Најдобрата американската компанија за забава "Волт Дизни" соопшти дека за околу четири милијарди долари во акции и готовина ја купи фирмата Марвел етертејмент. А, тоа значи и плус околу 5.000 јунаци од стрипови, цртани и тв-филмови за новите проекти на компанијата Дизни.
Меѓу најпознатите ликови на Марвел се Спајдермен, Железниот човек, Капетан Америка, Икс-мен, Страшниот Халк и други.
"Дизни ќе биде одличен дом за големата библиотека на јунаците на Марвел кои ќе ги прошират своите бизнис можности во облик на продажба на лиценци. Ова е единствена можност за Марвел да ја зголеми вредноста на својот бренд и да ги внесе своите јунаци во огромниот комплекс што го овозможува инфраструктурата на Дизни ширум светот", изјави генералниот директор на Марвел, Ајк Перлмутер.