Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНајдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10

Go down 
+4
Beauty
Maxime
Bobi
LucasScott
8 posters
АвторПорака
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeСре Апр 21, 2010 2:54 pm

Кога веќе се ближи крајот на сезоната 2000-2010, ајде да ги ресумираме впечатоците и да избереме најдобра и најлоша прајм тајм серија сезонава.
Во вашите ранг листи можете да ставате само серии чии сезони биле прикажани сезонава, а не некои постари сезони прикажани кај нас. Во вашите листи можете да дадете и кратко објаснување зошто токму таа серија сте ја пласирале на истото место.

Еве ја мојата листа:

1. Ugly Betty {серијава не залудно ја ставив на прво место како најдобра сезонава, бидејки ме држеше прикован за малиот екран од прва до последна епизода. Серија која за жал заврши, а и бројувам во најдрагите ТВ серии било кога кои сум ги гледал.}
2. Desperate houseviwes {стандардно меѓу првите, бидејки не престанува да ме анимира со години, серија која кога ја гледам сосема ме опушта и со нетрпение ја чекам секоја нова епизода}
3. Melrose Place {нова серија која достојно може да се нарече продолжение на сагата Мелроуз од 90-тите. Актерска екипа која лесно се засакува и приказна од која се станува заразен. Деф. најдобра нова серија годинава}
4. Gossip Girl {третата сезона се покажа далеку подобра од втората. И таман кога помислив дека повеќе нема за што да се зборува бидејки нели нашите ни мили ликови веќе матурираа, арно ама екипата се покажа доста трачарски настроена и на колеџ. Втората половина од третата сезона далеку подобра од првата.}
5. One Tree Hill {серија која некогаш ми беше на самиот врв на најдобри, но како минуваат сезоните полека тоне, за жал. Сезонава деф. се чуствува недостатокот на Пејтон и Лукас, додуша Брук и Џулијан се достојна замена, но некако како Марк Швон да нема инспирација за понатамошно дејство}
6. Cougar Town {новиот ситком кој некако ми легна за конзумирање, иако Кортни Кокс некогаш ми беше драга, овде е sobreactuada, но серијата има занимлив тек и достојна е за губење време}
7. FlashForward {уште една во редот нови серии на кои им дадов зелено светло сезонава, интересна и динамична приказна со проверена актерска екипа, ништо WoW, но сепак гледливо и препорачливо}
8. Lost {дефинитивно разочарувањето на годината! На само неколку епизоди пред финалето, Лост стана тотално негледлива. Сезонава е катастрофална, негледлива, неиновативна...Thumbs down Lost!}
9. 90210 {мнооогу лоша сезона, ужасна!}
10. Тhe Vampire Diaries {уште една нова серија која почнав да ја гледам но некако не успеа да ме ќари. Никогаш не сум бил фан на таков жанр и можеби затоа ја сместувам на дното на најлоша серија сезонава, секако од оние кои јас го гледам}

Поради големиот избор имаше серии на кои не успеав да им ги гледам најновите сезони, но затоа истите ќе ги надикнадам летово, а тоа се : Grey's anatomy, Private Practice, Supernatural како и новите Spartacus и Accidentally on purpose.

И дечки, не морате да ми ја сфаќате здраво за готово листава, бидејки тоа е само мое милсење.
Ги чекам вашите ранг листи во меѓувреме.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeПет Апр 23, 2010 4:46 pm

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 724729

1. Modern Family [Оваа серија дефинитивно го зема мојот примат за најдобра годинава. Иако е ситком, го сметам за еден од најквалитетните, со предобар хумор, и глумци кои можат дефинитивно доста да те насмеат.]

2. Parenthood [За серијава случајно слушнав ден подоцна откако беше премиерата. Случајно го изгледав пилотот и веднаш го засакав. Сега по одминати 8 епизоди ја рангирам на 2. место, и се надевам дека ќе има и понатаму одлични рејтинзи и сезони.]

3. Glee [Glee воопшто не беше никакво разочарување за годинава. Ја чекав ептен премиерата и го добив она што го сакав, тин, драма, мјузикл и смеи на едно место. На многу млади таленти серијава му отвори врата, а старите глумци се дефинитивно врвни и докажани.]

