Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 12:01 am
А ти Марко гледаше? :D
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 12:04 am
Првата епизода беше многу слаба, барем од првово гледање ми се чини така. Премногу е се’ развлечено, по се изгледа немаат приказна за 10 епизоди, ама сакаат поголем профит да добијат. Се надевам дека следниве епизоди ќе имаат повеќе акција, многу повеќе, од оваа...
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 12:09 am
Јас стварно не знам како може да ве привлече серија во која тематиката е војување (ако не се лажам)
Ма колку и да е скапа и не знам што да вложиле во неа, мене не ме привлече ама ни малку и не ја гледав првата епизода!
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 12:13 am
Трејлерот ветуваше, ама како и во повеќето случаи, трејлерот ни даде повторно лажна надеж... барем јас се чувствувам така.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 1:12 am
Пред половина час завршив со гледањето на епизодата. Ја гледав во HD симната, така да квалитетот беше повеќе од одличен.
Е сега... и јас сум доста разочаран од текот на настаните во епизодата, делот кога се водеше битката, кога Јапонците почнаа да бомбардираат и да напаѓаат беше премногу развлечен, доста време се случуваше само во таа сцена, така да голем минус околу тој дел, но колку што прочитав од рецензијата и од коментарите, до трета епизода нема да биде вака, во секоја епизода настаните ќе се скоцентрираат и на други работи, не само на војната, тоа ме радува, па продолжувам да ја симнувам.
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 16, 2010 1:20 am
Burrows напиша:
А ти Марко гледаше? :D
ќе гледам или вечерва или утре
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пет Мар 19, 2010 8:46 pm
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пет Мар 19, 2010 8:51 pm
И на 15 овој месец си го рекол тоа па гледам уште не си ја изгледал
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пет Мар 19, 2010 8:53 pm
Chris напиша:
И на 15 овој месец си го рекол тоа па гледам уште не си ја изгледал
Не не утре сигурно ја гледам па ако сака и светов да се преврти таман ќе ја изгледам и го гасам HBO
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пет Мар 19, 2010 9:44 pm
Мене сабајле ме излага таа една ројка од Телеком, ми вика имаш уште еден месец гратис да користиш HBO, а не е точно од 19 декември користам, а она ми вика од 19 јануари
Сепак ја заебав, и реков, не мора уште еден месец, го откажувам
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Саб Мар 20, 2010 2:18 am
NateArchibald напиша:
Мене сабајле ме излага таа една ројка од Телеком, ми вика имаш уште еден месец гратис да користиш HBO, а не е точно од 19 декември користам, а она ми вика од 19 јануари
Сепак ја заебав, и реков, не мора уште еден месец, го откажувам
а не е до 20 ти ,ја утре ќе го откажам
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Саб Мар 20, 2010 2:37 am
1) И никој не пишува на него. 2) Да го видиме и тоа чудо.
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пон Мар 22, 2010 1:34 pm
втора епизода ја има на замунда
првата епизода беше многу јака и некако брзо се дешаваја борбите,напнато беше и не се знаеше кој кого пука ја денсека го откажан и HBO
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пон Мар 22, 2010 11:49 pm
Ми се сними пред малку и втората епизода, чекам само погодно време за да ја изгледам. Првата ја гледав уште еднаш пред неполни два часа, и останувам на истиот впечаток - дека дејството беше преспоро, но верувам дека ќе гледаме многу повеќе акција в иднина.
Во меѓувреме, еве ја воведната песна од The Pacific... неповторливиот Ханс Зимер со уште едно маестрално дело, во соработка со Геоф Занели и Блејк Нели... уживајте, прекрасна е мелодијава!
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пон Мар 22, 2010 11:54 pm
мм!! филмска музика само тоа знае да ме опушти во моментов фала Losteech
еве како се снимаше серијава
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Вто Мар 23, 2010 1:16 am
Losteech напиша:
Ми се сними пред малку и втората епизода, чекам само погодно време за да ја изгледам. Првата ја гледав уште еднаш пред неполни два часа, и останувам на истиот впечаток - дека дејството беше преспоро, но верувам дека ќе гледаме многу повеќе акција в иднина.
Чекам што побргу коментар од изгледана епизода од тебе.
Само што ја изгледав втората епизода, и сум под огромни импресии. Ова е speechless .
Колку што пилотот беше без акција, и со голема доза на бавни дејствија, втората епизода си го направи своето. Ова беше нешто неверојатно. Во текот на 55те минути, ниту еднаш не стопирав ниту пак ме натера да престанам да гледам. Толку јаки цитати, неверојатна глума, зачудувачки ефекти и музика, ма секоја чест. Ова дефинитивно беше знак за продолжување понатаму, и тоа симнување како и досега во овој висок квалитет.
Иначе една од појаките сцени кога неочекувано Јапонците почнаа да ги напаѓаат, а тие се криеја позади дрвото, какви ефекти, толку јако се бореа, навистина како што им кажа тој еден на крајот: “Во САД сите зборуваат за вас, вие сте херои во вашите домови“ .
Исто така дури имаше и смешни моменти, пример кога им стигнаа пакетите од домовите, и сите шокирани и без размислување почнаа да си крадат еден со друг . И на почетокот на епизодата почнуваше како документарец, одлично изработено
Стивен Спилберг, Том Хенкс and co. секоја чест
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Чет Мар 25, 2010 2:05 pm
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Чет Мар 25, 2010 2:18 pm
Па би требало да е познато од порано како се викаат епизодите.
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Пет Мар 26, 2010 2:12 am
Пак ја изгледав првата епизода ,но овојпат на раат. Борбите беа толку добри фрчеа искри од секаде не се знаеше кој кого пука и кога се раздени имаше доста многу убиени луѓе ,глупо ми дојде тоа што уште не почнати борби на почетокот утепале еден кој бил на мочање ,а најжално ми падна кога го упуцаја кинезот и исто жал ми дојде кога му честитаја роденден на крај на Сид Филипс бидејќи предходно читаше писмо од сестра му
Ептен добра серија е ова браво за Стивен Спилберг и Том Хенкс
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 5:44 pm
сега си ја симнав и серијата Band of Brothers ,која е од иста продукција и истите Стивен Спилберг и Том Хенкс ,ја имате на замунда со екстра добар квалите bluray rip исти како да е HD
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 5:50 pm
А за што се работи во серијава? Мене самите промо видеа ме оттргнуваат целосно и не можам ниту една епизода да погледнам.
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 5:52 pm
Chris напиша:
А за што се работи во серијава? Мене самите промо видеа ме оттргнуваат целосно и не можам ниту една епизода да погледнам.
војна како што можеш да заприметиш по сликите
еве ја приказната
На 8-ми Декември, 1941 година, малку повеќе од 24 часа по изненадниот напад на Јапонците врз Американската поморска база во Перл Харбор, конгресот официјално ѝ објавил војна на Јапонската империја. Тензијата помеѓу Јапонија и САД растела цела деценија, со проширувањето на освојувањата на Јапонците на поширок регион вклучувајќи поголем дел од Кина и Југоисточна Азија. Како резултат на бомбардирањето на Перл Харбор, САД официјално влегуваат во Втората светска војна која веќе три години беснее помеѓу земјите на Алијансата, меѓу кои Обединетото Кралство, Советскиот Сојуз, Кина, Канада и Австралија, против здружените сили на Јапонија, Германија и Италија.
Практично преку ноќ, воените служби за регрутација се пренатрупале со илјадници Американци кои брзале да се пријават во вооружените сили. Многумина од тие млади луѓе избрале да се пријават во Маринските сили, кои тројно ги зголемиле своите редови во период од шест месеци по нападот на Перл Харбор.
Додека минисеријата "Браќа по оружје" ги следи искуствата на една паравоена чета во Европските операции, ПАЦИФИК ја опишува војната во од другата страна на светот, во операциите во Пацификот, кои го опфаќале поголемиот дел од Тихиот океан и неговите острови, вклучувајќи ги Филипините, Холандските Северо-Индиски острови, Нова Гвинеја и Соломоновите острови. Минисеријата ги следи испреплетените патешествија на тројца мажи од првата Маринска дивизија, пешадиска дивизија со прекар "Стара сорта" поради нејзината положба како најстара и најширока активна дивизија во Маринските сили на САД. Со поддршка на останатите Маринци и соборците од Морнарицата, Воздухопловните сили и Армијата, првата Маринска дивизија била на чело на голем дел од најтешките походи во војната во Пацификот.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 5:55 pm
Војна и само војна? Никакви други случки?
Гостин Гостин
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 7:00 pm
Chris напиша:
Војна и само војна? Никакви други случки?
Па првата епизода немаше толку јака војна не беше само војна имаше на почеток така уводен дел ,втората епизода вечерва ќе ја гледам
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE PACIFIC, HBO|2010 Нед Мар 28, 2010 7:38 pm
Chris напиша:
Војна и само војна? Никакви други случки?
Не, нема сите епизоди да бидат само со војна поврзани, и нивните животи ќе се прикажуват, откако ќе се вратат од војната.