Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: KEVIN HILL, UPN|2004-2005 Саб Јун 05, 2010 5:23 pm | |
| КЕВИН ХИЛ е американска адвокатска драма, во чиј центар се наоѓа истоимениот адвокат, кој треба да најде рамнотежа меѓу неговиот професионален и љубовен живот, притоа грижејќи се и за десетмесечната ќерка на неговиот неодмна починат братучед. Серијата започна да се прикажува на UPN на 29 септември 2004 година, а заврши на 18 мај 2005 година, бидејќи не беше обновена за втора сезона, според некои, поради несогласувања меѓу UPN и TouchStone Productions, а според други, поради слабата гледаност. Кај нас можевте да ја гледате на ТВ Нова и на Фокс Лајф. 1 сезона: 22 еп. Кратка содржина:Успешниот адвокат во престижна адвокатска фирма, Кевин Хил, е ѕвезда во подем. Тој го привлекува вниманието и во судницата и во ноќните клубови. Притоа е придружуван од неговиот пријател, шармантниот и духовит Дејм, кој е секогаш подготвен за добра забава. Но, без никакво предупредување, животот на Кевин е превртен наопаку, кога ќе дознае дека треба да се грижи за десетмесечната ќерка на неговиот неодамна починат братучед. Преку ноќ, тој се претвора во татко. Додека се обидува да најде начин како да се справи со шишињата, пелените и неговата нова геј дадилка, Џорџ, Кевин е принуден да го промени својот живот, да ја напушти работата во врвнатата, силна и позната фирма и да се вработи во помалата фирма со флексибилно работно време, Grey & Associates, во која се вработени и ја водат само жени. Улоги: Теј Дигс, Кејт Леверинг, Џон Сида, Кристина Хендрикс, Мајкл Мишел, Патрик Брин... | |
|