Српските медиуми пренесоа дека Мадона добила хонорар од 2.1 милиона евра за концертот во Белград, што е помалку од ланскиот концерт во Будва кога заработи 3.3 милиони евра.
Во нејзиниот хонорар е вклучена и целата продукција што доаѓа со неа, односно опрема во 90 шлепери и 250 луѓе што се грижат за местење и работење со сцената. Ланскиот дел од оваа турнеја на Мадона и донесе заработувачка од 223 милиони евра, а годинава заработи 90 милиони.
Според хонорарот, ова е најскап концерт во Србија, а следуваат Еј-си Ди-си со 1.7 милион, Ролинг стоунс со 1.6 милион, Ред хот чили пеперс со хонорар од 1.2 милион, Полис со 1.2 милион, Лучано Павароти со 560.000 евра, Металика со 400.000, Ајрон мејден со 300.000 евра, Мјуз со 150.000 евра и Кајзер чифс со 100.000 евра.