Популарната Интернет страницата Твитер е блиску до затворање на уште еден круг од потрагата по средства, со кои би се зголемила вредноста на компанијата на милијарда долари, објави Интернет порталот кој е специјализиран за технолошки новини,Теч Крунч.Твитер е Интернет страница за забава и дружење, која се базира на разменување на кратки пораки. Од компанијата планираат да соберат 50 милиони долари за кои извршниот директор, Еван Вилијамс веќе ги известил вработените, пишува во ТечКрунч, повикуваќи се на неименувани извори.
Со сличен круг на собирање на средства кои ги водеше Бенчмарк Капитол, вредноста на Твитер во февруари достигна до 250 милиони долари, пишува ТечКруч.
Според податоците на компанијата за интернет истражувања, комСкор, бројот на посетители на Твитер во јуни достигнал до 44,5 милиони, што е за 15 пати поголем од истиот месец во минатата година.
„Кога нешто како Твитер и Фејсбук ќе станат културни феномени,нивната вредност ги надминува поединечните бројки и прераснуваат во културолошка промена“, изјави Салил Дешпанд, генерален партнер на компанијата за инвестиции „Бај партнерс“, и појасни дека како што расте влијанието на тие сајтови, така расте и нивната вредност.
Извор:
А1Следете го Твитер профилот на ТВ-форумот!