Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: UNITED STATES OF TARA, Showtime|2009- Вто Фед 23, 2010 12:48 am | |
| БРОЈ НА СЕЗОНИ: 2 | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 12 (засега) | ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ | IMDB | TV.COMUnited States of Tara е американска хумористична телевизиска серија, креирана од Диабло Коди („Џуно“), и премиерно прикажана во САД на кабловскиот канал Showtime. Првата сезона започна да се прикажува во јануари минатата година, додека пак втората треба да започне во март годинава. Тони Колет доби награда Еми и Златен Глобус за најдобра главна улога. Кратка содржина:
Тара Грегсон е во брак и има две деца. Таа пати од дисоцијативно пореметување на идентитетот, што ја доведува до стресни ситуации и таа се трансформира во некоја од своите алтернативни личности: дивата тинејџерка Т, старомодната домаќинка Алис, и бучниот ветеран од Виетнам, Бак. Подоцна во текот на првата сезона се појавува и уште еден нејзин лик, Гима. Поддршка и дава нејзиниот маж, Макс, помалку проблематичната ќерка Кејт, и добродушниот геј син, Маршал. Нејзината сестра, Шармејн не ја поддржува и многу често изразува сомнежи околу нејзиното пореметување. Приказната е сместена во Канзас. | |
|