Режисерот Игор Стоименов неодамна го заврши снимањето на документарниот филм Dugme koje spaja i razdvaja (Копче што спојува и раздвојува), кој се занимава со феноменот на Бијело дугме. Филмот е базиран на епизодите од серијалот Робна куќа (Стоковна куќа), кои им се посветени на популарните Бијело дугме, а како учесници кои зборуваат во документарецот се издвојуваат: Горан Бреговиќ, Зоран Реџиќ, Неле Карајлиќ, Душан Ковачевиќ, Неда Арнериќ, Срѓан Карановиќ, Саша Лошиќ...
Режисерот Стоименов најавува дека филмот ќе биде прикажан на неколку меѓународни филмски фестивали, и истакнува дека Дугме претставува еден од најголемите екс-ЈУ феномени, кој за 15 години постоење (1974-1989) мина трнлив пат од рок-бенд до политичка партија.
За потребите на документарецот беа интервјуирани над 300 личности, што беше мошне комплициран потфат...
Требаше са се смират суетите, да се спојат луѓето кои не зборуваат едни со други, кои од пријатели станаа непријатели... Сепак, благодарение на нашите врски и пријателства, успеавме да го снимиме материјалот – вели Игор Стоименов, кој заедно со Зоран Пањковиќ го напиша сценариото.
Од серијалот Робна куќа, кој наскоро ќе биде емитуван долж целиот екс-ЈУ простор, се издвојуваат три целини: Partizanski film, Dugme koje spaja i razdvaja и Novi talas.