4. Lost [Иако очекував многу повеќе, последната сезона од Изгубени дефинитивно се подобрува. Имаше доста досадни епизоди на почетокот, па и не можам баш погоре да ја качам на мојава листа. Сепак очекувам до крајот на серијата возбудливи епизоди, за да ја запаметам како уште поубава.]

5. The Vampire Diaries [Вампирите повторно нападнаа... серијава ме освои дефинитивно уште на почетокот, одлична тематика и одлични млади глумци. Иако има понекогаш trash елементи, серијава има добра драма и содржина за успешни сезони.]

6. The Good Wife [Одлична адвокатска серија, иако сум на почеток, полека почнувам да ги гледам побрзо епизодите. Џулијана веќе доби Еми награда за оваа улога, и ги освои веднаш критичарите и публиката. Има одлични случаи во серијава, кои и покрај адвокатскиот стил ќе ти бидат интересни].

7. Life Unexpected [Уште едно супер мало серииче кое ме освои. Одлична тин драма серија, приказната беше интересна, и многу ме интересира ако и дадат втора сезона како ќе се развие понатаму.]

8. Flash Forward [Овој пилот многу ветуваше, сепак не е лоша серијата, иако ја сметав досадна понекогаш, сега ги репризирам првите епизоди и повторно ги заклучувам пропуштените детали.]

9. Eastwick [Да не беа некои серии, можеби серијава би била погоре на листата. Дефинитивно беше убаво остварување ова и доста ми беше криво што не ја изненадија со втора сезона. Вештерките дефинитивно заслужуваа, мене ми беа доста интересни и со одличен црн хумор.]

10. Desperate Housewives [Иако мислев дека сезонава е послаба од претходната, сепак со текот на епизодите се залажав. Имаше доста смешни и интересни епизоди како што им прилегаат на Домаќинките, но не отстапувам од моето мислење за кое тврдам дека серијава станува веќе сапуница со предвидливите елементи, но да се надеваме до крајот на серијата ќе се смени концептот.]

11. Grey's Anatomy [Греј и компанијата значително послаби од претходните сезони но сепак интересни и забавни во секој поглед. Морав да ја ставам овде затоа што дел од ликовите ми се толку омилени заради кои не би им дал слабо место.]

12. How I Met Your Mother [Барни и компанијата исто послаби годинава. Но никогаш не досадни и непредвидливи. Секогаш се интересни за гледање, но ваквиот вид на ситком не ми станува најомилен, па затоа морав да го ставам на пониска позиција.]

13. Melrose Place [Не беше лоша серијата, и баш ме интересира дали ќе и дадат втора сезона. Сакам ваков тип на серија, но малце претераа со нивните ликови, но ајде ќе видиме ако добие втора сезона како ќе се одвива дејството, затоа и ќе и‘ дадам зелено светло ако продолжи.]

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 446349

14. 90210 [Прва сезона беше одлична, но втора веќе послаба. Вметнувањето на новите ликови беше добро, но не да претераат со нивните карактеристики на ликови кои доста се бедни. Плус, главните глумци посебно Ени не можам теоретски да ја поднесам, а има и други глумци кои глумат патетично.]

16. Gossip Girl [Новата сезона беше доста големо разочарување. Мислев дека втората е најлоша, но сум се залажал. Ова дефинитивно е најлошата сезона досега во која преовладуваа голем број досадни елементи. Среќа втората половина е подобра па успеа малце да се извлече кај мене.]

17. V [Ова и не беше најголемо разочарување затоа што не очекував премногу од серијава. По одличниот пилот, и катастрофалните наредни три епизоди не можев да сторам ништо освен да ја прекинам серијава, едноставно бесмислена стана, и се надевам дека нема да и дадат втора сезона.]

Најголемо разочарување на сезонава: COUGAR TOWN

[Кортни Кокс најмногу ме разочари, а не сакам ни да се сеќавам колку бев загреан за серијава. Едноставно ситкомот има глуп хумор, бесмислен и патетичен. Ликовите не се баш најдобри, нема некои кои добро ќе те насмеат, затоа и да ја продолжат со втора сезона, јас не и давам зелено светло, затоа што не ме освои најдобро.]


Последната промена е направена од Bobi на Саб Мај 15, 2010 4:05 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Maxime
Успешен Член
Успешен Член
Maxime


Male Zodiac : Taurus Број на мислења : 755
Birthday : 1994-05-11
Age : 29
Location : Скопје
Registration date : 2009-07-12

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeПон Апр 26, 2010 11:56 am

Бидејќи толку ми се кочи форумов, до тој степен да полудам, целата листа не се испратила... Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 665558

Затоа на кратко се... The Vampire Diaries ми е на прво место. Ugly Betty и How I met your Mother веднаш потоа. Прва е бидејќи е мистериозна, морничава, содржинска, драматична, возбудлива и едноставно сепктакуларна. НО, како за се и за оваа серија имам критика а тоа е дека има некои елементи кои едноставно непотребни, но ете и тие се можеби фактор за привлекување на одреден вид гледачи. А останативе две серии судејќи ги по оваа сезона заслужуваат да бидат пофалени.

Најголемо разочарување Grey's Anatomy и Cougar Town. Grey's поради се што се случи со Изи, а другава бидејќи е најизвештаченото и најамериканското нешто што постои... И за крај најголемото разочарување GOSSIP GIRL. Благодарен сум на оваа сезона што ми ги отвори очите да сфатам дека целата серија не била воопшто квалитетна... За ниакде е... Обична сапуница само подосадна... Инаку жално е бидејќи, серијата има огромен потенцијал да биде хит, но за жал...

Пред да почне есенва, некој да ми кажеше дека Озборувачката ќе ми биде на последно, а Дневниците на прво... Ќе се убиев. Навистина и самиот сум изненаден колку ми се сменил вкусот... Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 319488
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeСаб Сеп 11, 2010 8:56 pm

Можеби касно, но штотуку се сетив на оваа тема, па давам моја ранг листа. Во глобала, од сериите и сезоните кои ги изгледав за минатата сезона, некоја одбивна серија не изгледав, сите ми беа повеќе или помалку интересни.
Мислам дека одбрав преубави серии за гледање но првите четири ми се фаворити во листата, другите три се забавни, но ништо посебно.


1. Desperate housewives (сезона 6)
Без двоумење, најдобра повеќе години. Хумор, сплетки, мистерија, сапуничави елементи и дефинтиивно - глумци и ликови какви што нема во друга серија. Сезоната подеднакво добра како и претходните.

2. The vampire diaries (сезона 1)
Да не ја изгледав Очајни домаќинки, Вампирите ќе беа на прво место за најдобра серија изгледана во последно време. Најдобра серија од CW. Оваа содржи елементи на повеќе жанрови, па затоа можеби и ми се допадна толку. Во текот на целата серија владее топла атмосфера за која не само што придонесе приказната, туку и ликовите кои си ги засакав.

3. Flash Forward
Зашто ме освои оваа серија? Возбудлива и содржинска од прва до последна сцена.
Не ми се допадна можеби на крај во кој правец отиде приказната, но тоа е субјективно за секој дали му се допаѓа или не тоа што се случува со ликовите.

4. Еаstwick
Уште една укината серија. Но позитивна оцена им давам на тие 13 епизоди, а не да ја осудувам серијата затоа што е укината. Топла серија со смешни и возбудливи ситуации во кои се најдоа вештерките Рокси, Кет и Џоана.



6. Melrose Place
Љубов, сплетки, убиство, судбини - ми се допадна серијата. Не ме освои толку баш затоа што не е нешто невидено. Серија за забава.

5. Happy town
И уште една укината серија. Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 462314 Можеби не е од минатата сезона, туку од летово, но сепак ја ставам во листава. Наликува на Твин Пикс но тука ја нема таа чудна атмосфера како таму и не е така добро склопено се. Почетните епизоди беа досадни, крајните интересни. Крајот шокирачки.



7. 90210 (сезона 2)
Од сите претходни серии, оваа ми се издвои. Иако ми останаа уште неколку епзидои до крајот на втората сезона, ќе и дадам оцена. Мене ми е убаво да си гледам љубовни серии, раскинувања и сплетки, но тука преовладува она што ме натера да ја ставам на последно место:
Неколку иритантни ликови какви што нема во другиве серии, клише заплети и дијалози.




