Раскинати прегратки е филм на Педро Алмодовар снимен во 2009 година, а сместен во 1990-те и сегашноста. Филмот е сниман во стилот на американските филм ноар филмови од 1950-те. Во филмот глумат Анхела Молина, Лола Дуењас и Пенелопе Круз, актерки кои често се појавуваат во филмовите на Алмодовар.
Филмот е прифатен во официјалната селекција за Канскиот филмски фестивал 2009 и ќе се бори за престижната Златна палма.
Синопсис:
Еден човек пишува, живее и љуби во темнина. Пред 14 години доживеа тешка сообраќајна несреќа на островот Лансароте. Во таа несреќа не само што го загуби видот, туку и жената на неговиот живот, Лена.
Овој човек користи две имиња: Хари Кејн, псевдоним со кој ги потпишува своите книжевни дела, приказни и сценарија, и Матео Бланко, име кое го користи во вистинскиот негов живот и со кое ги потпишува филмовите што ги режира. По несреќата тој решава да го користи само псевдонимот Хари Кејн. Помислата дека не може да режира филмови го наведува на идејата дека Матео Бланко умрел во Лансароте заедно со љубената Лена.
Во сегашноста, Хари Кејн живее благодарение на сценаријата што ги пишува и со помошта на неговата верна пријателка и продуцентка Џудит Гарсија, и на Диего, синот на Џудит, кој е секретар, меканограф и кој му помага да се движи.
Откако одлучи да живее и да раскажува приказни, Хари е активен и атрактивен слеп човек, кој ги развил сите други сетила за да ужива во животот, врз база на иронија и самонанесена амнезија. Од својата биографија целосно го избришал неговиот претходен идентитет, Матео Бланко.
Една вечер, на Диего му се слошува и Хари се грижи за него (додека Џудит е надвор од Мадрид и решаваат да не ја загрижуваат). Уште првите ноќи од закпренувањето, Диего го прашува за времето кога тој се викал Матео Бланко. Хари решава да му раскаже за настаните пред 14 години со намера да го забавува, како што еден татко му раскажува приказна на синот пред да заспие.
Приказната на Матео, Лена, Џудит и Ернесто Мартел е приказна за една „луда љубов“, која фаталноста, љубомората, неверноста и грижата на совест ја доминираат. Една ужасна и емотивна љубовна приказна која најдобро може да се отслика во слика на двајца љубовници прегрнати, раскината на илјада парчиња.
Трејлер:
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Денеска го гледав овој сјаен филм. Едвај чекав да излезе ДВДРип и ја дочекав. Филмот е навистина едно ремек-дело, и покрај тоа што само еден изгледан филм од Педро Алмодовар „Volver“, не ми се допадна, овој ми беше сосема спротивен. Приказната е навистина предоба, на моменти збунувачка, но се‘ се разјаснува со текот на дејството. Актерите се навистина предобро одбрани, Пенелопе Круз ја игра сјајната Лена, посебно сцената ми се допадна кога имаше секс со тој старецот и кога падна од скалите... фантастично!
Исто така глуми и Раул од Серанови :))...
Препорака до сите обожаватели на шпанската кинематографија, и мислам дека номинацијата за Оскар за најдобар странски филм од Шпанија ќе биде помеѓу овој и Agora na Алехандро Аменабар.
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Баш ми е мило што ти се допадна. Јас ќе си го ископирам коментарот од претходната тема... :)
Знаев дека вредеше да се чека филмот. Ова е 12-ти негов филм што го гледам, знаев дека нема да ме разочара, но навистина човекот е во секој филм се` подобар (освен La Mala Educación што малку ме разочара). Филмот е фантастичен. Не му е најдобар, јас за најдобри му го сметам Todo sobre mi madre и Volver, но имајќи предвид дека намерно сакал да се оддалечи од „женските“ филмови, овој му е полн погодок, слично како постарите негови трилери/драми Carne Trémula и Matador. Одлично сценарио, првокласни глумци, режија генијална, слика беспрекорна.
Му држам прсти барем за номинација за Оскар за најдобар странски филм.