Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Нед Окт 24, 2010 11:38 pm
Даре за својата песна вика дека не е класична балада Beauty. Ама е многу јака песна. Многу емотивно ја испеа на фестивалот
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Сре Окт 27, 2010 8:53 pm
Лазар Цветковски ќе му прави неколку песни и на Вукашин Брајиќ (ОТ), за неговиот нов албум. Браво за Лазар, ја проширува соработката.
Simona* Нов Член
Број на мислења : 34 Registration date : 2009-03-24
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Сре Окт 27, 2010 11:21 pm
igorao85 напиша:
Лазар Цветковски ќе му прави неколку песни и на Вукашин Брајиќ (ОТ), за неговиот нов албум. Браво за Лазар, ја проширува соработката.
E баш на ова мислев кога спомнував го спомнав Лазар во темата за Некст Тајм. Треба да одбира на кого да прави песни... Браво за него.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пет Окт 29, 2010 2:10 am
Во среда, 3-ти ноември, во New York кафе во ГТЦ на кеј Фифи ќе ја промовира својата нова песна и спот. Продуцентите на контроверзниот пејач за МММ велат дека спотот е прилично провокативен...
Инаку, и песната и спотот се снимаа во студијата на Адреналин продукција.
Комплетниот автор на песната (освен текстот, кој е на Маркони), сценарист и режисер на спотот е Стевче Грозданов Превземено Од МММ Овој Фифи значи е луд, стотка
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пет Окт 29, 2010 2:49 am
Фифи ми е толку одвратен (одвратна), колку што ми се заедно одвратни Боки и Зоки Фаци. Ретка појава.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пет Окт 29, 2010 12:19 pm
Кокан Димушевски е новиот директор на Скопски фестивал( за избор на песна за Евровизија). Еве што вели тој. Прифатив да бидам инволвиран само околу случувањата поврзани со Скопскиот фестивал, од почеток до прогласување на победникот. Значи, ќе учествувам во делот поврзан со конкурсот, изборот на песни, претставувањето на пејачите, до мигот кога ќе биде познат победникот. Нема да патувам на евровизискиот натпревар во Германија, бидејќи сум бил на такви манифестации и веќе имам искуство, а сега местото ќе му го отстапам на друг - стои во изјавата која Димушевски ја дал за Дневник. Функцијата уметнички директор на Скопскиот фестивал изминативе две години успешно ја извршуваше Љупчо Мирковски, кој во иста улога се појавува и на Детскиот Eвросонг во последните пет години. Раководството на Македонската телевизија годинава ќе постави и нов шеф на делегација - Љупчо Стојановски, уредникот на Забавната редакција во националниот сервис. Тој доаѓа на местото на Гордана Андрашевска, која две години беше на таа позиција.
Дневник неофицијално дознава дека конкурсот за Скопскиот фестивал ќе биде објавен во декември, а манифестацијата ќе се одржи кон крајот на февруари или во почетокот на март.
Квалитетот на песните најважен
Се уште не е дефинирано дали националниот Евросонг ќе се одржува по стариот фестивалски принцип - две полуфинални вечери и финале, или само една фестивалска вечер.
За мене е најбитен квалитетот на композициите. Мојата интенција е изборот на музичкиот материјал и на изведувачи да биде на високо ниво. Секој учесник на фестивалот ќе има право да ја сними песната во студио по сопствен избор, кое ќе исполнува високи критериуми и ќе биде по стандардите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) - вели Димушевски. Преземено од Дневник
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 2:11 pm
А еве денес уште една информација од Вест за изборот. Немаме соодветна тема за новости во мак музиката па затоа морам да ги објавам овде.
МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ СЕ ИЗБИРА ОД ЕДНА ВЕЧЕР
На конкурс и со нарачки
Љупчо Стојановски е новиот шеф на евровизиската делегација. Досегашната шефица Гордана Андрашевска заминала од МТВ. Заради рецесијата, годинава изборот за песна за Евросонг место три вечери ќе биде само една вечер, велат од националната куќа. Колку песни ќе бидат во изборот, сè уште не се знае. - Планирано е од идната недела да се објави конкурсот, но годинава нема да се земаат песни само од конкурс, туку и ќе правиме нарачки од наши автори. Се уште сме во дилема и кој да биде уметнички директор. Не се знае дали и понатаму ќе остане досегашниот Љупчо Мирковски, или на негово место ќе биде Диран Тавитјан или пак сосема некој трет. Има неколку варијанти и за тоа ќе се одлучува идната недела. Не сметам дека доцниме многу со подготовките. Јас пред 15 години пет години бев експерт за забавни програми во МТВ и три пати учествував во домашниот избор за песна на евровизијата и знам како е. Веќе се пратени писма по нашите министерства за помош. Пратени се и формуларите за котизација, што значи дека сигурно ќе одиме на евровизија уште само да ја избереме песната, вели Аљоша Симјановски, уредник на првата програма на МТВ. Во музичките кругови веќе се шпекулира со имињата околу можниот претставник на Македонија на Евросонг. Како фаворит се смета Ламбе Алабаковски, а муабетите се повеќе се подгрејаа по неговата победа на годинашниот "Макфест". Годинава најголемото европско музичко шоу ќе се одржи во мај во Диселдорф, Германија, по победата на Лена во Осло, Норвешка. (В.М.)
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 2:24 pm
igorao85 напиша:
Во музичките кругови веќе се шпекулира со имињата околу можниот претставник на Македонија на Евросонг. Како фаворит се смета Ламбе Алабаковски, а муабетите се повеќе се подгрејаа по неговата победа на годинашниот "Макфест".
Само ќе додадам уште нешто. Ќе му направат Јованови песничка и оди Ламбе на Евровизија, редно време беше.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 2:36 pm
И јас така мислам дека е редно време да оди него не ми е тоа муабетот. Нека оди да му помине меракот ама само да му направат добра песна.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 2:54 pm
Како тоа фаворит?
Ќе имаме интерен избор? Веќе одбран пејач, само уште песна?
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 2:58 pm
Не. Ќе има избор како досега, но Ламбе е фаворит за победа на тој избор.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 3:29 pm
Beauty напиша:
Не. Ќе има избор како досега, но Ламбе е фаворит за победа на тој избор.
Како е можно тоа? Од кој е фаворит? Не капирам
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 3:42 pm
Во музичките кругови веќе се шпекулира со имињата околу можниот претставник на Македонија на Евросонг.Како фаворит се смета Ламбе Алабаковски, а муабетите се повеќе се подгрејаа по неговата победа на годинашниот "Макфест".
И не само меѓу пејачи и новинари. Штом победи на Макфест и ние на форумов кажавме дека тој мора да е следен претставник на Евровизија. Неколку пати се пријавувал и никако да победи, сега победува.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Саб Окт 30, 2010 6:00 pm
Уште добро песниче да му влепат и ќе биде супер
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Чет Ное 04, 2010 12:17 am
Го чекам првиот снег!
Постојано проверувајќи ја временската прогноза, Дарко Илиевски деновиве стиска палци и се моли за првиот снег, но не за да избега негде на планина туку за да може да го објави новиот синг "Снегулка".
"Нестрпливо чекам да падне првиот снег, замислата ми е тогаш да ја пуштам песната и не отстапувам од тоа. Се надевам дека снегот ќе ни дојде наскоро", вели Дарко. По соработката со ДНК и заедничката "Едно тело", "Снегулка" е вториот дует на Дарко, но овојпат со Врчак, кој се јавува и како текстописец на истата.
Музиката моја, а аранжманот е заеднички со "Врчак", додава Даре. Миленикот на женската популација освен што ќе му се радува на првиот снег со душа го чека и ладниот декември кога треба да го снима и најавениот видеозапис за макфестовската "Утре е нов ден".
"Освен песната и спотот, работам и на албумот, кој се надевам дека својата промоција ќе ја доживее на почетокот на следната година", вели Дарко. Ако се се одвива како што испланирал, тогаш дефинитивно амбициозниот Дарко го чека напорна, а се надеваме и успешна зима.
Преземено од Вечер
The Princes Член
Број на мислења : 301 Registration date : 2010-09-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Чет Ное 04, 2010 9:12 pm
Новиот синг на Фифи и Угро - Бла Бла Бла Не е толку провокативен колку што кажуваја дека ќе биде, па добро е ок е;)
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Чет Ное 04, 2010 10:43 pm
Од каде бе се најдоа...? Фифи и Угро која комбинација. ЦЦЦ... Можеше Слаткар да го земе.Со цвикерите малце ме потсеќа на Лејди Гага ( всушност сака да потсеќа)
The Princes Член
Број на мислења : 301 Registration date : 2010-09-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пет Ное 05, 2010 12:12 am
Па за се мора да се добија идеа малку или повеќе И да убаво е да се потсеќа на Лејди Гага... Светска Ѕвезда човече... Кој не би сакал да е под нејзина кожа и во нејзино друштво?!
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пон Ное 08, 2010 10:53 pm
1. ЃОКО ТАНЕСКИ - Јас ја имам силата
2. ДАНИ - Не живеам за другите
3. МАГДАЛЕНА ЦВЕТКОВСКА и ВРЧАК - Црвено сонце
4. ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ - Среќа
5. НЕКСТ ТАЈМ - Убава
6. РОБЕРТ БИЛБИЛОВ, ДЕАНА НИКОЛОВСКА и СКИПИ - Не можеш без мене
7. ДАРКО ИЛИЕВСКИ и Д.Н.К. - Едно тело
8. МАЈА САЗДАНОВСКА и ТОНИ ЗЕН - Љубовни состојки
9. АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ - Една
10. НОНЕ - Немам време јас за чекање
11. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ - Гледај ме во очи
12. НАДЕ ТАЛЕВСКА - Носиш дел од мене
13. АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ - Кажи кој те има
14. ОЛИВЕРА ЃОРГОВСКА - Без тебе
15. РИСТЕ ТЕВДОВСКИ - Ти
Листата на изведувачи на МАРС ми изгледа како Дрим Тим
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пон Ное 08, 2010 11:11 pm
Добри се, навивам за Некст Тајм.
Ако не они, тогаш би ми било мило и за Дани со Не живеам за другите или Дарко/ДНК со Едно тело.
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пон Ное 08, 2010 11:13 pm
Да Дани, Билбилов и Маја Саздановска во оваа конкуренција имаат најдобри песни
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Пон Ное 08, 2010 11:14 pm
Да, добра е и на Билбилов и на Маја и Тони. Добри песни има, ама најлоши ми се на Белов и Ристе
igorao85 Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 616 Birthday : 1985-05-14 Age : 38 Registration date : 2010-02-28
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Чет Ное 11, 2010 12:50 am
12-ти ноември 2010-та детали за новата потрга по ѕвезда на М2 продукција. Дали ова не е лошо избран тајминг у исто време иде со Идолов? Штом Идол иде на А1 не верувам дека и ова шоу ќе биде на таа телевизија. Како алтернативи остануваат Канал 5, на која одеше последната потрага по ѕвезди и Сител Тв.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: Македонски синглови и спотови Чет Ное 11, 2010 2:09 am
Повеќе ме влече накај Канал 5 дека ќе оди, таму оди Тротоар на Томато. Сигурно Марко ќе го води ова шоу. Од првата и третата аудиција излегоа Елена и Ламбе, едни од најголемите ѕвезди во Македонија. Од втората аудиција групата се распадна, а од четвртата аудиција ништо од девојката која победи. Затоа е добро што долго време и немаше ваква аудиција за сега да биде интересно.