Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЗа надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy) Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 За надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy)

Go down 
АвторПорака
Burrows
Модератор
Модератор
Burrows


Male Број на мислења : 3665
Registration date : 2009-01-09

За надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy) Empty
ПишувањеПредмет: За надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy)   За надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy) I_icon_minitimeПет Апр 09, 2010 2:20 pm

1.
Враќајќи се неколку години наназад во нашава држава единствена телевизија кој
егзистираше како што треба беше А1. Тие тврдеа и се уште тврдат дека нудат
кино-хитови од типот на „Жена-мачка“, најгледани серии како „Валкани секси
пари“ и „возбудливи“ емисии од типот на „Четири сезони“ каде млад готвач си ги
остварува своите соништа.

Но да не бидеме сурови и да бидеме искрени и да кажеме дека покрај се А1 навистина важеше за најгледана телевизија додека останатите беа во сенка. Денес работите се
променија. Денес Сител остро и се спротиставува на А1 нудејќи копии од се што
дава А1, а притоа не забележувајќи на квалитетот.

Покрај моменталната војна помеѓу двете телвизии, телевизија Телма нуди засега
најквалитетна програма, документарни емисии, серии со дејство и некои емисии од
домашна продукција. Но Телма телевизија ги нуди овие нешта на апсурден начин,
со џинглови од ’90, рекламни најави без смисол и со лош квалитет и не толку
квалитетен превод.

Гледајќи ги нештава вака можеме да кажеме дека во нашава земја не постојат квалитетни телевизии на кој можеме да бараме квалитетна програма бидејќи денес не се гледа како нештото се прикажува и нуди ниту пак квалитетот на тоа „нешто“ туку
едноставно пополнување на временскиот термин и причинување на задоволство кај
еден просечен гледач.

2.

Ако немате слушнато за овој феномен наречен „1001 ноќ“, тогаш сигурно не сте житеl на Македонија, но можеби сте на Турција!

За тие што немаат слушнато за овој феномен би сакале да ве информираме. „1001 ноќ“ е неверојатно невозбудлива серија без дејство и заплет испреплетена со љубовни
елементи и придружена со надсинхронизација. Но сепак оваа серија достигна
невидена слава па затоа на кратко ќе ги издвоиме причините:

1. Еден просечен македонски гледач нема слушнато за прајмтајм серии кои се поделени на сезони и чии епизоди обработуваат мисла која трае во текот на една епизода, па затоа овој феномен кој иако не се емитува еднаш неделно, направен е на тој начин и
ова е ново за гледачите бидејќи помалку ги потсетува на теленовела.





2. Натсинхронизацијата иако премногу критикувана е еден позначаен фактор за успех.
Односно, младите гледачи слободно можат да се приклучат на еуфоријата.





3. И како трета причина е тоа што самата приказна е типична за еден љубовен роман или шпанска теленовела но поради форматот, сега сите наоѓаат причина за гледање и ја
гледаат со задоволство. И исто така самата атмосфера во серијата е поблиска до
нашата македонска, а подалеку од шпанската и се разбира од американската
атмосфера.
Вратете се на почетокот Go down
 
За надпросечни гледачи: Сител, А1 и другите „зад“ нив / Феноменот „Шеќерка“ (Lonely Boy)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА-
Отиди до: