Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: GREH NJENE MAJKE, RTS|2009/10 Пет Јан 22, 2010 10:17 pm
По прикажувањето на серијата „Ranjeni Orao“, српската РТС Телевизија започна со продукција на другата мини серија исто адаптација на роман на Милица Јаковлјевиќ, „Гревот на нејзината мајка“. За разлика од претходната серија, овде авторите велат дека има многу посложен заплет, подобро искарактеризирани ликови и дека претставува многу поостра приказна и тоа од трилер до мелодрама. Во продукцијата беа вклучени 100 професионални актери, а беа снимени 18 епизоди во рекордно кратко време од 88 денови. Содржината на серијава во основа е возбудлива приказна за девојката која многу млада останува на трагичен начин без родители. Сама на светот, почнува борба за место во друштвото и животот обидувајќи се да сфати што направила некогаш нејзината мајка и заради што таа мора да биде нејзиниот “грев“. Искушенијата низ кои поминува и препреките кои мора да ги совладува, ќе ја направат главната улога Неда, способна личност, за на вистински начин да се соочи со светот во кој живее и да во него најде надеж за свое место и да ја заслужи својата среќа. Дејствието се одвива во времето пред Втората Светска Војна во Србија.
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: GREH NJENE MAJKE, RTS|2009/10 Сре Јан 27, 2010 4:46 am
Одлично изгледа серијава. Зашто после Србиве најмногу гледаат домашни серии? Навистина вредат. Не е ова новела од типот на нивната Јелена која беше преглупа, него права драмска мини серија, што е најбитно. Наместо да снимиме ваква серија, ние се залетавме по паметот на Хрватите да сме снимеле сапуница.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: GREH NJENE MAJKE, RTS|2009/10 Сре Јан 27, 2010 4:53 am
Beauty напиша:
Одлично изгледа серијава. Зашто после Србиве најмногу гледаат домашни серии? Навистина вредат. Не е ова новела од типот на нивната Јелена која беше преглупа, него права драмска мини серија, што е најбитно. Наместо да снимиме ваква серија, ние се залетавме по паметот на Хрватите да сме снимеле сапуница.
Србите се неверојатни кога е за прашање на серии. Пример ќе дадам (Болји живот, Семејно богатство (одеше порано на А1) како и Вујче од Америка (ќе направам теми и за овие, ги обожавав тоа време), а да не ја спомнувам и една од најгледаните српски серии кај нас „Ќе се вратат штрковите“, треба да бидат горди на тие серии. Хрватите дефинитивно не можат да се споредат со Србите кога стануваат збор драмските серии.
Најновата од ПИНК продукција е „Целата таа рамнина“, утре ќе направам тема, трејлерот изгледа како некоја продукција од Холивуд, нешто легендарно, а од ЕМДТ дознавме дека премиерата синоќа мислам беше одма е измерена и објавена во весниците 2.5 милиони гледачи. Секоја чест!
Ако сакаат и нашите телевизии да си го дигнат рејтингот базиран само на Шехерезади и Ѓумуши, мораат да инвестираат во нешто вакво. Домашното квалитетно е секаде и секогаш најгледано!
Гостин Гостин
Предмет: Re: GREH NJENE MAJKE, RTS|2009/10 Чет Јан 28, 2010 2:23 am
Burrows напиша:
Ммм, доста квалитетни серии направиле Србите.
Ако сакаат и нашите телевизии да си го дигнат рејтингот базиран само на Шехерезади и Ѓумуши, мораат да инвестираат во нешто вакво. Домашното квалитетно е секаде и секогаш најгледано!
Кај нас немеможе една ваква серија да се направи нема каде да се снима + ова сака малку паричкиња за да направиш да изгледа се како во поранешно верме
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: GREH NJENE MAJKE, RTS|2009/10 Нед Јан 31, 2010 3:32 am
Може да се направи ваква серија, ако се сака! Проблемот кај нас е што газдите на телевизите наместо да инвестираат во програма, гледаат што повеќе да си стават во џеб.
Еве баш гледав К-15 на Алфа, содржински иако веќе излитено, гледам почнале да го снимаат со филмска камера и стварно изгледа како одличен производ. Мислам дека не треба да снимаат скечови, туку таа лента да ја искористат за снимање на поврзана серија од хумористичен карактер со истите ликови, исто ќе им се фати.