот Виктор Франкештајн и урнебесен генијалец од Fringe.
Како помалку познати ликови, но ликови кои деф. заслужуваат да бидат спомнати: Патрик Џејн, арогантниот „видовит“ консултант од The Mentalist и Темпренс „Боунс“ Бренан, „специјалистката“ за „коски“, од Bones.
Ако сакате можете кратко и јасно да оставите коментар, околу вашиот избор. Нека брзо заврши анкетава. Има уште многу вакви ликови ама некако овие се двојат, особено горните тројца (или двајца).