Официјална страница и трејлер:
http://thisisnotanamericanmovie.com/Премиерата се очекува кон крајот на годината.
Банда македонски ситни криминалци ја ограбува американската амбасада во Скопје, ова е накусо содржината на филмот насловен „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, што месецов го завршува своето снимање на локации во Скопје.
„Филмот претставува една пародија на гледањето на американски филмови од страна на Македонците или на балканците. Веќе сме на последна третина од снимањето на филмот. Задоволен сум од цела екипа“, вели Павловски
Во главните улоги во оваа крими комедија која Филмскиот фонд на Македонија ја финансираше со 500 000 евра ќе ги видиме искусните Ѓорѓи Јолевски и Сенко Велинов и младите Игор Ангелов, Славиша Каевски, Игор Ангелов.
„Ова е еден чуден филм. Јас би требал да го играм шефот на една локална банда, која што се решава на еден крупен чекор, да направи во својата биографија, за да станат познати и славни, и оваа банда не е баш како што треба. Така што и мојава улога како шеф на банда е малце чудна“, рече Велинов.
Филмот вкупно ќе чини околу 700.000 евра И ше биде копродукција со Чешка И Бугарија. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски.
Сетот на филмот, денеска, во населбата Мичурин го посети министерката за култура Елизабета Канчева Милевска. Инаку во моментов се снимаат дури седум македонски филмови.
„Ова е голем скок во македонската филмска продукција, бидејќи никогаш сме немале ни два филма истовремено да се снимаат. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и следните години ќе имаме вака богата филмска продукција“, изјави Дарко Башески, директор на Филмски фонд на Македонија.