"ДВА МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА" е американска драмска серија под продукцијата на феноменалната телевизија за драмски серии HBO. Серијата е креирана од добитникот за Оскар за најдобро сценарио за филмот „Американска убавина“, сценаристот Алан Бал, кој исто така доби Еми наградата за ова шоу. Серијата се фокусира на едно ексцентрично семејство во кое постојано се случуваат некои необични згоди и незгоди. Драмата вкупно има 7 Еми награди и 32 номинации, и 3 Златни Глобуса и 8 номинации на истоимената церемонија.
Нашите гледачи серијата можат да ја следат на каналот AXN, кој моментално се прикажува само во понудите на дигиталните телевизии.
Кратка содржина: Фишерови се дисфункционална фамилија која поседува и води приватно погребно друштво во Лос Ангелес. Откако главата на фамилијата Натаниел Фишер веќе не е меѓу живите, по сообраќајната несреќа возејќи ја новата погребална кола, неговата сопруга Рут, синовите Нејт и Дејвид, и ќерката Клер се оставени на милост и немилост на секојдневието. Обврските околу водењето на фирмата ќе се испреплетуваат со нивните приватни проблеми.
blabla Нов Член
Број на мислења : 53 Registration date : 2010-08-08
Се сеќавам на серијава, предобра е! Ми се чини дека ја гледав на некој странски канал, не ја даваа во Македонија. И на Нова се сеќавам дека ја имаше едно време.
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05