Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Home"Жена Икс" можен предок на човекот Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 "Жена Икс" можен предок на човекот

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



"Жена Икс" можен предок на човекот Empty
ПишувањеПредмет: "Жена Икс" можен предок на човекот   "Жена Икс" можен предок на човекот I_icon_minitimeСаб Апр 10, 2010 5:28 pm

Генетскиот материјал од коските пронајдени во пештера во Сибир покажува дека заедно со модерните луѓе и неандерталците на Земјата живееле уште еден вид прачовечки суштества, соопштија германските научници.
Се работи за засега непознат вид хоминиди, а до откритието било дојдено по истражувањето на ДНК од митохондриите од пронајдените коски. Јоханес Краус од „Макс Планк“ институтот за еволуциска антропологија, објасни дека научниците ја споредиле добиената ДНК со човечка, мајмунска и неандерталска.

ДНК изгледала како човечка, но генетските кодови всушност се многу различни, напиша Краус во списанието „Нејчр“ (Nature). Анализите на ДНК покажуваат дека кај „Жената X“, како што во моментот ја нарекуваат, се работи за линија хоминиди кои се одвоиле од линијата од која настанале модерните луѓе и неандерталците.

Жената Х припаѓала на линијата хоминиди кои живееле во исто време со луѓето и неандерталците пред околу 40.000 години на Сибир. ДНК не открива ништо за изгледот и физичките карактеристики на видот или за тоа дали таа имала контакт со модерните луѓе.

Научниците велат дека е можно овој вид да е поврзан со хомо флоресинесис, или „хобит“, минијатурен вид кој живеел во денешна Индонезија пред 17.000 години. Научниците веќе некое време безуспешно се обидуваат да ја извлечат ДНК од коските на „хобитите“, но поради влажните услови во кои коските се пронајдени, тоа речиси е невозможно.
"Жена Икс" можен предок на човекот Zena-x
Вратете се на почетокот Go down
 
"Жена Икс" можен предок на човекот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Општи теми од животот :: Мистерии-
Отиди до: