Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСвински грип Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Свински грип

Go down 
+7
solange
Chris
Pitt
Ana-Marija
Missy
Beauty
Bobi
11 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 12:00 am


1.Што е свинска инфлуенца?

2. Кои се импликациите по здравјето на луѓето?

3.Каде се појавија случаи на заболување кај луѓето?

4.Како луѓето се инфицираа?

5.Дали е безбедно да се јаде свинско месо и свински производи?

6.Кои држави се зафатени со епидемии кај свињите?

7.Дали има ризик од пандемија?

8.Дали постои вакцин за заштита од свинска инфлуенца?

9.Кои лекови се на располагање за лекување?

10.Што треба да направам ако сум во редовен контакт со свињи?

11.Како можам да се заштитам од заразување со свинската инфлуенца од инфицирани луѓе?



Што е свинска инфлуенца?

Свинската инфлуенца или „свински грип“ е многу заразна акутна респираторна болест кај свињите, предизвикана од еден од неколкуте вируси на свинска инфлуенца тип А. Морбидитетот има тенденција да е висок а морталитетот низок (1-4%). Вирусот се шири меѓу свињите со аеросоли (воздушни капки) и со директен и индиректен контакт, постојат и асимптоматски носители кај свињите. Епидемии кај свињите се јавуваат во тек на целата година со зголемена инциденца во есен и зима. Голем број држави рутински ја вакцинираат популацијата на свињи против свинска инфлуенца.

Вирусот на свинската инфлуенца најчесто се јавувува во подтипот H1N1, но и други подтипови циркулираат кај свињите (на пример: H1N2, H3N1, H3N2). Свињите можат, исто така, да се инфицираат со вирусите на авијарна инфуенца (причји грип) и сезонската инфлуенца кај луѓето како и вируси на свинска инфлуенца. Се смета дека свинскиот вирус на инфлуенца H3N2 е пренесен кај свињите од луѓето. Понекогаш свињите можат да се инфицираат со повеќе од еден вид на вирус истовремено, со што се овозможува мешање на гените помеѓу вирусите. Ова може да резултира со вируси на инфлуенца кои содржат гени од поголем број извори така наречени „ресортирани“ вируси ("reassortant"). Иако вирусите на свинскиот грип нормално се специфични за одредени животински видови и ги инфицираат само свињите, но понекогаш тие ја минуваат границата на животинскиот вид и предизвикуваат болест кај луѓето.

Кои се импликациите по здравјето на луѓето?

Повремено се пријавуваат епидеми и спорадични случаи на инфекции кај луѓето со свинска инфлуенца. Општите клинички симптоми се слични на сезонската инфлуенца но пријавените клинички манифестации се од широк распон, и тоа од асимптоматски инфекции до тешки воспаленија на белите дробови кои смртно завршуваат.

Бидејќи клиничката слика на свинската инфлуенца кај луѓето се манифестира слично на сезонската инфлуенца и други акутни инфекции на горните дишни патишта, најголемиот број на заболени случајно се откриени преку надзорниот систем за сезонска инфлуенца. Лесните или асимптоматски случаи можат да не се забележат и поради тоа вистинската застапеност на оваа болест кај луѓето е непозната.

Каде се појавија случаи на заболување кај луѓето?

Од започнувањето на примената на Меѓународниот здравствен правилник (2005 г.)[1] во 2007 година, СЗО доби известувања за случаи на свинска инфлуенца од САД и Шпанија.

Како луѓето се инфицираа?

Луѓето заболуваат од свинска инфлуенца од инфицирани свињи, кај некои луѓе не е забележана историја на контакт со свињи или средини каде свињите е сместени. Преносот од човек на човек се појави во неколку случаи, но беше ограничен на близок контакт и затворени групи на луѓе.

Дали е безбедно да се јаде свинско месо и свински производи?

Да. Не се покажа дека свинската инфлуенца може да се пренесе на луѓето со јадење на соодветно подготвено и зготвено свинско (свинско месо) или пак други производи од свињи. Вирусот на свинската инфлуенца се убива на температура на готвење од 160F/70C, а што е во согласност со општите упаства за подготовка на свинско месо и останати видови месо.

Кои држави се зафатени со епидемии кај свињите?

Според Меѓународната организација за здравје на животните, свинската инфлуенца задолжително не се пријавува (OIE, www.oie.int), поради тоа меѓународната дистрибуција кај животните не е добро позната. Болеста се смета за ендемична во САД. Познати се епидемии кај свињи во Северна и Јужна Америка, Европа (вклучувајќи Велика Британија, Шветска и Италија), Африка (Кенија) делови на источна Азија вклучувајќи Кина и Јапонија.

Дали има ризик од пандемија?

Најверојатно најголемиот број на луѓе, посебно тие кои немаат редовен контакт со свињи не се имуни на вирусите на свинската инфлуенца со што би ја превенирале инфекцијата со овие вируси. Во колку свинскиот вирус воспостави ефикасен пренос од човек на човек, може да предизвика пандемија на инфлуенца. Тешко е да се предвиди влијанието на пандемијата предизвикана од ваков вирус: зависи од вирулентноста на вирусот, постоечкиот имунитет кај луѓето, вкрстената заштита од антитела здобиени од инфекција со сезонска инфлуенца и специфичните фактори на домаќинот.

Дали постои вакцин за заштита од свинска инфлуенца?

Нема вакцина кои го содрживирусот на свинска инфлуенца која тековно предизвикува болест кај луѓето. Не се знае дали тековната вакцина против сезонска инфлуенца може да обезбеди некаква заштита. Вирусот на инфлуенца се менува бргу. Многу е важно да се подготви вакцина против типот на вирусот кој сега циркулира со цел да се овозможи максимална заштита кај вакцинираното население. Поради тоа СЗО има потреба до пристап на колку што е можно повеќе вируси за да ги селектира најсоодветните кандидати за вакциналниот вирус.

Кои лекови се на располагање за лекување?

Постојат две групи на овие лекови:

1. адамантани (амантадине и ремантадине)

и

1. инхибитори на неураминидаза (оселтамивир и занамивир).



Најголемиот дел од предходно пријвените случаи на свинска инфлуенца целосно оздравеа од болеста без потреба од медицинска нега и без антивируси лекови.

Некои од вирусите на инфлуенца развиваат отпорност кон антивирусните лекови, со што ја ограничуваат ефективноста на лекувањето. Вирусите добиени од неодамнешните случаи на заболени луѓе предизвикани од свинска инфлуенца во САД беа чувствителни на остелатмивир и занамивир но резистентни на амантадине и ремантадине.

Не се доволни информациите за да се препорача употреба на антивирусни лекови во лекувањето на инфекциите со свинска инфлуенца. Лекарите треба да донесат одлука заснована на клиничката и епидемиолошката проценка и штетите и предностите на лекувањето на пациентите[2]. За тековната епидемија на инфекција со свинска инфлуенца во САД и Мексико, на националните и локалните власти им се препорачува да користат оселтамивир или занамивир за лекување на болеста засновано на профилот на осетливост на вирусот.

Што треба да направам ако сум во редовен контакт со свињи?

Иако нема јасни показатели дека тековно заболените луѓе со свинска инфлуенца се поврзани со неодамнешната појава на болест случна на инфлуенцата кај свињите, се советува да се намалат контактите со болни свињи и да се пријават овие животни до соодветните власти одговорни за здравје на животните.

Најголемиот број луѓе се инфицираат со продолжен, близок контакт со инфицирани свињи. Добрата хигиена е основна при секој контакт со животни а посебно е важна во тек на колењето и ракувањето со местото по самото колење со цел да се се превенира изложеност на агенси кои предизвикуваат болести. Болните животни и животните кои умреле од болест не треба да се вклучат во процедурите за колење. Следете ги понатамошните совети од релевантните национални власти.

Не е евидентирано дека свинската инфлуенца може да се пренесе на луѓето преку јадење на соодветно подготвено и зготвено свинско (свинско месо) или пак други производи од свињи. Вирусот на свинската инфлуенца се убива на температура на готвење од 160F/70C, а што е во согласност со општите упаства за подготовка на свинско месо и останати видови месо.

Како можам да се заштитам од заразување со свинската инфлуенца од инфицирани луѓе?

