Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: EL SECRETO DE SUS OJOS | 2009 Вто Мар 09, 2010 12:22 am
Кратка содржина:
Бенхамин Еспосито, секретар во Извршниот суд во Буенос Аирес, е веќе подготвен да се пензионира и одлучува да напише роман базиран на случај кој се случил 30 години претходно, во кој тој воедно бил и сведок и учесник. Неговата опсесија со бруталното убиство во 1975 година ќе направи да ги разгледаме тие години по пат на флеш-бекови, носејќи ни го не само насилството во делото и сторителот, туку и една длабока приказна за љубовта кон својата колешка, која ја посакува тајно сите овие години.
Официјален трејлер:
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: EL SECRETO DE SUS OJOS | 2009 Вто Мар 09, 2010 1:22 am
Ке ме натера да го гледам само затоа што победил како странски филм, голем успех е тоа
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: EL SECRETO DE SUS OJOS | 2009 Вто Мар 09, 2010 1:41 am
Само што го изгледав филмот. . Се заинатив и немаше шанси да го оставам. Се шокирав кога на најавната шпица видов дека овој филм е во продукција на Телефе [која сите знаеме какви теленовели ни‘ носи ].
Секоја чест за феноменалната глума и саундтракот пред се‘. Приказната беше одлична, иако во текот на целиот филм одеше низ разни текови и случки. Филмот ме потсеќа по малку на филмовите на Алмодовар, можеби затоа што сите шпански филмови ме потсеќаат на него, не знам .
Сепак феноменално дело, ќе ги гледам уште "Das Weisse Band" и "Un Prophete", но не се сомневам дека овој е најдобриот. Препорака!