Идентитетот на мумиите и причината за нивната смрт секогаш била една од најголемите мистерии во светот. Научниците и археолозите стотина години пробуваат да влезат во тајниот свет на мумиите. Но два тима начници од Њујорк и Сиднеј со помош на CT скенирањето на две мумии успеаа да го откријат идентитетот и изгледот на одамна умрените Еѓипчани. Една мумија стара е 2000 години и припаѓа на табанскиот принц, додека другата позлатената,припаѓа на момчето по име Хорус.
„Хорус долго време се сметаше за девојче, а дури револуционарните снимки открија дека се работи за момче „Наскоро ќе можеме да ги дознаеме причините за нивната смрт, што е голем напредок во науката и медицината„ - изјави Др. Маргарет Стјуард.една од научниците од тимот од Сиднеј.
„Она кое е најинтересно е дека сите коски се останати сочувани,дури и најситните во внатрешниот дел на увото. Вчудоневидена сум од вештината на зачувувањето на телата кои го користеле старите Еѓипчани, бидејќи денес не постои некој начин кој би го надминал египетското мумуфицирање на умрените„-додаде Стјуард.
Научниците додадоа дека најверојатно се работи за дете од богата фамилија бидејќи скелетот е во злато.
Втората мумија припаѓа на кралскиот син,принцот од Теба кој 1850 година на сиднејскиот музеј му ја подари Сир Чарлс Николсон,колекционер и некогашен управител на Сиднејскиот Универзитет.
Методата на мумуфицирањето,која потекнува од периодот на првите три староегипедски династии,се состои во завиткување на телата со завој,кои во подоцнежниот период го натопувале во смола.Во текот на четвртата династија се преактикува вадење на органите кои требале да го оневозможат распаѓањето на телото.
Во текот на вториот милениум п.н.е се ваделе сите органи освен срцето и бубрезите, а мозокот се извлекувал преку носот со специјална метална алатка во вид на кука. Телото потоа се ставало во раствор од готварска сол после тоа се сушело и се полнело со мирисна смола и зачини. Овој процес траел 40 дена,а завршувал со замотување во завои.
Во стариот Египет на ист начин како и луѓето се мумуфицирале и животните. Најчесто тоа биле мачки,мајмуни,ибиси и крокодили,кои ги сметале за свети животни.