Во минатото, инфекцијата кај луѓето со свинска инфлуенца генерално била лесно заболување но познато е дека предизвикала случаи на сериозна болест како што е воспаление на белите дробови. Меѓутоа, при тековнава епидемија во САД и Мексико, клиничката слика е различна. Ниту еден од потврдените случаи во САД имаат сериозна клинична слика на болеста и пациентите се опоравуаат од болеста без да им е потребна медицинска нега. Во Мексико, кај некои пациенти е известено за тешка форма на болеста.

За да се заштитите, спроведувајте ги општите превентивни мерки за инфлуенца:

- Избегнувајте близок контакт со луѓе кои изгледаат болно и кои имаат треска и кашлаат.

- Често и темелно мијте ги рацете со сапун и вода.

- Применувајте добри здравствени навики, вклучувајќи спиење, јадење на храна со добар нутритивен статус и бидете физички активни.

Ако имате дома болно лице:

- Обидете се да обезбедите болното лице да е во одделен дел од куќата. Ако тоа не е можно, пациентот нека биде најмалку 1 метар оддалечен од останатите.

- Покријте ја устата и носот кога се грижите за болното лице. Маските можат да комерцијално да се купат или пак направете ги од расположливи материјали во домаќинството се доколку истите можат да се отстранат по употреба или пак соодветно да се чистат.

- Темелно мијте ги рацете со сапун и вода по секој контакт со болното лице.

- Обидете се да го подобрите циркулирањето на воздухот во просторот каде престојува болното лице. Користете врати и прозор за да го искористите провевот.

- Одржувајте ја средината чиста со употреба на постоечките сретства за чистење во домаќинствата.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:08 am

Што мислите за грипот? Потребно е да се крева толку прашања?

Како се заштитувате, искажете го своето мислење, сигурно би имале доста за зборување...
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:14 am

Не е потребна паника. Свинскиов грип е ГРИП во потешка форма, а оние смртни случаи кои се јавиле вон нашиве граници се од оние кои си превзеле одговорност за лечење на своја рака, без да посетат лекар или пак биле имунолошки многу слаби и се појавиле компликации.
Мислам дека нема потреба од паника, ниту пак ученици да ставаат маски, мислејќи дека се во мода, затоа што по скопскиве улици гледам само ученици со макси. Кажаа дека нема потреба од маски, многу неправилно се употребуваат кај корисниците, па затоа контрапродуктивен ефект се постигнува.
Советот е јасен - хигиена на ниво, избегнување на масовни собири и да не се крева паника.
Вратете се на почетокот Go down
Missy
Топ постер
Топ постер
Missy


Female Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1186
Birthday : 1989-11-02
Age : 34
Registration date : 2009-07-28

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:20 am

Мене не ми е многу страв од една страна за мене затоа што сезонски грип имам прележано повеќе пати, меѓутоа од друга страна во фамилијата имам луѓе со дијабет и заради нив ми е повеќе страв.
Искрено мислам дека се претерува со ова и баш пред малку на ТВ кажаа дека со несење маски повеќе можи да се зарази некој отколку без нив. Дека ако маската е заразена од надворешната страна со самото допирање на истата можи да се зарази човекот и така сега за сега решив да не носам маска. За други мерки јас гледам да не одам многу на места со повеќе луѓе со исклучок на факултет оти морам, потоа зголемена хигиена и почнав да пијам повеќе витамини. Сега за сега тоа
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:21 am

Да, и јас не знам зошто околу сево ова се крева паника, да можеби ако има пандемија не би требало да одиме на школо, но не значи масовно да им се качиме на глава на професорите и да не одиме на школо. Иначе јас не сум уплашен, кај мен дома тотално се грижат за мене и сестра ми (хахаха) Свински грип 24632 Свински грип 24632 пијам Ц-витамини, секој ден ми прават природни сокови Свински грип 24632 , а и ги почитувам правилата кои денес ни ги прочитаа на школо, пред се‘, миење раце, не секогаш фаќање на лице, гргарење во устата со жешка вода+сол и сл, затоа што дознав дека тоа имало ист ефект како и вакцината тамифлу.

А за смртноста верувам дека нема да влијае кај секого, туку за оние хронично болните или пак оние кои се многу итри и не им е гајле за болеста туку си тераат по свое и не се ниту баш заштитени околу сето тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Missy
Топ постер
Топ постер
Missy


Female Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1186
Birthday : 1989-11-02
Age : 34
Registration date : 2009-07-28

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:30 am

Мислам дека е глупост сето тоа да не се оди на училиште. Пред 1 година кога имаше заушки во некои училишта беше прекината наставата и сите се собираа по кафиќи и пак исто се ширеше заразата. И јас не сакам да учам ама во секој случај ако не се учи сега или ќе се кратат распустите на пример да има само 10 дена зимски, а не 18-21 исто и летниот или пак ќе се учат саботите што е многу полошо
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 12, 2009 2:42 am

Сигурна сум дека хигиената во Македонија и хигиената во Канада не можат да се споредуваат зошто се светлосни години различни(хигиена на јавни места).Во школо што се вика почисто од дома ми е.Јас тука прв пат видов сензатори за раце и ги има на секој чекор дури и во автобус ги има нив и секој во тачна ги има,што во македонија(бар јас додека бев) тоа беше апстрактна именка за нас.Тука здравството е комплетно бесплатно(и најтешка операција да имаш ништо нема да платиш) и сите редовно одат на прегледи.
Најдобра превентива е секое сабајле по една лажица мед на гладно срце и што повеке витамини во текот на денот,поготово витамин ц во многу големи количини.Медот го јакне имунитетот и го штити од зарази.
Вчера слушнав дека во Македонија во скоро се очекува секој трет да биде болен од вирусов,но не верувам...ако се заштитиш и ако си гледаш за свое здравје,тешко дека ке те фати нешто
Вратете се на почетокот Go down
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 3:20 am

Дефинитивно на погрешен начин е протолкувано предупредувањето за поголема хигиена.Болеста може да се појави само доколку имате било каков контакт со заболено лице,најчесто допир,а притоа не водите хигиена.Доколку општата хигиена е
причина за свинскиот грип,тоа ќе се случеше многу одамна,уште пред да се прогласи пандемијата.Секако,тоа не значи дека не треба да се води основна и хигиена на повисоко ниво,напротив,токму поради непочитувањето на основните хигиенски правила се создаваат многу бактерии,кои понатака еволуираат во болести.
Што се однесува до маските,без разлика дали се потребни,немам ништо против нив,во секој случај е превентивно.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 1:33 pm

Ana-Marija напиша:
Вчера слушнав дека во Македонија во скоро се очекува секој трет да биде болен од вирусов,но не верувам...ако се заштитиш и ако си гледаш за свое здравје,тешко дека ке те фати нешто

Кај го слушна ова жити се? Свински грип 24632 Свински грип 24632 како прво Македонија е земја на балканов која засега најдобро се држи далеку од вирусот, затоа што ако ги споредиш бројките во Србија на заболени со оние кај нас, ке ти падне смешно што некој носат маски на устата, немаме ни еден критичен случај, а тие што биле болни брзо ги лечат и ги праќаат дома
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
solange
Топ постер
Топ постер
solange


Male Број на мислења : 4033
Registration date : 2008-08-19

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 1:56 pm

Па пишуваше во дневни весници,иако ситуацијата засега е ок,ништо алармантно.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeНед Ное 15, 2009 2:02 pm

Ма они само прават паника колку да им се купи весникот, на телевизија не кажале ништо такво
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
iva_macedonia
Топ постер
Топ постер
iva_macedonia


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1193
Birthday : 1994-07-26
Age : 29
Location : Пробиштип
Registration date : 2009-03-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeСре Ное 18, 2009 8:09 pm

И во Македонија првиот смртен случај од свински грип Свински грип 165556
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeСре Ное 18, 2009 8:12 pm

Да? не сум слушнал
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
solange
Топ постер
Топ постер
solange


Male Број на мислења : 4033
Registration date : 2008-08-19

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeСре Ное 18, 2009 8:14 pm

=0 И јас сега слушам
Вратете се на почетокот Go down
iva_macedonia
Топ постер
Топ постер
iva_macedonia


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1193
Birthday : 1994-07-26
Age : 29
Location : Пробиштип
Registration date : 2009-03-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeСре Ное 18, 2009 8:37 pm

Овие од Сител нели кажуваат дека имал смртен случај се по ред и на крај им текна да кажат дека таа вест никој официјално не ја потврдил
Вратете се на почетокот Go down
Tinnie
Нов Член
Нов Член
Tinnie


Број на мислења : 3
Registration date : 2009-08-27

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 19, 2009 1:02 am

да но јас слушнав прееска на а1 дека била потврдена дека 35 годишен човек (така нешо во годините беше.) умрел од свински грип
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeЧет Ное 19, 2009 1:54 am

Да да потврдено е, за жал 35 годишен маж умрел од свински грип, е сега веќе ме фаќа страв!
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 12:08 am

Мене ме фати сезонскиот грип, само да не биде нешто од насловот на темата ама не верувам, имам грло, температура имам до 37 степени, и мала треска, ама не се плашам воопшто затоа што од тие симптоми ги има и обичниот сезонски грип, не знам само зошто во весници пишат дека едни дека не ги има сите симптоми кај сезонки а други кај свински, не знам што да мислам, во нашиот клас 15 деца се од сезонски грип болни така да не се плашам, со добро и домашна нега сигурно би оздравил за една недела максимум, така да ќе ве дружам деновиве почесто на форумот Свински грип 327923
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 12:35 am

Плакнете ја устата со солена вода, сите викаат дека тоа помага во заштитата, иако јас сеуште не сум го направил Свински грип 24632
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 12:39 am

Chris напиша:
Плакнете ја устата со солена вода, сите викаат дека тоа помага во заштитата, иако јас сеуште не сум го направил Свински грип 24632

Направено ми е тоа уште многу одамна, пробав 2/3 пати ама ептен гнасно е, + треба и да гргариш не само да ја исплакнеш устата Свински грип 462314 Инаку слушнав дека тоа бил поеднаков лек како и тамифлу, инекцијата за свински грип.
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 2:02 am

Леле јас не сакам инекција, а слушнав дека ке треба да ставаме Свински грип 954560
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 2:17 am

Не бе, каква инекција, не сфаќам каква е таа инекција?
Освен демек вакцина, друга заштита нема за грипов.
И Боби, нормално дека ти е сезонски грип, како што свински нема во Кавадарци. А човекот што умре, Бог да го прости, умре поради дополнителни проблеми со здравјето, не ми текнува точно дали имал проблеми со срцето или дишните патишта што дополнитлено ја компликувало ситуацијата. А како што чув, сите заразени од свински грип во главно се лечат со истите мерки како и за сезонки грип (значи во главно домашна нега).


Последната промена е направена од Beauty на Пет Ное 20, 2009 2:19 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Ana-Marija
Модератор
Модератор
Ana-Marija


Female Zodiac : Virgo Број на мислења : 1477
Birthday : 1993-09-21
Age : 30
Location : Canada
Registration date : 2008-09-08

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПет Ное 20, 2009 2:19 am

Chris напиша:
Леле јас не сакам инекција, а слушнав дека ке треба да ставаме Свински грип 954560

Ти е страв? Свински грип 24632
Вратете се на почетокот Go down
Missy
Топ постер
Топ постер
Missy


Female Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1186
Birthday : 1989-11-02
Age : 34
Registration date : 2009-07-28

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПон Дек 07, 2009 8:33 pm

Е сега поприлично ме фаќа страв по сите смртни случаи Свински грип 836475 . Посебно затоа што почна да ме боли грлото ама дури не се појават и други симптоми не треба да правам ни испитувања ни антибиотици да земам оти можи да не е ништо, сепак не бев во никаков контакт со заразена личност...
Вратете се на почетокот Go down
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitimeПон Дек 07, 2009 8:39 pm

Секој си кажува дека не бил во контакт со заразена личност. Не дека те заплашувам, али многу пати несвесно сме во директен или индиректен контакт со таква личност, доволно е да отидеш до продавница, дискотека, школо, автобус, маркет. Сигурно вирус не е само ако се пренесува преку уста или муабет со некој.
Денес 7 жртва од грипот и денешниот случај е најзастрашувачки затоа што човекот немал никакви претходни хронични заболувања или комликации како што беше случајот со рпетходните умрени лица.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Свински грип Empty
ПишувањеПредмет: Re: Свински грип   Свински грип I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Свински грип
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Оф Топик-
Отиди до: