LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: RETURN TO EDEN ,Network Ten|1983-1986 Сре Jул 07, 2010 11:16 pm | |
| Return to Eden ( Враќањето во рајот) е популарна австралиска тв серија која започнала само како мини серијал во три дела. Но серијата била толку добро прифатена од публиката што продуцентите побарале и цела сезона. Кратка содржина:Стефани Харпер е богата наследничка, која верува дека има се во животот: пари, слава и свршеник со кој треба да застане пред олтар. Тенисерот Грег Марсден, навидум има се што Стафани секогаш барала кај еден маж, верувајки дека истиот е љубовта на нејзиниот живот. Веднаш по венчавката Грег започнува афера со најдобрата другарка на Стефани, кокетната и опасно убава Џули Стјуард. Џули и Грег имаат само една цел: да се ослободат од Стефани и да го добијат целото нејзино наследство. Пресвртот на приказнат доаѓа во моментот кога на едно патување низ џунглата, Грег ќе ја турне Стефани од јахтата директно во реката полна со крокодили. За среќа и по игра на судбината, Стефани успева да го преживее нападот на гладниот крокодил и бидува спасена од локалниот мештанин Дејв Велс. Дејв успева да и го спаси животот на наследничката, но нејзиното лице и тело остануваат со трајни белези и лузни. Стефани иако навидум наказена, успева да продолжи со својот живот одкако Дејв ќе и го подари вредниот накит од својата сопруга кој го чувал со години. Со парите од дијамантите, Стефани ќе успее да си дозволи пластична операција, и така ќе го запознае хирургот Ден Маршал. По дузината успешни операции, Стефани успева да си го поврати стариот изглед подготвена да си го поврати загубеното богатство и децата од првиот брак. Ќе се врати во Сиднеј под името Тара Велс, името на првата сопруга на Дејв. Најпрво ќе успее како супер модел, а наскоро и ќе застане на челото на фамозната модна куќа. Користејки го стекнатото богатство, Стефани го користи истото за да им се одмазси на Грег и Џули и да си го поврати Идн (Рајот) саканиот имот на нејзиниот татко кој се наоѓа среде опасната џунгла. | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: RETURN TO EDEN ,Network Ten|1983-1986 Сре Jул 07, 2010 11:41 pm | |
| Мене името на оваа серија страшно ви е врежано во мозокот, но никако не можам да се сетам дека сум ја гледал. Денеска читав содржина и ми изгледа доста интересно, ќе ја погледнам. | |
|
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: RETURN TO EDEN ,Network Ten|1983-1986 Пон Jул 19, 2010 7:05 pm | |
| Денес ја дадоа рекламата. Почнува во сабота 19:15 Сител | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: RETURN TO EDEN ,Network Ten|1983-1986 | |
| |
|