Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeVALE TUDO, Rede Globo|1988/9 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 VALE TUDO, Rede Globo|1988/9

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

VALE TUDO, Rede Globo|1988/9 Empty
ПишувањеПредмет: VALE TUDO, Rede Globo|1988/9   VALE TUDO, Rede Globo|1988/9 I_icon_minitimeСре Дек 02, 2009 4:02 pm


VALE TUDO, Rede Globo|1988/9 VALE+TUDO+PROMO+01

Vale Tudo - Вреди сè
Период на емитување: 16 мај 1988 - 6 јануари 1989
Број на епизоди: 204

Синопсис:

Корупција, незаконско изнесување на валута надвор од државата, производство на оружје, мистериозни умирања и уште многу работи од тој вид на судбината за Бразилците не се изненадувачки. Тие теми, кои ги исполнуваат дневните хроники секој ден, предводени од љубовните триаголници, борбата меѓу Доброто и Злото, се основа на новелата „Вреди сè“. Новелата е напишана од Агиналдо Силва (Duas Caras, Senhora do Destihno)

Дејството се развива во Рио де Жанеиро и Фос до Игуасу, освен тоа, некои од сцените се снимани и во Сао Пауло. Откако сопругот ја остава Ракел со ќерката во раце, таа започнува да работи како водич. Ракел е убедена дека само работата може да обезбеди достоен живот за човекот. Ќерка ѝ, Марија де Фатима за постигнување на своите цели користи сè: лаги, лицемерие дури и кражба. Таа без размислување ја продава единствената сопственост на семејството – малата куќа во Фас де Игуасу и бега од дома со сите пари кои ги наследила од својот дедо, оставајќи ја мајка си, апсолутно без ништо. Фатима пристигнува во Рио за да се обиде да стане професионален модел. Таму, за време на снимањето на една реклама, таа се запознава со фото-моделот Сезар. Фатима се претставува како модел и ќерка на земјосопственик од Буенос Аирес. Сезар успева да ѝ додели главна улога во таа реклама. Додека Ракел се подготвува да отиде во Рио, за да ја пронајде ќерка си, Фатима живее во домот на Сезар, за кој воопшто не чувствува ништо. Планирајќи да стане позната манекенка, Фатима започнува да оди секаде со своето прекрасно момче. Во тоа време, Иван пристигнува во Сао Пауло, потполно подготвен да започне работа за голема компанија од Рио де Жанеиро. Тој е разведен, има син и им помага финансиски на своите родители. Тој изнајмува соба во хотел и се подготвува да го добие билетот, но повторно не го добива и се враќа во редовите на неработниците. Во весникот, каде работи татко му, Иван се запознава со Ракел. Страста ги занесува и двајцата, не знаејќи ништо еден за друг.

Иван ѝ помага на Ракел да ја најде ќерка си. Меѓу Ракел и Фатима се појавува скандал откако Сезар дознава за вистинскиот идентитет на Фатима. Сезар си замиунва без да му ја соопшти на некој новата адреса, но поради новата девојка Соланж, гледачите откриваат каков е всушност Сезар; авантурист, и модел на врвот на шоу бизнисот. Фатима ја пронаоѓа својата мајка но не сака да има контакт со неа. Ракел започнува свој бизнис кој малку по малку започнува да се зголемува. Минува време и Иван успева да најде слободно место во ноќен оператор на телефонска компанија, исто така тој користи и оружја добива пристпат до тајна информација, која тој може да ја искористи за професионален успех. Тој тајно се вовлекува во светот на директорите, и станува десна рака на Директорот на трговскиот дел во фирмата. Еден од вработените во фирмата, се обидува да изнесе незаконски долари во странство. Тој го изнајмува бившиот сопруг на Ракел, Жерсон, за да ги скрие парите. Но после пристигнувањето на местото, Жерсон кој во рацете држе куфер со долари, му станува лошо. Тој се враќа на островот каде што му помага Ракел, која го зема куферот без да ја знае неговата содржина. Одети се сопственичка во фирмата Ројтман. Таа пристигнува во Бразил, за да го земе своето место и открива дека ќерка си, Елениња, е повторно пијана после осум месеци откажување на алкохолот. Фатима до смрт ѝ завидува на Соланж, свршеницата на милионерот Афонсо. Сезар и Фатима откако ќе се сретнат повторно вклучуваат договор дека ќе останат заедно, но ќе си најдат богати парнери, преку кои ќе ги остварат своите замисли. Ракел открива за доларите и се плаши. Со бабата на Афонсо, Одети, и со наследникот кој се јавува како нејзин свршеник, Фатима учевствува во жестока интрига, која ќе ги раздели Иван и Ракел и да го принуди да се ожени за Елениња, бивша алкохоличарка и бившата сопруга на претпретседателот на фирмата Оливеиро. Ракел и Иван се разделуваат и тој се жени за Елениња.

Сезар е нападнат од бандити, кои сметаат дека парите се во него. Тој ѝ кажува на тоа за Фатима и и двајцата дознаваат дека парите се во Ракел. Сезар без никаков срам ја ограбува мајката на Фатима. Но пред бегството од границата со Сезар, Фатима размислува да се омажи за Афонсо. Денот на свадбата им е закажан и двајцата планираат да одат во Лодон. За да го задржи Сезар како љубовник, Фатима успева да му најде работа во лондонската филијала на фирмата. По настојување на Одети, бабата на Афонсо вклучува договор; во случај на развод после две години од бракот, Фатима ќе има право на милион долари. Пред самата свадба, Ракел ги открива новите злобни планови на ќерка си и повторно се кара со неа. Ракел повторно го среќава Иван и го моли за прошка, но тој не прифаќа. Ракел се сомнева во неговите зборови и тој тогаш ѝ соопштува дека се оженил. Ракел станува лоша и полна со одмазда. Бракот на Иван започнува да заладува, а Ракел да постигнува успех во бизнисот. Благодарение на случајност, Иван и Ракел повторно се среќават и ја поминуваат ноќта заедно. По сета оваа врска, бракот на Иван се распаѓа, а Елениња дознава за односите помеѓу Иван и Ракел и се самоубива. Фатима и Афонсо се разведуваат, а бракот не им издржува ниту две години како што е напишано во договорот. Фатима го убива Оливеиро после голем скандал. Ракел ја превзема вината но само Иван верува во нејзината невиност, тој е воедно и единствениот кој може да ја спаси.

УЛОГИ: Рехина Дуарте (Ракел), Антонио Фагундез (Иван), Глорија Пирес (Фатима), Карлос Алберто Ричели (Сезар), Касиа Кис (Лејла), Касио Габус Мендес (Афонсо), Лилија Кабрал (Алдеиде)
Вратете се на почетокот Go down
 
VALE TUDO, Rede Globo|1988/9
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» O PRIMO BASILIO, Rede Globo|1988
» A LUA ME DISSE, Rede Globo|2005
» MAYSA, Rede Globo|2009
» TROPICALIENTE, Rede Globo|1994
» BELISSIMA ,Rede Globo|2005/6

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Теленовели :: Теленовели од Бразил-
Отиди до: