Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Пон Мар 22, 2010 2:38 am
Оригинален наслов: CADILLAC RECORDS
Улоги: Adrien Brody, Jeffrey Wright, Beyonce Knowles, Gabrielle Union, Columbus Short, Cedric the Entertainer, Emmanuelle Chriqui, Eamonn Walker, Mos Def Сценарио и режија: Darnell Martin Година на производство: 2008 Жанр: драма
Филмот е приказна за издигнувањето и падот на музичката компанија Чес Рекордс која ја основал Леонард Чес. Приказната почнува кога младиот полски емигрант, сопственик на бар, Леонард Чес, ќе најми дуо талентирани, но не баш дисциплинирани млади момчиња, свирачи на блуз. Во оваа интересна група членуваат тивкиот и замислен гитарист Мади Вејтерс и импулсивниот свирач на хармоника Литл Волтер. Фасциниран од нивната музика и со желба да вложи во снимањето музички албуми, Чес се договара со момчињата да снимат песна која ќе им донесе голема популарност и пари. Тој ги третира како свое семејство. Им купува автомобил "кадилак" и им овозможува удобен живот. Но, понекогаш, ако се премине линијата меѓу бизнисот и приватноста, почнуваат да се случуваат разни конфликти. Откако ќе се раздели од Мади, Литл Волтер, станува ѕвезда, но неговиот темперамент и карактер го оставаат сам, без искрени пријатели на кои може да им верува.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Мар 24, 2010 12:03 am
Од режисерот на „Полар експрес“ и анимираната акција „Беовулф“, кон крајот на 2009., година за празниците во светот излезе премиерно во кината новата анимирана фантазија, адаптирана според приказната на Чарлс Дикенс, која датира уште од 1843 година и досега доживеала доста филмски адаптации. Џим Кери и Гери Олдман ги позајмуваат гласовите на едни од главните улоги. Филмот низ светот беше прикажуван во дигитално 3Д и IMAX 3Д.
Последната промена е направена од NateArchibald на Сре Мар 24, 2010 2:51 am. Мислењето е променето 1 пати
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Мар 24, 2010 2:48 am
NateArchibald напиша:
Од режисерот на „Полар експрес“ и анимираната акција „Беовулф“, кон крајот на 2009., година за празниците во светот излезе премиерно во кината новата анимирана фантазија, адаптирана според приказната на Чарлс Дарвин, која датира уште од 1843 година и досега доживеала доста филмски адаптации. Џим Кери и Гери Олдман ги позајмуваат гласовите на едни од главните улоги. Филмот низ светот беше прикажуван во дигитално 3Д и IMAX 3Д.
Дикенс. Дарвин е друг.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Мар 24, 2010 2:50 am
Игор напиша:
NateArchibald напиша:
Од режисерот на „Полар експрес“ и анимираната акција „Беовулф“, кон крајот на 2009., година за празниците во светот излезе премиерно во кината новата анимирана фантазија, адаптирана според приказната на Чарлс Дарвин, која датира уште од 1843 година и досега доживеала доста филмски адаптации. Џим Кери и Гери Олдман ги позајмуваат гласовите на едни од главните улоги. Филмот низ светот беше прикажуван во дигитално 3Д и IMAX 3Д.
Дикенс. Дарвин е друг.
Се извинувам на грешката. Да, Дарвин е оној од биологијата ако не се лажам. Што ги поделил организмите и растенијата во групи.
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Мар 24, 2010 5:20 am
NateArchibald напиша:
Игор напиша:
NateArchibald напиша:
Од режисерот на „Полар експрес“ и анимираната акција „Беовулф“, кон крајот на 2009., година за празниците во светот излезе премиерно во кината новата анимирана фантазија, адаптирана според приказната на Чарлс Дарвин, која датира уште од 1843 година и досега доживеала доста филмски адаптации. Џим Кери и Гери Олдман ги позајмуваат гласовите на едни од главните улоги. Филмот низ светот беше прикажуван во дигитално 3Д и IMAX 3Д.
Дикенс. Дарвин е друг.
Се извинувам на грешката. Да, Дарвин е оној од биологијата ако не се лажам. Што ги поделил организмите и растенијата во групи.
Всушност, Дарвин е оној кој вели дека човекот потекнува од мајмун. :))
Гостин Гостин
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Мар 24, 2010 1:59 pm
Приказната се одвива во Зелената зона на окупираниот Ирак - на територијата под контрола на САД Армијата. Агенти на ЦИА се во потрага по траги од оружје за масовно уништување. Пристрасна истрага станува очигледна протагонист слики офицер Рој Милер. Тој е, исто така, вклучени во истрагата на случаи на забрането оружје. Во овој случај негово мислење е многу различен од ставовите на команда, но се нивните резултати и пресметки, во овој случај, станува опасно за животот на Милер. Во случајот влегува и тајна единица на ЦИА. Одделот за воени почнува да плаќа битка со тајните служби, со цел да ја прикријат дезинформации од Владата на САД. Милер станува пречка за двете страни на конфликтот и тој мора да наоѓа решение меѓу две такви моќни агенции.
IMDB Оценка : 7.2/10 (4,256 оценки) Држава : САД, Франција, Шпанија, Велика Британија Главна улога :Matt Damon
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Нед Мар 28, 2010 6:27 pm
Овој анимиран филм е приказна за двајца различни луѓе, кои на почетокот не се познаваат, од различни континенти, и кои постепено стануваат најдобри и единствени пријатели. Еден од двајцата главни ликови е Мери која живее во Австралија, има 8 години, никој не и обрнува внимание, дебелка е, и нема пријатели. Другиот лик е Макс од Њујорк, има 40-тина години, тој е евреин, дебел, атеист, не се снаоѓа во општеството и нема пријатели. Приказната ја следи нивната комуникација преку писма, созревањето на Мери и стареењето на Макс, развојот на пријателството, преку кое се отворени многи интересни теми од животот, и сето тоа проследено со одлично сценарио и одличен хумор.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Чет Апр 08, 2010 9:26 pm
Иако не помина ниту еден месец од светската премиера на оваа комедија, деновиве излезе одлична двд снимка. Жерард Батлер и Џенифер Анистон, новата холивудска двојка се појавува во оваа акциона романтична комедија. Жерард го глуми Мило Бојд, кој добива на задача да ја смести во затвор својата бивша жена, новинарка, која направила кривично дело. Но таа му побегнува, и почнува потрагата и ловењето на својата бивша сопруга.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Апр 14, 2010 10:47 pm
Од режисерот на трогателната драма „Хачико, приказна за едно куче“, пред неколку месеци ни пристигна романтичната драма, базирана на романот од вечниот писател на љубовни романи, Николас Спаркс. Ѕвездата од мјузиклот „Мама Миа“, Аманда Сејфрид се појавува како главна женска улог. Џон Тајри е момче кое до завршувањето на својот воен рок има уште само неколку недели. За време на краткиот одмор од војската тој ја запознава прекрасната Савана и помеѓу нив набргу се раѓа силна врска. Меѓутоа, после трагичните настани на 11. септември 2001. година, Џон одлучува да го продолжи својот воен рок па нивната комуникација продолжува само преку писма. Компликацијата настанува кога Савана ќе запозне друго момче кое ќе ја запроси.
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Чет Апр 15, 2010 12:34 am
Глуп филм Коа го глеаш ти е онака али после од коа сфакаш што си глеал...
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Сре Апр 21, 2010 10:25 pm
Кога прославата за нивната четиригодишна врска поминува без свршување, Ана (Amy Adams) ќе ги земе работите во своите раце. Сметајќи на ирската традиција дека на жените им е дозволено да ги запросат момчињата на 29. февруари, Ана одлучува да тргне кон своето момче Џереми во Даблин и да клекне на едно колено. Но авионите, времето и судбината ќе сторат Ана да биде заробена во спротивната страна на Ирска каде што ќе мора да бара помош од згодниот и самоуверениот Деклан да ја префрли на другата страна од државата. Додека Ана и Деклан се спојуваат на патот преку Смарагдниот остров, ќе откриеме дека до патот на љубовта, судбината може да не однесе на неочекувани места.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Пет Апр 30, 2010 7:15 pm
Од режисерот на Pretty Woman доаѓа новата романтична комедија во која се појавува актерската екипа од соништата: Џулија Робертс, Ештон Качер, Патрик Демпси, Бредли Купер, Џенифер Гарнер, Џесика Алба, Ен Хетавеј, Џесика Бил, Тејлор Лаутнер, Џејми Фокс, Ема Робертс, Тејлор Свифт и Квин Латифа се само некои од десетиците познати холивудски ѕвезди кои се појавуваат во оваа приказна за вљубени парови.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Саб Мај 08, 2010 1:49 pm
Самец (A Single Man) е американски драма филм од 2009 год. Филмот е базиран на истоимениот роман на Кристофер Ишервуд. Филмот е во режија на дизајнерот Том Форд. Во филмот како главен лик се појавува Колин Фирт како британски геј професор во колеџ кој живее во Јужна Калифорнија во 60те години. Дејството се случува во Лос Анџелес, во 1962 год. Филмот е приказна за Џорџ Фалкон, 52-годишен професор на колеџ, кој се бори да најде смисла во својот живот, по смртта на долгогодишниот партнер Џим. Постојано гледајќи во минатото, Џорџ не гледа своја иднина. Минувајќи низ серија настани и средби тој се прашува дали има значење неговиот живот по смртта на Џим. Најголема поддршка има од својата пријателки Чарли, 48-годишна убавица, која има големи лични проблеми.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Пон Јун 07, 2010 2:13 am
Деновиве конечно излезе блу реј/двд снимка од новиот филм во кој главна улога игра Роберт Патинсон, ѕвездата од хитот „Самрак“. Патинсон во филмот го глуми Тајлер, млад бунтовник кој после семејната трагедија постојано е во кавга со својот татко. Тајлер верува дека никој не може да го разбере, но по игра на случаеви ја сретнува Али. Љубовта му е последната мисла на умот, но со Али се чувствува се‘ подобро и подобро и започнува да се вљубува во неа и да се чувствува среќен и исполнет. Но, се откриваат скриените тајни и нивната љубов ќе се најде на удар на судбината.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Download New Movies [torrent files] Чет Jул 08, 2010 11:27 pm
Џен Корнфелд (Katherine Heigl) се обидува да се смири од тешката разделба и не верува дека повторно ќе се заљуби во некого. Таа со лошо расположение се согласува да им се придружи на родителите на одмор на Француското крајбрежје. Таму таа го сретнува мажот од нејзините соништа - прекрасниот Спенсер (Ashton Kutcher). Три години подоцна нивната единствена желба е исполнета: таа и Спенсер се во брак и имаат одличен живот. Тоа е така се до дента на 30-от роденден на Спенсер, кога започнуваат да летат куршуми. Буквално. Се дознава дека тој заборавил да и спомне дека бил најмен убиец. Сега идеалниот свет на Џен се променува. Таа треба да му ги открие сите тајни, да ги избегне куршумте, да го запази мирот на соседите, и да се справи со роднините.