Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeВистинскиот лик на Исус Христос Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Вистинскиот лик на Исус Христос

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Вистинскиот лик на Исус Христос Empty
ПишувањеПредмет: Вистинскиот лик на Исус Христос   Вистинскиот лик на Исус Христос I_icon_minitimeСаб Апр 10, 2010 5:38 pm

Вистинскиот лик на Исус Христос Vistinskiot-lik-na-isus
Компјутерските експерти тврдат дека со помош на современата дигитална технологија успеале да го прикажат лицето на Исус Христос. Резултатите се сосема зачудувачки.
Всушност, 3D фотографијата на Исус Христос не е воопшто иста како што се сметаше дека изгледа Синот Божји.

Вистинскиот лик на Исус Христос Vistinskiot-lik-na-isus2
Исус Христос бил црнокос и изгледал како ренесансните сликари, барем вака е претставен во новата фотографија.

Контурите на лицето и телото наводно се земени од крвавите платна во кои Исус Христос бил завиткан по симнувањето од крстот.

Во реконструкцијата на телото и лицето се вложени неколку месеци напорна работа, а научниците тврдат дека ова е прва реконструкција од ваков тип.
Резултатите ќе бидат претставени во документарната серија „The Real Face OF Jesus“, која ќе биде емитувана на History Chanel.

- Доколку сакате да го реконструирате лицето на Исус тогаш единствен објект кој вам може да ви помогне е платното во кое Исус бил замотан, изјави Реј Даунинг, експерт кој го предводеше ова истражување.

- Имам многу информации за тоа како навистина Исус изгледал и моја проценка е дека оваа фотографија е близу тоа како овој човек изгледал. Лицето кое што сме навикнати да го гледаме е поинакво бидејќи сега се работи за 3D фотографии. Платната не виселе на ѕид, туку тие го покривале телото. Тука лицето е скриено, изјави Даунинг.

Дебатата за автентичноста на платната трае со векови. Тестот кој што беше направен 1988 година покажа дека платната датираат од период меѓу 1260-та и 1390-та година, што се укажува дека тие биле лажни.

Но, покасно повторно беше изјавено дека резултатот можеби е погрешен бидејќи платната сепак преживеале столетија, поплави и пожари.

Два милиони луѓе очекуваат да ги видат платната во кои бил завиткан Исус Христос, кои ќе бидат изложени во катедралата во Торино, Италија.
Вратете се на почетокот Go down
 
Вистинскиот лик на Исус Христос
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Општи теми од животот :: Мистерии-
Отиди до: