The Prisoner ќе биде телевизиска мини-серија базирана на оригиналната серија од 60-тите години на минатиот век. Шоуто е произведено од страна на американската кабелска телевизија AMC во соработка со британската мрежа ITV.
Оригиналната верзија на „Затвореникот“ и ден-денеска се смета за еден од најуспешните и најоригинални Британски проекти. Оваа верзија премиерно се прикажувала од 29 септември 1967 година, до 1 февруари 1968. Во главната улога бил Патрик МекГохан (кој истовремено бил и сценарист), а своевремено серијата претставувала мешавина на шпионска фантазија со елементи на научна-фантастика, алегорија и психолошка драма.
Според трејлерот за новата американска верзија на серијата прикажан на Comic Con-от во Сан Диего, јасно е дека темата на серијата си останува иста - човек се буди во село кое е одделено од остатокот од светот со планини и мориња. Самото село е осигурано со агенти, разновидни набљудувачки системи и чудни безбедносни уреди (вклучувајќи мистериозна машина наречена Ровер која ги заробува оние кои вршат обид за бегство). Во селото има илјадници луѓе од најразлични земји и култури низ светот. Во новата верзија, нивните мемории од „претходниот“ живот им се уништени.
Премиерата на оваа мини-серија во шест епизоди ќе се случи в недела, 15 ноември, на AMC!
Трејлер:
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE PRISONER, AMC|2009 Пет Ное 13, 2009 5:57 pm
AMC ги прави најдобро прифатените т.е оние од критичарите серии, но никако не се за мој вкус.
Момците од Медисон никако не ми се допаѓаат
Но, секоја нивна содржина звучи доста интересно
Последната промена е направена од NateArchibald на Пет Ное 13, 2009 6:11 pm. Мислењето е променето 1 пати
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: THE PRISONER, AMC|2009 Пет Ное 13, 2009 5:59 pm
Ова е многу поразлично од Mad Men. Сум слушнал многу работи за оригиналната серија, но ниту една од нив во негативна конотација...
Токму поради тоа планирам да ја симнам оваа мини-серија. Знам дека нема да биде добра како оригиналот, но да видам барем за што се работи. Трејлерот ветува. И да, очекувам серијава да освои барем едно ЕМИ идната година, бидејќи како што кажа, Академијата е наклонета кон AMC во последниве две години.
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21