Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: RANJENI ORAO, RTS|2008/9 Пет Јан 22, 2010 9:56 pm
„Ранетиот Орел“ е нова мини серија во продукција на РТС и Кошутњак филм. Најпознатото дело на српската писателка Милица Јаковлјевиќ имал повеќе театарски адаптации, но гледачите минатата година имаа можност и да го видат во форма на играна серија во режија на Здравко Шотра. Серијата од 17 епизоди е снимана за 98 дена на дури 90 локации.
Серијата доживеала доста позитивни критики и рејтинзи. Првата епизода, прикажувана во декември 2008. била гледана од 1.5 милиони гледачи. Шоуто се емитувало 3 пати неделно. Секоја епизода доживувала се повеќе гледаност, а последната епизода на 15 јануари 2009., ја гледале 3.277.000 гледачи, што ја прави најгледана телевизиска серија во Србија досега.
Нашите гледачи имаа можност да ја гледат на РТС Телевизија, воедно има информации дека и во соседните земји меѓу кои и Македнија серијата бележела резултати. Доколку сте немале можност да ја гледале, на следниов сајт ги имате сите епизоди онлајн: http://watch0nline.info/
Во серијата ја запознаваме главната женска улога во серијата како мала, Анџелка, и Ненад, иден пилот. Тие се затекнуваат во детската игра и дознаваат тажна вест која ќе и го одбележи животот на Анџелка - дека нејзиниот татко е загинат. Приказната продолжува 20 години подоцна кога Анџелка е веќе возрасна девојка и се мажи. Тогаш почнува и заплетот на целата приказна кој ќе биде заснован на љубовните проблеми на Анџелка и моралните дилеми. Започнува нејзиниот пат, сама во конзервативниот свет на мажите.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Интересна содржина. Особено ми се свиѓа што и оваа и другата српска серија се базирани на познати дела на српска писателка. Не гледам РТС, така да не ни знам дека се давала таму