Откако ќе дипломира право, Елен Парсонс (Роуз Брн, Marie Antoinette) е подготвена да го испроба новостекнатото знаење во Њујорк. Таа е повикана на интервју во една успеша фирма раководена од Пети Хјуз (Глен Клоуз, The Shield), немилосрдна адвокатка со изострен инстинкт за вистина и правда која работи по избор на оние кои се борат против моќните корпорациски гиганти. И покрај тоа што ќе пропушти една профитабилна понуда поради тоа што ќе се расчуе дека била примамена од Хјуз, Елен одбива да му робува на пренатрупаниот распоред на Пети за едно интервју поради кое би ја пропуштила свадбата на својата сестра. Меѓутоа, импресионирана од начинот на кој оваа млада адвокатка ќе и' се спротистави, Пети се појавува на свадбата и и' ја понудува работата на Елен.
Во фирмата на Хјуз, Елен учи многу за работата – но учи и за суровоста – од верниот заменик на Пети, Том Кент (Тејт Донован, The O.C.), пред да почне да работи на граѓанска тужба против Артур Фробишер (Тед Дансон, Becker), бизнисмен милионер обвинет за нелегална продажба на акции при која си го задржал своето богатство,а ги банкротирал своите вработени. Игнорирајќи ги напорите на итриот адвокат на тајкунот, Реј Фиск (Жељко Иванек, Black Hawk Down), Пети чувствува можност за победа која скапо ќе го чини Фробишер, ќе ги задоволи нејзините клиенти, а неа ќе ја збогати уште повеќе.
Единствениот проблем е што дури ни федералната темелна истрага нема да може да најде ниту најмал доказ дека Фробишер знае за сомнителната трансакција. Сепак, свесен дека Пати води комплетна евиденција на неговата работа, Фробишер за да избегне каков било ризик доколку се појави на суд, измамува еден поранешен работник да ги убеди другите обвинители да прифатат сто милиони долари за да ја повлечат тужбата. Соочена со бунт откако нејзините клиенти ќе изгласаат да ја прифатат понудата наместо да одат на суд, Пети се разбеснува и го отпушта Том (или барем така изгледа) што не успеал да дознае дека клиентите веќе се согласиле да прифатат одредена сума пари. Откако Елен ќе дознае дека сестрата на нејзиното момче Дејвид (Ноа Бин, Stay), Кејти Конор, работела како готвачка кај Фробишер во исто време кога се случила продажбата на акциите, сфаќа дека постои пукнатина што може да го разјасни целиот случај. Бидејќи Фробишер истовремено е инвеститор во новиот ресторан на Кејти, таа ќе се двоуми дали да излезе со информации што би можеле да ја загрозат иднината на нејзиниот нов бизнис кој и така е несигурен – до моментот кога некој ќе се обиде да ја заплаши со тоа што ќе и' прати луѓе да и' го убијат кучето.
Кога Кејти ќе почне да трага по одговорниот за инцидентот, па дури да е тоа и Фробишер, Елен ќе почне да се сомнева дека е вовлечена во сложен заговор исцениран од страна на Пети со намера да ја натера Кејти да сведочи. Но Елен нема да успее да види колку е блиску до целта со своите претпоставки и уште повеќе ќе заглави во стапицата што Пети ја постави за Фробишер – но и за Елен. Откако Елен ќе види дека светот околу неа наеднаш се руши, бара помош од полицијата за да го расплеткаат случајот, додека Пети ги зголемува напорите за да се осигура дека Фробишер ќе плати за штетите што ги направил.
Гостин Гостин
Предмет: Re: DAMAGES, FX|2007- Пет Мар 26, 2010 1:03 am
Почнав да ја гледам серијава бидејќи има добри критики а и многу е наградувана. Првата сезона е изгледана, на почетокот имав некои двоумења но сега можам да кажам дека е навистина интересна и непредвидлива до самиот крај. Наскоро ќе ја симнам и втората сезона и продолжувам со гледање.
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Ја има гледано некој серијава? Онака асално! Случјано повеќе пати наидов на нејзе на интернет и ми изгледа доста скандалозно, се означува како психолошки трилер, манипулативни ликови, Еми награди...
Пишува дека се раскажува во интересен формат - нешто как Memento и други Ноланови филмови, и дека е позната по многуте шокантни краеви и пресврти. Баш сакам нешто вакво... Оригинално... Сакам да одам да го гледам пилотот ама да прашам прво дали некој воопшто ја има гледано што мисли???
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Многу сум задоволен од првата епизода. Прекрасна серија. Се што барам има во неа: право (се повеќе ме интересира), манипулации, злобни женски ликови, шокантни краеви и дејствија кои се одвиваат не по хронолошки редослед...
Неам што да искоментирам. Заслужно добила две Еми номинации за најдобра серија како и Златен глобус. Само уште ќе прокоментирам дека Круела де Вил (Глен Клоуз) е презакон и предобро глуми, тоа ги објаснува номинациите за Оскар, Еми итн. И ќе кажам дека ми беше пресмешно/иронично што токму во првата епизода од серија каде таа глуми МОРА да се стави акцент на кучињата и плус она да убие едно куче и да се шета со бунди. Инаку во приватен живот глумицата има отворено веб-страна за кучиња, бидејќи обожавала кучиња. Каква иронија
И за крај ќе кажам дека шокантниов крај беше
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Ме интересира дали секоја епизода се различни случки или е поврзана серијава? Ако е второто, планирам да ја погледнам.
Мене баш тоа ме привлече кај серијата. Бидејќи е адвокатска драма сметав секоја епизода различна случка. Ама не секоја сезона има различен случај што ликовите кои во најголем дел се адвокати го решаваат. Значи до сега три сезони - само три случки. А ако мислеше дали има продолжителна приказна, да има! Повеќе внимание се обрнува на какви сплетки и сл. прават Круела и компанија а помалку на судница и сл. И еве ко што читам три сезони веќе тие 5-6 ликови се и приказната постојано се развива и продолжува. Ќе ти се свиѓа верувај ми!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Кога сме кај адвокатски драми, The Good Wife според мене е најдобрата која моментално се прикажува на американската телевизија. Ако гледаме, воопшто и една од поооригиналните
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Кога сме кај адвокатски драми, The Good Wife според мене е најдобрата која моментално се прикажува на американската телевизија. Ако гледаме, воопшто и една од поооригиналните
Оваа ја имаш гледано? Бидејќи мислам ќе ти се свиѓа! Дека има адвокатски работи ко The Good Wife и така сапунести елементи на не знам... Gossip!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Кога сме кај адвокатски драми, The Good Wife според мене е најдобрата која моментално се прикажува на американската телевизија. Ако гледаме, воопшто и една од поооригиналните
Оваа ја имаш гледано? Бидејќи мислам ќе ти се свиѓа! Дека има адвокатски работи ко The Good Wife и така сапунести елементи на не знам... Gossip!
Ја немам и во скоро време не планирам. А од Good Wife, втора сезона најверојатно ќе ја гледам наеднаш.
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Затоа што ми ја препорача Дневниците на вампирите и ми се допадна премногу, ќе ја погледнам првата епизода во следниов период
Брука сум! Каков патриот!
Инаку да, знам што гледаш и што сакаш. Ама не сум сигурен дали ова ќе ти фати око. Иако е деф. квалитетна и преинтересна. Ќе те потсетува не некои култни филмови!
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Предмет: Re: DAMAGES, FX|2007- Вто Ное 09, 2010 12:55 am
OMFG! Што туку ја изгледав првата сезона. Искрено подобра епизода од првата епизода немаше во текот на целата сезона, но покрај се секоја епизода беше на ниво.
Последнава епизода беше предобра, конечно разврска со случајот и конечно Елен дозна за се што гускава на потписот што ми, и правеше зад грб. Крајот требаше да биде прешокантен. И да Е! И тоа КОЛКУ! Ама јас веќе знаев од самиот почеток дека е тоа тоа, а сите гледачи најверојатно претпоставувале. Серијава е неверојатна и ја обожавам. Сите ликови се закон, од психопатката Лајла до најпсихопатката Пети.
И само ќе издвојам најак цитат од цела сезона беше последниот од последната епизода... Детективот: How do you know that? Елен: Because I know Patty!
НАЈГОЛЕМА ПРЕПОРАКА! Гледајте па уверете дека ова е толку добро што си пишувам сам со себе ОГРОМНА ПРЕПОРАКА!
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 29 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Предмет: Re: DAMAGES, FX|2007- Пет Ное 12, 2010 11:59 am
Еве неколку промоа за втората сезона. Кај пречувствувам ќе биде побомбастична од првата. Ги ставам краткиве видеа за да ги погледнете и да видам дали ќе ви фатат окце...
Овој ми е најомилен:
И ова е јако:
А ова е тоа скандалозното што мене лично ме натера да гледам: