Пред една година почина хрватскиот крал на фанкот – Дино Дворник, а по тој повод неговата сопруга Данијела и ќерката Ела го посетија неговото вечно почивалиште, каде положија свежо цвеќе.
Годината помина мошне брзо, како еден ден – вели Данијела, која со оглед на тоа што во Хрватска постојано се пуштаат песните на Дино, има чувство дека тој е постојано тука, покрај неа...
Во гласот го чувствувам неговиот дух, а во мислите е со мене – дополнува Данијела.
Легендарниот музичар, познат по хитовите: Јаче манијаче, Зашто правиш слона од мене, Ти си ми у мислима, Љубав се зове именом твојим... почина лани во 45-та година од животот во својот стан во Загреб, како последица на предозираност од апчиња за смирување и антидепресиви.
Во чест на Дино, Данијела направи тетоважа – срце, во кое се тие двајца, под кое пишува: Ти си ми ви мислите.