LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: PECADO CAPITAL, Rede Globo|1998/99 Нед Aвг 22, 2010 7:41 pm | |
| Pecado Capital - Смртен ГревБрој на епизоди : 125Смртен Грев е бразилска новела која постигна голем успех во периодот од 1998 до 1999 додека беше прикажувана на националната бразилска телевизија Глобо. Римејк на истоимената новела од 1975 г., овој пат адаптирана од Глорија Перез ( Клон), Смртен Грев е приказна за амбицијата, страстта и омразата. Во главните улоги се појавуваат Eduardo Moscovis и Carolina Ferraz (истите оние кои ги толкуваа неазборавните Нандо и Милена во новелата Por Amor, само една година пред снимањето на Pecado Capital). Приказната започнува следејки го животот на сиромавиот такси возач Зе Карлос, кој живее со својот татко и сестра во сиромашниот кварт на Рио, Маршал Хермес. Зе случајно ќе се најде сред виорот на една полициска патрола, кога несвесно со своето такси ќе ги спаси бандитите и љубовници од сигурен затвор, поради украдени 2 милиони долари од Националната банка. Бегајки од полицијата, бандитите ќе излезат од автомобилот на Зе, заборавајки ја торбата со украдените пари во таксито. Воден од амбицијата и желбата за подобар живот, Зе ќе ги сокрие парите во својата соба, несвесен дека истите ќе му доведат несреќа и проклетство. Зе има долга врска со локалната убавица Лусиња, која работи во маркетот на дон Салвиано, осамен човек во години кој е запленет од убавината на девојката. Нудејки и работа како модел на девојката, Лусиња радо ја прифаќа понудата на дон Салвиано, што ќе и донесе проблеми во врската со Зе, дури и распад на истата. Со текот на времето, Лусиња започнува романса со Салвиано, што ќе го натера огорчениот Зе да ги искорити парите кои ги најде во таксито, за да му парира на стариот вдовец во борбата за љубовта на Лусиња, а истите пари ќе го доведат и до смртта. Улоги: Francisco Cuoco, Carolina Ferraz, Eduardo Moscovis, Cassia Kiss, Vera Fisher, Paloma Duarte, Alexandre Borges и др. | |
|
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: PECADO CAPITAL, Rede Globo|1998/99 Вто Aвг 24, 2010 12:20 am | |
| Одлична бразилска серија, која обавезно ја препорачувам. Ја гледав пред некој 7-8 години на една албанска телевизија и ми остана во мн. убаво сеќавање. Никогаш нема да го заборавам крајот кога Зе Карлос ќе биде убиен на автобуската станица.:( Едуардо и Каролина се преубав пар со огромна хемија. Радо би ја репризирал бидејки и онака чинам дека тогаш не ја гледав од самиот почеток. | |
|