L'Internat е француска серија, преработка на популарната шпанска серија El Internado. Серијата започна да се прикажува на 19 ноември 2009 година на каналот М6. Првата сезона имаше 10 епизоди и заврши со прикажување на 10 декември 2009. Серијата би требало да добие и втора сезона, но тоа се уште не е потврдено.
L'Internat - Интернат Земја на потекло: Франција Година на емитување: 2009- Број на епизоди: 10 (засега)
1 сезона: 10 еп. = 10 епизоди (засега)
Кратка содржина:
Строгост и дисциплина е мотото на интернатот Валгранж. Оваа престижна школска установа се наоѓа во срцето на една оддалечена и тајновита шума. Во ова место, полно со мистерии, живеат ученици на сите возрасти. Директорот на училиштето, Виктор Дурие, го оствари својот сон од старото сиропиталиште да создаде едно од најдобрите приватни училишта во тој регион. Остатокот од вработените се Елза Ландроф, шеф на наставничкиот совет, Антуан Камил, професор по економија, Оскар Сантини, професор по историја, Ибер Д'ламбр, професор по математика, Жулиан Навар, задолжен за спортот и Надиа Акал, која се грижи за помалите. Покрај нив, тука се и Елен Масар, која се грижи за интернатот, Гзавие Лоре, младиот готвач и Мари Перие, новата чистачка, која пристигнува дента кога почнува новата школска година. Сите се подготвени за почетокот на школската година, но интернатот е исполнет со тајни кои набрзо ќе им ги променат животите на сите кои се наоѓаат во него.