Благодарност на сите што ми ги препорачаа овие серии, секој ќе си се пронајде за тоа која серија ми ја препорачале Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 462314
Вратете се на почетокот Go down
G.Sparks
Член
Член
G.Sparks


Female Zodiac : Taurus Број на мислења : 221
Birthday : 1992-05-17
Age : 31
Registration date : 2010-03-07

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeСаб Сеп 11, 2010 9:38 pm

Spartacus: Blood and sand

Подобра серија за мене во моментов нема... Првата сезона беше едноставно преинтересна. Видов што се може да направи човек кога е во игра во која се битни парите, моќта, достоинството и честа. Исто така на што се биле спремни луѓето во тогашно време само за нивното име да биде извикувано во арената. Видов и на што се спремни луѓето кога некој ќе им го повреди егото. 10/10 од мене...

Тhe big bang theory

Може ли некој да не ја сака фантастичната четворка Шелдон, Ленард, Хауард и Раџ? Исто така и Пени? Серија што буквално во текот на целата епизода ме држи насмеана. Најмногу воопшто се смеев на епизодата кога Шелдон беше болен. Нема промашена епизода. 10/10

Flashforward

Прекрасно направено... Ми се допадна целиот концепт на приказната, со нетрпение очекував да видам што ќе се случи следно. Сега крајот што е таков каков што е, направен токму за сезона 2, и баш ми е жал што ова прекина. Глумците сите одлично глумат...

The vampire diaries

Уфф оваа серија е дефинитивно прекрасна. Од првата до десеттата епизода, можеби беше малку споро дејството, но потоа немаше лоша епизода. Новите ликови кои ги воведоја во вториот дел од сезоната беа навистина супер. Пресврти, лаги, тајни, љубов, завист... сето тоа прекрасно споено. Е сега навистина има некои lame моменти, но се на се, серијава е супер.

Gossip girl

Од оваа серија мислам дека никогаш нема да се откажам... Не затоа што Џорџина ми е омилен лик од сите серии воопшто, туку серијава има нешто што цело време ме држи заинтересирана за неа... Оваа беше првата серија која ја загледав од почеток и нон стоп континуирано ја следев. Третата сезона дискутабилна, имаше супер моменти, ама имаше моменти кога навистина се изнервирав. Но како што кажав, од оваа серија нема никогаш да се откажам

Desperate housewives

Мислам исто како што кажа Дани. Поптполно се согласувам!

Не ми се допаднаа Вовед во анатомија, и Кугар таун...
Во вовед во анатомија на крајот испадна дека си биле двајца и се сакале приказна, тоа со Изи на ништо не личеше, а за Кугар таун едноставно не ме прими серијата... Незнам што, но нешто не ми се допаѓаше, па прекинав да ја гледам.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 5:58 am

Ајде и јас тука да пишам мислење.

1. LOST
Ниту една серија за мене нема да биде никогаш близу до рамништето на Изгубени. Последната сезона беше можеби и најемоционалната за најголемите фанови, зашто, ете... беше последна и сите знаевме дека ТОА Е ТОА. Дури и со две поприлично слаби епизоди во сезона (What Kate Does и Recon), Изгубени се далеку поквалитетни од остатокот од ТВ светот...

10/10

2. Fringe
Втората сезона беше шокирачки прејака. Не очекував така брзо приказната да се одвива, ама мило ми е што сценаристите не се плашеа да ги извадат „картите“ и да изиграат машки така „рано“. Повеќето серии плашејќи се да не изгубат од гледаност не експериментираат премногу. Тоа не е случајот со оваа.

9.5/10

3. V
Првиот дел од сезоната беше доста слаб, ама после тоа работите навистина почнаа да се откриваат и да стануваат појасни. Финалето, со неверојатниот перформанс на Морена Бакарин (Ана), како и неколкуте епизоди пред него беа одлични и ми ја вратија надежта.

8.5/10

4. Modern Family
Не очекував ова да ми биде најдобрата комедија за минатата сезона, но после разочарувачките сезони на HIMYM и TBBT, Модерна фамилија ми беше освежување.

8/10

5. FlashForward
Досадни и спори први десетина епизоди, спектакуларен средишен дел и уште подобар крај. Штета што ја укинаа, и дел од задоволството ми се скрати...

7.5/10

6. The Big Bang Theory
Се надевам дека ќе се вратат на старите патеки и дека третата сезона беше само препрека пред новите успеси. Освен Шелдон, сите други ликови ми беа досадни. Посебно Пени и Леонард чија врска се одолговчекуваше во текот на целата сезона...

7/10

7. How I Met Your Mother
Сезона со многу падови и успеси, меѓу кои морално е да ја споменеме јубилејната стота епизода со неверојатниот мјузикл на Барни... но ни тоа не беше доволно за да ги заборавам многуте рандом епизоди со досадни приказни и застарен хумор... Втора сезона по ред која ме разочарува. :(

6.5/10

8. Cougar Town
Ја очекував со нетрпение, но воопшто не ми се допадна. И посакувам среќа на Кортни Кокс, иако не планирам да го следам ситкомов воопшто.

3/10

9. The Vampire Diaries
Само уште еден доказ дека тинејџерските серии не се за мене. А уште помалце пак сагите со вампири. Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 299627

1/10
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeПет Окт 01, 2010 2:34 am

Еве ја и мојата (скромна) листа. :)

1. LOST
Мислам дека нема потреба тука да се дава некој посебен коментар - LOST дефинитивно за мене е најдобра серија евр. Одлично и емотивно финале на серијата. (Оцена: 10/10)

2. FlashForward
Серија која ако одеше малку подинамично на почетокот, сигурно веќе ќе видевме и што се случи со Марк Бенфорд и вториот блекаут. Немам никаква друга маана да и' најдам на FF. :) (Оцена: 9.5/10)

3. The Simpsons
Самото тоа што и во 21-вата сезона имаше респективни рејтинзи докажува за големината на Симпсонови. Некои епизоди од прв пат беа досадни, меѓутоа за чудење, од гледање втор пат ме освоија. Едвај чекам утре/задутре да ја гледам 22x01. (Оцена: 8/10)

4. How I Met Your Mother
Многумина ја сметаа за најслаба сезона, иако јас претежно целата ја изгледав во еден здив и не приметив некоја поголема слабост. :) Сепак втората сезона мислам дека ќе остане најјака. (Оцена: 7.5/10)

5. Parenthood
Да се разбереме, Parenthood не е лоша серија, меѓутоа е преспора и не е за мене. :) Ми се допаѓаат случаите што ги обработуваат во семејството Брејврмен (мислам така беа), актерската екипа е одлична... (Оцена: 6/10)

6. Modern Family
Интересна и забавна приказна комбинирана со лош хумор за мој вкус. (Оцена: 5.5/10)

7. Happy Town
Прелошо, имав големи очекувања за серијата и добив буквално нула за пола саат колку што изгледав. Понатаму не се ни трудев. (Оцена: 1/10)

* * * * *

Инаку, ќе направам и краток преглед од серии од претходни сезони во текот на изминатава сезона:

1. Prison Break 4 (Оцена: 10/10)
2. 3rd Rock from the Sun 1/2/3 (Оцена: 10/10)
3. The Big Bang Theory 1 (Оцена: 9/10)
4. Ugly Betty 1 (7.5/10)
Вратете се на почетокот Go down
Numberguy
Нов Член
Нов Член
Numberguy


Број на мислења : 88
Registration date : 2010-08-29

Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitimeПет Окт 01, 2010 6:49 pm

1. How I Met your Mother 10/10

Интересна комедија малку потсеќа на Friends, интересно сценарио и неповторливиот Нил Патрик Харис (Барни Стинсон) кој е за жал педер, ама добра ја игра улогата на женкар.

2.Modern Family 9/10

Сеуште нова серија, така може да се каже дека има само 1 сезона и 2-та сега почнува да се емитува. Интересна фамилијарна комедија, со смешни
случки.

3 Two And A Half Men 9/10
Доволно е да се каже само Чарли Шин. Закон серија.

4.Heroes 8/10

Добра н.ф. иако имам гледано малку од овој жанр.Жал ми е што NBC не прифати за 5 сезона, но во 4 кои ги гледав се разоткрија главните настани.

5.The Big Bang Theory 7/10
Уште една интересна комедија која се емитува на програмата на CBS. Јас ја гледам постојано, но и давам 7 бидејќи замараат со тие научни работи и однесување како мали деца.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10   Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Најдобра и најлоша серија-сезона 2009/10
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Прајмтајм серии :: Primetime News-
Отиди до: